Штом има еден земјотрес секогаш после него има и други тоа е всушност ослободена енергија од одредени причини која се рефлектира како бранови, тие бранови можат да бидат хоризонтални и вертикални, а нивната јачина зависи од длабочината на хипоцентарот. Затоа всушност кога тресе не тресе само еднаш, а повеќе пати во определен временски интервал зависи сепак и од причината поради која се ослободила таа енергија, а можно е и повторување на тие бранови т.е серија од земјотреси.
Е сега ова.
Изгледа малку лошо сум го разбрала ова, јас мислев после послаб иде посилен ама тоа всушност не може да се знае туку по тоа што сфатив ако после силниот има послаб значи дека друг посилен нема да има освен ако не се повтори серијата, ко што се случи во Септември нели тогаш сабајлето имаше еден така силен, па имаше неколку послаби и после повторно удри силниот и по него сите други беа слаби.
Овие викендов не ги осетив и немам појма колку биле ама штом до сега немало значи нема ни да има друг во околинава.
Инаку гледајќи низ интернетов за земјотресиве и какви катастрофални последици има овој во Септември што го имавме е гола вода, а го направивме ко да е 9 степени по Рихтер. Некои буквално би се молеле да имаат земјотреси со таа јачина. Сепак да не ме сфатите погрешно и јас се плашам нормално но само споредувам еве пример да би мавнал еден
ваков земјотрес кај нас (недај боже) мислам дека сите попрво би умреле од срцев удар отколку од последиците.