Фала ти што не ме сфати што сакав да кажам, а најмногу фала ти што не го почитуваш моето мислење. Со твојот одговор подврди дека си искрен. Јас ќе ја зачувам мојата резервираност(што ја нема како избор во твоите опции), и пак ќе повторам,
забавноста и искреноста на начин на кој ти ги дефинираш не ми се поврзливи, или ако сакаш поинаку кажано: не мора да значи дека не сум забавен ако за некои работи едноставно сум резервиран. Која е поентата да бидам забавен према некој мочко што ме нервира? – И да сакам, не би можел тоа да го направам. А дали наместо тоа треба да му го лупнам в лице моето мислење, без разлика колку е тоа лошо? А замисли, таквата искреност некогаш може да ме направи и забавен во очите на другите, можда на крајот ќе испаднам и шизик (можеби ти си шизикот во овој случај). Добитна комбинација.
Енивеј, ако мислиш дека продавам маџарлук, не мораш да го купуваш, тоа не ми беше поентата, само го искажував моето мислње. Еве нема повеќе да дискутирам на темава, ќе те поштедам од моите идиотски реплики. Можеби јас сум од оние типови кои не се ни забавни, ни искрени.