ЗЕМЈОТРЕС!

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.410
Поени од реакции
79.362
Нека пишат Охриѓани, не знам стварно што се пренамагате, не се осетил овде, и не знам како тоа споредувате Скопје и Охрид кога Скопје е главен град со 700.000 жители а Охрид е гратче и нормално дека повеќе внимание ќе се посветува на Скопје, земајќи у предвид фактот што у 1963 градот бил разрушен од земјотрес. Чил со плачипичкањето...
Е добро бе, ако бил четворка ко што пишуе на земјотреснион сајт, би требало да има извештај. Не заебавај, четворка е многу.

Само, изглеа грешка им е нешто.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Не е грешка стварно толку здрма.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.990
Поени од реакции
35.870
Ниви etc.

Кога си одиш (немој да ми кажеш дека се растури тоа) и дали ќе продолжиш да пишуваш?
Ќе продолжам , гнојови како тебе мора да имаат материјал со што да се замарат преку денот. Вака ептен ќе си сам.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.005
Поени од реакции
14.826
Во Кичево се осети малку...кај мене каминот ѕвецкаше на металните делови...а лустерот воопшто не се помрдна(1 кат). Но кога беше скопскиот иако сум многу подалеку, се осети многу многу јако
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.125
Поени од реакции
16.129
УШТЕ ЕДЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 4 СТЕПЕНИ ГО СТРЕСЕ ОХРИД, ДЕЛОВИ ОД ГРАДОТ БЕЗ СТРУЈА

Нов земјотрес од 4 степени по европската макросеизмичка скала утринава беше почувствуван во Охрид 11.29 часот. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, повикувајќи се на податоци од Скопската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот бил на 8 километри источно од Охрид на длабочина од 3 километри.

По земјотресот, граѓаните ги напуштаа своите домови и чекаа на улица, а во делови од градот снема струја, најверојатно, бидејќи се вклучил системот за автоматска заштита.

„Летаа чаши и делови од опремата. Гостите во паника бегаа надвор, тресеше многу страшно. Ова досега не сум го доживеал”, кажува сопственик на кафуле каде што бројни охриѓани и гости го пијат првото утиринско кафе.

Паника имаше и во повисоките згради во Охрид.

„Сите во миг избегавме од станот. Имав чувство дека секој час ќе се урне зградата. Тоа не беше само мое чувство, туку и на соседите во зградата. Сите слеговме во малото паркче”, вели вознемирена станарка на зграда во центарот на Охрид.

Охрид го тресат земјотреси околу 4 степени повеќе од две недели, а охридскиот екологист и координатор на Дримскиот проект Дејан Паноски, по серијата земјотреси побара да се испита вулканот во Косел во непосредна близина на Охрид.

„Мислам дека итно треба да се направат сондирања, испитувања за евентуална поместеност на подземни води и текови, испитувања во околните бунари и секако испитувања на гасот и евентуални течности во сулфетарата Косел“, смета Паноски.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.410
Поени од реакции
79.362
Значи у право беше пак Холанѓанецон.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.143
Поени од реакции
18.166
Или е ова некоја заебанција или нашиве портали се толку идиотски, што не ми се верува.
Никој го нема објавено.
Тука (у Скопје) да беше четворка, ќе дигаа узбуна сите медиуми.
Навикнавме веќе секој ден тие малите се гледаме меѓусебно на работа на пример, насмеј се и продолжуваме.Ама ова денес делуваше баш поголемо од 4.

Баш на Кајгана веста прочитав 4,1 според Рихтер и 6 според европска макросеизмичка скала.Некој поупатен да објаснит за разликите, ова второво ми е поубедливо?Зш веќе паѓаа работи од полици, книги, шишиња во фрижидер и по некој рафт :)

Иначе немаше толку реакции дека многу народ е на плажа, ама и таму се сетило на некои места.

И за какво смирвење зборвет 'експертите' кога од 2 идеме на 3,9 па 4,1....:masa:
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Навикнавме веќе секој ден тие малите се гледаме меѓусебно на работа на пример, насмеј се и продолжуваме.Ама ова денес делуваше баш поголемо од 4.

Баш на Кајгана веста прочитав 4,1 според Рихтер и 6 според европска макросеизмичка скала.Некој поупатен да објаснит за разликите, ова второво ми е поубедливо?Зш веќе паѓаа работи од полици, книги, шишиња во фрижидер и по некој рафт :)

Иначе немаше толку реакции дека многу народ е на плажа, ама и таму се сетило на некои места.

И за какво смирвење зборвет 'експертите' кога од 2 идеме на 3,9 па 4,1....:masa:
И сеа се враќаме пак на 3. :icon_lol:
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ако е прецизно лоцирањево https://www.emsc.eu/Earthquake/earthquake.php?id=602586# ова е некаде у близина на Косел, кој е згаснат вулкан и тоа со милиони години. Не знам дали ИЗИИС има дадено некое барем поопшто објаснување на целата ситуација околу Косел и каков циклус има.
Уше вулкан ни фали упм.

 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Сите земјотреси беа во тој дел, затоа ми е чудно како ниеден од тие стручњаците не дојде да испитаат да видат, ниедна тв не направи некоја емисија за да се анализира ова, бидејќи не се 10 земјотреси и не е само 1 ден ова. 2 недели трае.
 
Член од
27 февруари 2017
Мислења
3
Поени од реакции
2
Има некој од охрид што може да каже каква е ситуацијата во врска со земјотресите? Имам сестра во Охрид и ми вели дека е добро и дека не е страшно, но искрено не и верувам.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.143
Поени од реакции
18.166
Има некој од охрид што може да каже каква е ситуацијата во врска со земјотресите? Имам сестра во Охрид и ми вели дека е добро и дека не е страшно, но искрено не и верувам.
Читај последниот мој пост, освен тој од 11.40 сабајле шо стварно беше за плашење другото делуваше онака, несериозно.Еве имало и пред 15 минути 2,7 па не го сетивме.Без паника:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom