Заби и сѐ во врска со забите

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Не знаев кај да го поставам прашањево се надевам дека и овде ќе се најт некој шо ќе го видит и со желба и знаење да помогнит:icon_lol:Еве и слика да си објаснам јас пак :pos:

Некогаш ми се случува овие три ко реба шо се(не знам како да ги објаснам поинаку:cautious: ) Да ми потечат/се раздразнат.Прилично болно е ко ќе ги 'чепниш' па затоа не можам да јадам ништо тврдо или онака ептен треба да внимавам да не дојдат во контакт со храната,а то е многу тешко да не речам невозможно.Е сега прашањево од што е можно ова да ми се случува?Можда од тврда храна од нешто го повредвам...или пак од недоволно измиено овошје?(n)Сега се прскам со прополис,ама не помагат....:sick:
Си приметила дали имаш како бели меурчиња по нив?Си пробала со метилинско плаво да ги мачкаш?
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Јас не носев ''ретејнер'' и забите не ми се поместија ни милиметар:)
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 02:15 ---
Јас убаво наведов во првата реченица: се зависи од видот на аномалијата и од степенот на нејзина изразеност. Во одредени случаи се носи, во одредени не. Поздрав.
--- надополнето: 28 ноември 2012 во 00:18 ---
Какво сечење гингива бе шовие не траскајте :) не доаѓа во обзир таква сулида одеја, малку кога се повлекува гингивата забот е преосетлив не сам да сечеш, оди на ортодонт да ти го повлече забот подолу со некоја терапија ако има место, ама ќе треба да носиш мобилен или фиксен апарат
Ај прочити убаво што се зборува во претходните постови, па ти престани да траскаш. Ако е како што вели девојчето, забот целосно изникнат (тоа е субјективно, треба доктор да процени), тогаш каде со апарат ќе го влечеш забот, ќе ја помине оклузалната рамнина (ќе биде подолг од другите). Друго нешто: ти знаеш ли воопште до каде е границата за повлекување на гингива, па да се појави осетливост на забот. Се додека гингивата е минимум до емајлово-цементна граница, осетливост кај здрав заб нема да се јави. И за крај еве клип со конкретен случај каде се врши сечење на гингива и се појавува цела природна корона на забот (видливиот дел од забот во уста). http://www.youtube.com/watch?v=UTpFxEFsXLU

П.С Клипот изгледа малку застрашувачки, но само за еден заб, не е ништо страшно и комплицирано.
 
P

puppete dolly

Гостин
Абе за вадење заб видов како е..страшно..иначе докторкава ми вика ќе ти го спасам забов ова она,почна да буши,осеќав онака нормална болка,и ми вика ова многу длабоко е,сеа ќе ти ставам лекче може малце ќе те боли,напиј се аналгин(искрено леков од кога ми го ставија за умртвување на живец не ме болеше ич,нз дал е добро или лошо),и само на крај ми спомна ќе го вадиме живецот,и одма напраив една фаца и ми вика, не се секирај ич нема да боли..ама од постовиве глеам дека и не е баш така :))

не бе нема врска,ете јас пред две недели вадев живец со анестезија па не осетив ништо.Се уплашив само кога го зеде тој инструментот(јас чечкалица си го викам) и само прочепка и тааак го тргна.Месеци се убедував да одам...ете утре ќе одам пак...се надевам добро ќе поминам,морам да ги средам забите
--- надополнето: Nov 28, 2012 4:14 AM ---
Какво правење на заби преферирате, со анестезија или без?

многу јасно дека СО анестезија.И глупости се тоа дека влијаело на срцето.Јас кога одам ми ставаат анестезија без адреналин.Незнам што му значи тоа...Ама сепак,доколку би влијаело на срцето,немаше да ја ставаат стоматолозите.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Што се случува кога забот реагира со остра болка од ладно?
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Што се случува кога забот реагира со остра болка од ладно?
Рекацијата на забот на термички дразби укажува на повеќе работи:
1. длабок кариес (во непосредна близина на нервот).
2. Доколку болката продолжува и по делувањето на ладното, краток период, укажува на реверзибилно воспаление на нервот (во двата случаи се поставува лек во забот, кој се носи одреден временски период)
3. Зголемена чувствителност на забот, поради губење на дел од површинскиот слој на забот (глеѓта) и отварање на пат кон дентинот. (се решава со премачување на т.н средства за реминерализација).

тоа се најчестите работи, што и немора да значи дека е во конкретниот случај. Со рутински преглед во ординација ќе се утврди точната дијагноза.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Бев денеска на забар и ми рече дека ќе морам да ги вадам осмиците зошто ми растеле накриво.
Што да очекувам? Немам вадено заб од кога ми паднаа млечните...
Раскажете ја вашата приказна со умниците.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Бев денеска на забар и ми рече дека ќе морам да ги вадам осмиците зошто ми растеле накриво.
Што да очекувам? Немам вадено заб од кога ми паднаа млечните...
Раскажете ја вашата приказна со умниците.
Не прашувај вакви работи, иди и не му ја мисли многу.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
И jа ќе ги вадам осмиците, како се прави тоа, со локална или целосна анестезиjа и колку време трае опоравувањето?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
И jа ќе ги вадам осмиците, како се прави тоа, со локална или целосна анестезиjа и колку време трае опоравувањето?
Јас во последниве скоро два месеци извадов 2 умника.И мене заболекарката ми рече дека треба да се ваѓаат,ептен бев уплашен кога го рече зборот операција дека треби да се прави.Мене ми беа пораснати двата умника хоризонтално,значи без зафрканција баш буквално хоризонтално,што уствари било добро затоа што да беа накривени операцијата ќе беше потешка и посложена.Операцијата на првиот траеше околу 20 мин. со анестезија нормално ,ништо не осеќаш,а опоравувањето трае околу 2-3 недели.Првата недела додека не ти ги извадат конците јади само течна храна и да не е топла.Вториот го извадив после еден месец од првиот.Малку подолго траеше едно 30 мин,ама пак поминав лесно.
Ептен многу професионално и безболно ми ги извадија умниците овде во Охрид,немав никакви компликации и сл.
Е сега не знам како е кај тебе состојбата со умниците,како ти се зараснати,ама со среќа да ти е вадењето.(y);)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И јас имав случај ко со Солид. Се ти кажа, немој само да пиеш Андол, Аспирин додека не зарасне раната.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Јас во последниве скоро два месеци извадов 2 умника.И мене заболекарката ми рече дека треба да се ваѓаат,ептен бев уплашен кога го рече зборот операција дека треби да се прави.Мене ми беа пораснати двата умника хоризонтално,значи без зафрканција баш буквално хоризонтално,што уствари било добро затоа што да беа накривени операцијата ќе беше потешка и посложена.Операцијата на првиот траеше околу 20 мин. со анестезија нормално ,ништо не осеќаш,а опоравувањето трае околу 2-3 недели.Првата недела додека не ти ги извадат конците јади само течна храна и да не е топла.Вториот го извадив после еден месец од првиот.Малку подолго траеше едно 30 мин,ама пак поминав лесно.
Ептен многу професионално и безболно ми ги извадија умниците овде во Охрид,немав никакви компликации и сл.
Е сега не знам како е кај тебе состојбата со умниците,како ти се зараснати,ама со среќа да ти е вадењето.(y);)
мене ми се на косо, пола вертикални пола хоризонтални според ренген снимката :) , а не те успаа скроз?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
мене ми се на косо, пола вертикални пола хоризонтални според ренген снимката :) , а не те успаа скроз?
Не , не смее да се успива за операција на заб :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Јас убаво наведов во првата реченица: се зависи од видот на аномалијата и од степенот на нејзина изразеност. Во одредени случаи се носи, во одредени не. Поздрав.
--- надополнето: 28 ноември 2012 во 00:18 ---

Ај прочити убаво што се зборува во претходните постови, па ти престани да траскаш. Ако е како што вели девојчето, забот целосно изникнат (тоа е субјективно, треба доктор да процени), тогаш каде со апарат ќе го влечеш забот, ќе ја помине оклузалната рамнина (ќе биде подолг од другите). Друго нешто: ти знаеш ли воопште до каде е границата за повлекување на гингива, па да се појави осетливост на забот. Се додека гингивата е минимум до емајлово-цементна граница, осетливост кај здрав заб нема да се јави. И за крај еве клип со конкретен случај каде се врши сечење на гингива и се појавува цела природна корона на забот (видливиот дел од забот во уста). http://www.youtube.com/watch?v=UTpFxEFsXLU

П.С Клипот изгледа малку застрашувачки, но само за еден заб, не е ништо страшно и комплицирано.
пополека колега, клипот со членкава има гоолема разлика, као шо разбрав од постовите кај неа не енцеосно еруптиран забот и бара сечење под е-ц граница, за тоа реков сулудо. А и тоа е најчесто кај нас, скоро сите во уста имаме два заби кои не се исто еруптирани дали единици двојки тројки, ова веќе во ординација го имаат барано затоа јасно ми е.


Sent from my iPad3 using Tapatalk
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
пополека колега, клипот со членкава има гоолема разлика, као шо разбрав од постовите кај неа не енцеосно еруптиран забот и бара сечење под е-ц граница, за тоа реков сулудо. А и тоа е најчесто кај нас, скоро сите во уста имаме два заби кои не се исто еруптирани дали единици двојки тројки, ова веќе во ординација го имаат барано затоа јасно ми е.


Sent from my iPad3 using Tapatalk
Се согласувам со тебе дека ако забот не е целосно еруптиран, не смее да се сече. Но, членот наведе дека забот е еруптиран целосно и повторно реков дека тоа е нејзино субјективно мислење, токму затоа треба да се изврши преглед од стручно лице.

Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom