Забавен или искрен?

Забавен или искрен?


  • Вкупно гласачи
    79

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Викторгг напиша:
Дали да се биде забавен и шармантен и интересен, но сепак подоцна оној кој подобро ќе те запознае да сфати дека и ти имаш маани... или да се биде свој, вистински со сите маани и доблести видливи веднаш?
Првиот впечаток кој го оставаме зависи од тоа под кои услови ја запознаваме личноста. Ако зборуваме за најпрвиот впечаток, првата средба и муабет, тогаш дефинитивно зависи од околностите, па и каде ќе ја имаме таа можност. Ако се работи за ситуација при која сме некаде насамо со личноста, тогаш постои можност на прикажување со она што излегува од устата и она што го покажува телото. Од друга страна, ако се работи за ситуација при која запознаваме некој во гужва, нормално дека начинот ќе е поразличен.
Како и да е, сите спонтано сакаме да оставиме барем добар впечаток кај другите, па најчесто мислиш на тоа да ги истакнеш позитивните работи, секако дека нема да седнеш и да си ги раскажеш маните. Тоа не те прави неискрен, туку претпазлив. И кога би бил забавно-искрен, искреноста ќе ја ставиш во преден план со покажување на позитивните страни. Не е исклучена можноста на забавен начин да биде кажана некоја мана, се` зависи од самата ситуација. Не верувам дека сите мани би биле веднаш видливи, токму поради желбата да се прикажеме во добро светло. Ако не знаеш да играш (пример), а си го признаваш тоа, можеби нема од прв момент да станеш и да се клатиш, мислејќи дека така ќе оставиш лош впечаток. Но, секако дека има и такви на кои не им е гајле дали ти во себе ќе си се прашаш зошто игра кога не знае. Некои луѓе на симпатичен начин знаат да си покажат некоја мана, па да ја прифатиш и да не ти изгледа одбивна.

Сепак, тој процес на оставање впечаток и креирање одредено мислење за некој, кој почнува со можност за дружење, неминовно минува низ фаза на криење на некои мани. За да се сретнеш со некој по втор пат, мора да те привлекол со првиот впечаток, а потоа следува запознавање на повеќе мани и доблести.
Тамам работа да ми ги покаже некој своите мани и доблести во рок од 2-3 часа (не е ни реално можно).
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Fortune напиша:
И кога би бил забавно-искрен, искреноста ќе ја ставиш во преден план со покажување на позитивните страни. Не е исклучена можноста на забавен начин да биде кажана некоја мана, се` зависи од самата ситуација. Не верувам дека сите мани би биле веднаш видливи, токму поради желбата да се прикажеме во добро светло. Ако не знаеш да играш (пример), а си го признаваш тоа, можеби нема од прв момент да станеш и да се клатиш, мислејќи дека така ќе оставиш лош впечаток. Но, секако дека има и такви на кои не им е гајле дали ти во себе ќе си се прашаш зошто игра кога не знае. Некои луѓе на симпатичен начин знаат да си покажат некоја мана, па да ја прифатиш и да не ти изгледа одбивна.

Сепак, тој процес на оставање впечаток и креирање одредено мислење за некој, кој почнува со можност за дружење, неминовно минува низ фаза на криење на некои мани. За да се сретнеш со некој по втор пат, мора да те привлекол со првиот впечаток, а потоа следува запознавање на повеќе мани и доблести.
Тамам работа да ми ги покаже некој своите мани и доблести во рок од 2-3 часа (не е ни реално можно).
Во таа смисла и сметам дека е потребно човек да биде комбинација на двете, искрен пред се и забавен до одреден степен.
Секако дека не е реално можно било кој при прв контакт да те седне и да ти каже, чекај сега...јас сум ваков, таков, онаков, некаков, за ова сум супер, за она сум ништо :)
Колку и да сака човек, не е можно да се извадат сите карти на маса за време на прв контакт.
А многу често и тој прв впечаток го оставаме и на другите околу нас, за кои не сме свесни дека ете можеби сме го привлекле нивното внимание, а веќе формирале прв впечаток:)...спонтаност во комуникациите, со голема доза на искреност и умерена забавност ( не нападност ).
 

duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
Забавен vs искрен?

Навистина не разбирам зашто мора да се одлучи мегу забавноста и искреноста?Па тука нема нешто што е спротивно едно со друго па да не можеш да ги искоростиш двете истовремено.Барем јас така мислам!На пример зашто да бидеш искрен и што ке те спречи да бидеш забавен во исто време а се разбира при тоа (ако зборуваме за почеток на врска )да ги дозираш во умерени количини.Е сега на прашањето за дозирањето мислам дека тоа секој човек сам ке си определи во колкава мера би бидат доволни за да ја постигне целта.Затоа што имам искуство со успешна долга врска се чувствувам како победник во балансирањето на овие две значајни работи!!:baeh:
 

EarthSea

Sexy Witch
Член од
28 јануари 2007
Мислења
134
Поени од реакции
1
Викторгг напиша:
Дали е подобро првиот впечаток да го оставиме како супер личност а подоцна да се дознае дека и ние не сме совршени, или поубаво да покажеме какви ѓубриња сме уште на стартот па кој не` сака не` сака, и веројатно да седиме како морони сами дома и без пријатели???

Не можам да се решам никако... :toe: Може помош????
А зошто па на некој веднаш би му пласирал некоја според тебе маана? Или лошиот дел од тебе? Сите го имаме тој дел, никој не е совршен, тоа им некако на сите јасно..Не мораш ни тотално да бидеш искрен. Ако си забавен биди забавен! Но не мораш да се форсираш, само ако е некако спонтано.. Ако е и тоа дел од тебе, тогаш не те прави неискрен. Сите имаме повеќе делови зошто би запрепастил некој со некое лошо однесување? Но, биди ти како и да е. А мислам дека и првото и второто функционира, зависи од тебе највеќе. И плус па не може сите да те прифатат, бар не одма, на некои би им требало повеќе време, некои никогаш, ама битно е да не се плашиме од тоа..
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Освен ако не патиш од некоја форма на шизофренија или split-personality disorder па имаш огромен избор на личности со различни карактерни особини у себе, нема зашо да се плашиш дека луѓето ќе пронајдат некоја твоја страна што не им се свиѓа и ќе фатат магла.
Извештаченоста се познава на километар,и сем ако немаш слепец(ова фигуративно,не дискриминирам никој:icon_razz )поред тебе, онда веруј дека не лажеш никого и дека те прокужиле уше од старт.Therefore, нема разлог за преправање
 
Член од
24 мај 2005
Мислења
957
Поени од реакции
16
А да пробаш да бидеш свој(каков и да си) тогаш ќе оставиш најдобар впечаток.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
145
Поени од реакции
2
Па јебем ли га има има и забавна искреност, зашто ги делите така работите. Башка не се антоними забавен и искрен.
 

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
Да бидеш забавен автоматски не претставува Лажење и лажно претставување на себеси! да бидеш искрен значи да имаш своја чест и да имаш почитт за честа на другите! Во ниту еден случај забавен и искрен неможат да се исклучуваат еден со друг бидејки и двете се карактерни особини! Е сега што фактот дека за да испадне некој забавен се служи со лаги тоа е само мана и е за судење! Но доколку ти си искрен немора автоматски да значи дека не си забавен!
А ако си искрен тогаш имаш развиено чувство за вистината и знаеш како да ја примиш или соопштиш! Во никој случај тој што е искрен не би му рекол некому ТИ СИ ГРД! или не вредиш ни да те плукнам доколку е тоа вистина! Тој ке се обиде да го одбегне оваквиот одговор на најдобар можен начин бидејки искрениот најчесто има и емоции и нешто што се вика Совест!. па што и ако ИСкрениот некој го излаже на прашањето за тоа што чувствува и доколку не сака да знае секој некоја работа? тоа не е лага..едноставно барање за почитување на својата приватност! и за искрениот! тој треба да е искрен не само во зборовите ТУКУ И ВО ДЕЛАТА!

а за првично запозанвање со некоја личност.Под било кои околности нека настане само биди она што си како што кажа ada и се ке биде во најдобар ред! доколку не си од оние патолошки лажговци немаш причина за грижа!
поздрав
 
Член од
12 април 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
Нај добро со кој и да се запознете секогаш треба да му оставете добар впечаток на личноста кој сте ја запознле. Се џабе ако се однесуваш лошо и глуоаво. Треба да стекне во тебе поверение:)
 
Член од
12 април 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
Кога ќе се запознаеш

Пред некое време размисулавм на неколку теми: Дали е подобро кога ке се запознес со некој личнос да му покажеш добрина или да му покажеш некоја добра страна. Размислете добро на оваа тема и пишете
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
А што е разликата меѓу добрина и добра страна?

Не би требало тоа да е исто?

Вака кажуваш дека треба да „глумиш” пред некоја личност дека си добар/добра?
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Jas mislam deka koga ke go razberis svetot ke se razberis sebesi. Bidejki najtesko e da se spoznaes i razberis sebesi.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Прво. Споена е темата со тема во која се дискутира за истото.
Второ. Flix, погрешно си ја сфатил темата, најверојатно не си го ни прочитал првиот пост и си одговорил според насловот.

Продолжете со дискусија во врска со темава.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Искреноста мене ми е на прво место. Ако некој ме сака ме сака онаков каков што сум. Несакам да добијат погрешна слика за мене. А забавноста иде сама по себе. Во зависност од личноста што е во контакт со мене различно можам да се однесувам спрема секој. Има личности со кои можам да направам и невиден мајтап на негова сметка и да се падниме од смеа, а доколку истото го направам со друг да се скараме за цел живот. Во секој случај зависи од карактерот, и според тоа човек може да се ”опушти” (со глупостите) повеќе или помалку.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.015
Поени од реакции
595
i zavaven i iskren i lock na temava nama smisla
 

Kajgana Shop

На врв Bottom