Заби и сѐ во врска со забите

Член од
7 март 2005
Мислења
131
Поени од реакции
2
A i use nesto da napomenam deka mnogu e bitna higienata na zabite dodeka se nosi poso i samoto zelezo gi iritira nepcata, a i mnogu hrana se zakacuva za niv.
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Оралниот секс ги чува забите на жените!

Покрај многуте други благодети кои сексот му ги пружа на човекот, оралниот секс ги штити забите на жените.

Новото истражување покажало дека сексот ја смалува прекумерната тежина, благотворен е за крвниот систем, ослободува од стресот, го зголемува имунитетот...

Но, исто така се покажало дека машкото семе е богато со минералите калциум и цинк и го спречуваат расипувањето на забите.

Иако порталот MSNBC не сакал да влегува во деталната примена на семето за зачувување на забите, истакнале дека после орален секс пожелно е да се исперат забите.​
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Миењето заби може да предизвика епилепсија

Миењето заби може да предизвика епилепсија, тврдат експертите од Универзитетот во Мелбурн.

Со проучување на снимките на главата на три лица кај кои се појавила епилепсија по миењето заби, утврдени се мали оштетувања во делот на мозокот кој се наоѓа во близина на центарот за говор и движење на рацете.

Според австралиските експерти, со ритмичките движење при миењето заби може да се надразнат веќе надразнетите области во мозокот. Тие наведуваат дека тоа е слично на фотосензитивна епилепсија која настапува поради дејство на светлина која забрзано се вклучува и гасне, како и по гледањето слики кои брзо се менуваат.

Кај едниот пациент нападите на епилепсија предизвикани со миење заби се регулирани со лекови, кај другиот со хирушка интервенција, додека кај третиот не прекинале покрај применетото лекување.
Извор: МИА
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
Порцелански фиксни протетски изработки

Порцеланските маси кои се употребуваат во стоматологијата претставуваат мешавина на неколку минерали (кварц, фелдспат и каолин) во форма/сооднос кој им дава потребни механички и естетски својства за нивната употреба во стоматологијата.

Порцеланските изработки (коронки, мостови, фасети) ги имаат следните добри особини:

Врвен квалитет во изгледот- при што добиената боја, нијансирање, провидност, форма, и структура е најблиска со таа на природните заби. На овој начин порцеланските изработки најлесно естетски се вклопуваат во изгледот и практично се незабележителни.

Хемиска постојаност во устата - порцеланските маси не стапуваат во хемиски реакции со плунката, забите, пломбите или други метални конструкции во устата, ниту со храната која се внесува. На овој начин тие ја задржуваат својата функција и изглед многу подолго, и функционираат подобро.

Индиферентен однос кон гингивата - Порцеланските маси не ги дразнат непцата со што се продолжува нивниот век на носење. Нивната биолошка компатибилност, ускладеност го олеснува прифаќањето на овие изработки од страна на организмот.

Полесно одржување - Површината на порцеланските изработки е стаклесто мазна со што на нив помалку се задржуват наслаги (Сепак одржувањето на редовна хигиената е важна за продолжување на нивниот век на употреба)

Мала спроводливост на топлина -со што индиректно се штити забната пулпа од топлинските промени ( топло, ладно ) во усната празнина.

Иако имаат одлични својства, овие изработки не се совршени. Нивни недостатоци се:

Изработката на порцеланските мостови и коронки е посложена – а со тоа е и поскапа

Овие изработки имаат голема тврдина поради што изостанува физиолошката абразија на фасетираната џвакална површина.

Порцеланските маси имаат мала еластичност поради што треба да се внимава да не дојде до пукање на материјалот – потребна е грижа од страна на пациентот.

Во случај на оштетување потешко е да се изврши поправка на порцеланските изработки.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
Aмалгамски пломби

Сребрениот амалгам претставува еден од најдолго употребуваните материјали за изработка на пломби.

Уште од самите почетоци на употребата на амалгамот во стоматологијата, за неговата наводна штетност се води жестока дебата. Фактот што во амалгамот во голем процент се содржи и живата, која има докажано штетно дејство по здравјето, за некои е доволна причина употребата на амалгамот да биде забранета. Други пак потенцираат дека количеството на жива кое се прима од пломбите во споредба со тоа кое се внесува секојдневно со храната е минимално, па за некакво труење со жива од амалгамските пломби не може да стане збор. За градење на информиран став во врска со амалгамот и неговата употреба, потребно е знаење за неговите предности и недостатоци, што е и целта на овој текст.

Што е амалгамот?
Амалгамот по дефиниција претставува легура на живата со друг метал. Сребрениот амалгам кој се користи во стоматологијата содржи (покрај живата) сребро, калај, бакар и цинк.

Видови на амалгам:

Амалгам со мала содржина на бакар (класичен, конвенционален)
Овој тип на амалгам се состои од 60% сребро, 29% калај,<6% бакар и <2% Цинк.
Амалгам со висока содржина на бакар (нова генерација, без Гама-2 фаза). Овој тип на амалгам се состои од 40% - 70% сребро, 12% - 30% калај, 12% - 30% бакар, до 4% индиум, до 1% цинк и 0,5% паладиум. Овој тип на амалгам беше развиен во 1962 година со цел за подобрување на својствата на амалгамот, како на пример цврстината, отпорноста кон корозија и сл.

Кои се предностите на амалгамот?

Амaлгамот по својата цврстина е подобар од другите материјали за пломби. Правилно поставена амалгамска пломба (во индицирани услови) е поотпорна на силите на џвакопритисок од другите материјали за плоби.

Амалгамот не делува штетно на забот и на ткивата на устата. Други материјали за забни пломби (како на пример силикатните цементи) делуваат токсично на пулпата на забите.

Изработката на амалгамските пломби е едноставна
Споредена со изработката на пломбите од поновите материјали, изработката на амалгамските е многу поедноставна. Тоа значи дека не е потребна специјална опрема, а со тоа и цената е помала.

Амалгамските пломби се трајни. Правилно изработена амалгамска пломба може да трае и повеќе од десет години, надминувајќи ја неколкупати трајноста на пломбите од другите материјали. Честото менување на плобите покрај тоа што носи ризик од компликации при повторување на интервенцијата, исто така ја зголемува и вкупната цена која треба да се плати за реставрација на забот.

Кои се недостатоците на амалгамот?

Амалгамот испушта живини пари. Овој недостаток самиот по себе е доволен да се преиспита употребата на амалгамот и да се поддржи потрагата по материјал кој би го заменил. Живата во организмот се таложи во бубрезите и мозокот и предизвикува тешки оштетувања.
Олеснителна околност е што ова испарување на живата се случува најмногу кога пломбата се поставува (додека се стврдне) или вади, а додека во останатиот период, тоа е минимално. Сепак, употребата на амалгамот кај бремени жени и жени кои дојат треба да се избегнува.

Амалгамот естетски не задоволува. Сребрениот метален сјај на амалгамот, а и потемнувањето по подолго стоење во устата не одат во прилог на естетиката на овој материјал, и затоа неговата употреба е ограничена на пломби кои се надвор од „линијата на насмевката“- оние кои нормално не се гледаат при зборувањето и смеењето

Амалгамот има метален карактер. Во случаи кога во устата се наоѓаат протетски конструкции и од други материјали, со оглед на тоа дека се потопени во плунката, може да се јави галванска струја: а тоа значи метален вкус во устата, а некогаш и печење и слаби болки.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
Имплантација на заби

Што е имплантација?



Имплантација односно всадување на заби е еден од начините за решавање на проблемот на изгубените трајни заби. Во основа, тоа е хируршка постапка со која се врши всадување на специјално колче (метално или керамичко) во коската на вилицита на местото на изгубениот заб. Ова колче ја врши улогата што ја има коренот на забот и на него подоцна се изработува коронка или се користи за прицврстување на мост или протеза.



Кои се предностите на имплантацијата?

Овој начин за надоместување на изгубените заби за многу пациенти е метод на избор затоа што по зараснувањето на коската околу имплантатот, чувството на преносот на притисокот при џвакањето е скоро како кај природните заби.

Исто така и естетскиот елемент е на високо ниво со што, покрај воспоставувањето на изгубената функција, се враќа и изгледот на пациентот.

Во кои случаи е можна имплантацијата?

Со оглед на тоа дека се работи за хируршка операција која најчесто се одвива во две фази, имплантацијата е препорачлива само кај пациенти во добра општа здравствена состојба.

Пред изведувањето на операцијата се вршат детални прегледи на општата здравствена состојба, се санираат евентуално другите заболувања во устата (кариес, периодонтални болести) и се вршат испитувања со цел да се утврди дали виличната коска може да биде подложена на ваков третман.

Исто така, кај пациенти кои имаат склоност кон болести на меките ткива на устата - дијабетичари, пушачи, се потребни внимателни испитувања пред да се одлучи за изведување на оваа постапка. Кај болните со сериозни срцеви заболувања како и кај оние со склоност кон крварење, коскени заболувања и пациенти подложни на некои лекарства, дроги и алкохол не можат да се применат имплантите.

Грижата за имплантите бара беспрекорна хигиена, четкање на забите после секое јадење, користење на забен конец и испирање со водичка за уста. Ова е важно за да се одржи во добра здравствена состојба ткивото кое ги држи имплантите прицврстени а со тоа и да се продолжи векот на нивната употреба.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
Забни протези
тотални протези




Забните протези се мобилни (подвижни) стоматолошки изработки кои надокнадуваат еден или повеќе изгубени заби.

Поделба на забните протези

Според тоа дали во устата има природни заби или протезите ги надокнадуваат сите заби, протезите можат да бидат:

делумни (парцијални)
целосни (тотални)

Според материјалот од кој се изработени, протезите се делат на:

класични (целосно акрилатни) - како на сликата погоре
скелетирани (визил, Wisil)

Класичните протези се изработени целосно од акрилатен полимер (вид на медицинска пластика) а скелетираните имаат и метален слекет од легура на хром-кобалт-молибден кој им дава цврстина и еластичност. Во одредени случаи овој скелет помага и дел од притисокот при џвакањето да се распореди на преостанатите заби, преку специјално изработени врски (атечмени).
 

LoveAshlee

I dont have a plan..thats the point
Член од
27 мај 2007
Мислења
475
Поени од реакции
2
Hmmm odlichna tema ... Bravo .. Bash me interesirashe ova , sepak zabite se edni od rabotite za koi treba da se vnimava i da se chuvaat :) Bez zabi nisho ne praime ...
Samo sakam da znam ... Dali za stavanje koronski plombi od porcelan treba da se ima nad 18 godini ? Bidejki taka mi rekoa nekolku doktori ,,bidejki vilicata se uformuvala do 18godina , taka da ako se stavat porano mozhe da ima i nekoj poremetuvanje ..

Off topic : Se izvinuvam za fontov:(
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Dali za stavanje koronski plombi
Сигурно не се работи за пломби.

Ако мислиш на коронки во крајни случаи ако има потреба во фронт може да се постават мислам.

Инаку треба да се остави да се дооформи коската до крај за да не дојде до несакани модификации.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
241
Поени од реакции
5
Фини и исцрпни информации а највеќе ми се допадна тоа што си го пишала за амалгамот и околу фамата за штетното дејство кое и не е толку големо туку го напумпаа некои фармацевтски куќи за да ги промовираат композитните пломби кои имаат само подобар естетски момент а амалгамот е често пати по подобен за некои случаи
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
Hmmm odlichna tema ... Bravo .. Bash me interesirashe ova , sepak zabite se edni od rabotite za koi treba da se vnimava i da se chuvaat :) Bez zabi nisho ne praime ...
Samo sakam da znam ... Dali za stavanje koronski plombi od porcelan treba da se ima nad 18 godini ? Bidejki taka mi rekoa nekolku doktori ,,bidejki vilicata se uformuvala do 18godina , taka da ako se stavat porano mozhe da ima i nekoj poremetuvanje ..

Off topic : Se izvinuvam za fontov:(

Апсолутно да, бидејќи сеуште целото тело се оформува а со тоа и забите. Најдобро е да се почека не се губи ништо од убавината, не само 18 добро е да се направи и некаде околу 20година од животот.

За убавите ништа никогаш не едоцна нели?:smir:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Леле, кај цела фамилија ми се стоматолози, темава сега кога ја видов - :nesvest:.
Шала на страна, добра тема, може да се научи нешто повеќе, да не се изрезили некој од нас кога ќе отиде на забар или да се случи забарот да го излаже. :):):)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
За пломбирањето и пломбите...

Пломбирањето претставува микро-хируршки третман за најчестата болест на забите – кариесот. Оваа постапка се состои во целосно отстранување на заболениот дел од структурата на забот и реставрирање на формата, изгледот и функцијата на забот со поставување на материјал кој најблиску одговара на карактеристиките на забните ткива (поставување на т.н. пломба) Постојат повеќе типови на материјали кои се користат за пломбирање на забите – од најстаро употребуваните : златото и сребрениот амалгам, па до најновите – композитите, глас-јономерите и порцеланот.

Намената на пломбите е да го надоместат делот од забната коронка кој е изгубен – најчесто како резултат на кариес а исто така и во случај на траума на забот (кршење на заб) или за подобрување на изгледот на некој заб (маскирање на дефекти, корекција на форма и сл.)

Најшироко употребувани материјали во моментот се композитите, кои претставуваат полимери во кои има над 80% различни минерални честички. Според типот на овие честички, нивната големина и структура како и типот на полимерот се разликуваат голем број различни композити чија најголема предност е одличната естетика и можноста за директно сврзување на забот (т.н. бондирање).

Друга група на современи пломби се глас-јономерните пломби кои имаат се поголема употреба поради нивната био-активна природа. Овие материјали хемиски се врзуваат со забната структура, имаат добри физички својства и имаат способност да делуваат заштитно на забот од расипување поради нивното испуштање на флуориди. Заради ова, овие пломби имаат голема употреба во детската стоматологија, и во сите случаи каде што е потребно да се намали ризикот од кариес.

Ставањето на пломбата започнува со механичко отстранување (состружување) на заболениот дел од забот (во случаи кога причината за пломбата е кариес) Понатаму површината на забот хемиски се чисти и се подготвува за поставување на пломбата. Доколку пломбата се изработува на лице место – во ординацијата, таа следно се поставува во забот и се формира на начин што ќе ја врати изгубената форма на забот. Друг начин на изработување е во лабораторија (порцелански или композитни инлеи) и за ова е потребно да се земе отпечаток од забот (мерка) според која ќе се изработи пломбата и која во следна посета ќе се постави (цементира) на забот.

Кој тип на пломба ќе се постави зависи од многу фактори а главно е прашањето која функција ќе треба да ја исполни пломбата. Во услови на силно џвакање, и голем притисок како кај бочните заби треба да се стави пломба која има голема отпорност и мало трошење (порцеланска, композитна или амалгамска пломба/инлеј) Кај предните заби каде што поважна е естетиката – ќе се стави пломба која изгледа како природните заби (композитна пломба).

Трајноста на пломбите зависи од материјалот од кој се изработени, местото на забот каде што се поставени, од состојбата на забот на кој се поставени и од знаењето и умешноста на лекарот кој ја поставил. Ориентационо - трајноста на пломбите се движи од неколку години до една деценија иако често се среќаваат пломби кои траат и по 15 и 20 години. Кога се зборува за трајноста на пломбите треба да се спомне кои се причинат за менување на некоја пломба. Тоа е најчесто понатамошно расипување на забот во околината на пломбата, кршење на дел пломбата или целосно испаѓање на пломбата, откршување на дел од забот или од естетски причини.

Трошењето на пломбите е појавата на губење на дел од површината на пломбата како резултат на џвакањето и секојдневното користење. Ова е процес низ кој поминуваат и природните заби кои кога ќе изникнат имаат остри рабови а со текот на годините се „измазнуваат“(т.н. атриција) Кај најновите генерации на пломби ова трошење е идентично со тоа на забите и не претставува проблем.

Знаците дека одредена пломба е „попуштена“ можат да бидат видливи со голо око – појава на пукнатини во пломбата, недостаток на дел од пломбата промена на боја или слично – сето ова се работи кои секој може да ги забележи. Постоењето на пукнатина на пломбата е проблем заради тоа што тоа е простор низ кој бактериите од устата можат слободно да продрат во внатрешноста на забот и да предизвикаат воспаление на забниот нерв. Заради ова е потребно редовно одење на контрола кај стоматолог, кој може да ги забележи проблемите многу порано.

Одржувањето на пломбите не се разликува од одржувањето на забите (целта на пломбите е да бидат што е можно понезабележливи и да функционираат како нормалните забни ткива) Редовно четкање на забите, употреба на забен конец и плакнење со течност за уста е препораката за одржување и на забите (а и пломбите).

По ставањето на пломбата, во зависност од материјалот на пломбата понекогаш е потребно одредено време да се избегнува џвакање на страната од вилицата каде што се поставила пломбата – додека кај некои материјали таа страна може веднаш да се користи. Причината за ова е процесот на „стврднување на пломбата“ кој кај одредени материјали трае подолго а кај некои пократко.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Me going to dentist it's like going to HELLL

Он топик
Пломбирањето е добра ствар што помага за кариесот да се излечи ама шо боли еееееее тоа е заебаниот дел
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Што сте се фатиле толку за имплантантите? Ретко кој ги прави кај нас, знам еден страшно добар доктор специјалист по орална и максило- фацијална хирургија и го убедував за други да работи ама несака да се нафати да мести имплантати. Работата е тешка, ризична поради можност за повреда на синуси, нерви и слично, а уште пострашна е можноста за отфрлање на имплантатот од организмот како што би отфрлил и било какво друго трансплантирано тело. А и постапката, страшна е. Се буши во коската, одвратно и непотребно.
Инаку постапката се врши само на фронталните заби, заклучно со 3. Доколку има друг начин да се избегне постапката тогаш тоа е секако подобро решение.

Што е до коронките, односно фиксните надоместоци, нешто што кај нас се обидува да земе замав е безметалната керамика. Ваквите вештачки заби даваат беспрекорна замена на природните, со речиси идентично прекршување на светлината, добивање на проѕирни инцизални рабови и имитирање на секакви пукнатини, пигменти и сличности со природните заби. Чинат околу 200 евра и изгледаат преубаво.

bezmetalna-16.jpg

bezmetalna-26.jpg

bezmetalna-38.jpg

Се додека има можност се наложува користење на фиксни надоместоци поради пред се лошата изработка кај нас на парцијалните протези, а и нелагоднста која постои кај пациентите кои често ја оттурнуваат со јазикот.
Еве некоја слика од визил парцијални протези.
vizil-37.jpg vizil-8404.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom