Јас во последниве скоро два месеци извадов 2 умника.И мене заболекарката ми рече дека треба да се ваѓаат,ептен бев уплашен кога го рече зборот операција дека треби да се прави.Мене ми беа пораснати двата умника хоризонтално,значи без зафрканција баш буквално хоризонтално,што уствари било добро затоа што да беа накривени операцијата ќе беше потешка и посложена.Операцијата на првиот траеше околу 20 мин. со анестезија нормално ,ништо не осеќаш,а опоравувањето трае околу 2-3 недели.Првата недела додека не ти ги извадат конците јади само течна храна и да не е топла.Вториот го извадив после еден месец од првиот.Малку подолго траеше едно 30 мин,ама пак поминав лесно.
Ептен многу професионално и безболно ми ги извадија умниците овде во Охрид,немав никакви компликации и сл.
Е сега не знам како е кај тебе состојбата со умниците,како ти се зараснати,ама со среќа да ти е вадењето.
