Мене ме чепна дури бушеше, ми требаа едно 20 минути за да се вратам во нормала.
Долната шестка ми беше растур. И забарката реши да го вади живецот а не целиот заб, иако беше скоро печен за вадење, но сепак сакаше да спаси што може да се спаси. Додека ми го бушеше расипаното, незнам како ми налета на живецот. Господ во пижами го видов тогаш. Плус додека ми го ставаше лекот...
Глуп човек, 4-5 месеци трпев болка, наместо да отидам на време на забар. На крајот од што ме болеше неможев главата под перница ја пикав, немав спиено 3 дена. И на крај молев за да одам што побрзо на забар
После месец дена откако ми стави лек, го вадев живецот со најака анестезија и повторно осетив болка. Знам имав стиснато една салфетка во рака, и се стегам викам издржи издржи а ова не се трпи. Кога ми го вадеше сум одел нагоре по столот од болка
После тоа имам вадено живец на уште три заби (се шестки
) и тогаш се помина во најдобар ред.