ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Добро што вака се празни со помали потреси, чим се испразни насобраната енергија ќе се смири. До тогаш ќе се живее под стрес o_O
 
Може да им се верува на овие шо пишуваат дека 800 земјотреси имало?
 
Може да им се верува на овие шо пишуваат дека 800 земјотреси имало?
земјотресите под 2 не ги објавуваат инаку да, имало голем број на потреси покрај оние што се регистрирани официјално.
 
https://m.emsc.eu/earthquake/earthquake.php?id=602586

Никој не го есапи форумов...

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
Или е ова некоја заебанција или нашиве портали се толку идиотски, што не ми се верува.
Никој го нема објавено.
Тука (у Скопје) да беше четворка, ќе дигаа узбуна сите медиуми.
 
над 800 дрмања не се за потценување..белки насобраната енергија потивко ќе се ослободи без поголеми стресови за населението или било каква штета
 
Нека пишат Охриѓани, не знам стварно што се пренамагате, не се осетил овде, и не знам како тоа споредувате Скопје и Охрид кога Скопје е главен град со 700.000 жители а Охрид е гратче и нормално дека повеќе внимание ќе се посветува на Скопје, земајќи у предвид фактот што у 1963 градот бил разрушен од земјотрес. Чил со плачипичкањето...
 
http://www.seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/index. нешто пак не работи.., инаку тлото бар во Скопје со месеци вибрира како затегната струна, зошто сам Бог знае. Графикот ептен ме потсеќа на таков од многу затегната челична жица пред кинење...
Кога сме кај странава , постојано се потсетувам како имаме полна уста фалби дека програмирање, компјутери, мрежи итн.итн у мало прсте имаме , а ниеден систем почни од УЈП, преку социјално.., па до овој кој ги дава неколкуте сеизмографи во МКД онлајн кога треба се нешто паѓааат и ги нема нигде.... Забележав и ова Кајгана форумов нешто многу му треба да го разбудиш...од жешкото ќе да е... :) :)
 
Нека пишат де, надвор од Скопје никој не се замара со форумов, си имаат попаметна работа.
 
Или е ова некоја заебанција или нашиве портали се толку идиотски, што не ми се верува.
Никој го нема објавено.
Тука (у Скопје) да беше четворка, ќе дигаа узбуна сите медиуми.
Па во Скопје се спрема невреме и тоа е побитно од земјотрес од 4 степени.
Инаку секој ден имало по 3-4 шо се осеќаат, ама никој не кажа. Вчера само 2 имало, и еве сабајлево пак. Голема бројка земјотреси имаше и требаше некој од тие експертите да каже нешто, некое испитување да се направи, зошто како што, некоја емисија да се каже а не за невремето кое се спрема во Скопје два дена предупредуваат и никако да дојде тоа невреме. :pos:
 
Па нормално е за Скопје да се пишува повеќе кога добри 75-80 % од членовите се скопјани или живеат во Скопје. Туку јас незнам зошто воопшто се пишува на темата. Никој нема контрола над земјотресите , па така да и дискусијата за нив е тотално непотребна , кога ќе се деси ќе осетите. :pos:
 
Нека пишат де, надвор од Скопје никој не се замара со форумов, си имаат попаметна работа.
Ниви etc.
Tуку јас незнам зошто воопшто се пишува на темата.
Кога си одиш (немој да ми кажеш дека се растури тоа) и дали ќе продолжиш да пишуваш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom