Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Сите на ПРОТЕСТ утре во 17 пред влада!!!!
За здрав воздух, против канцери во воздухот!!! Против профит на живот на граѓаните!!!!

Пред влада во 17 и пешки по Илинденска до Карпош во 18 протест против загадувањето и урбанизација!!!

Утре четврток 17 пред влада!!!!
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Дел од тактиката на претходната фашистичка влада на фамилијата за тотален егзодус на македонското население во Македонија бил и планот за труење со загаден воздух. На сметка на што да се стаи вакво идиотско однесување на царината освен на систематско уништување? Ако добро се сеќавам, таму директор беше братучедот на паторот.

ПОДАРЕНО ВОЗИЛО ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗАГЛАВЕНО НА ЦАРИНА

„Ова мобилно возило кое е опремено со мини лабораторија е набавено со донација од ИПА фондовите. Набавено е во март годинава, но се уште не е ставено во функција, оти е заглавено во некои царински процедури. И тоа сега се расчистува и многу скоро ќе го ставиме во функција“, вели Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/podareno-vozilo-za-merene-na-zagaduvaneto-shest-mesetsi-zaglaveno-na-tsarina/#.WcOpm_n66yF.facebook
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
https://www.mkd.mk/makedonija/miroven-marsh-za-chist-vozduh-vo-skopje-video

Мировен марш за чист воздух во Скопје
Коалицијата за чист воздух „О2“ и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ заедно со уште 18 граѓански невладини организации денеска попладне организираат мировен марш за чист воздух. Маршот ќе започне во 17 часот пред Владата на Република Македонија.

Сите на ПРОТЕСТ во 17 пред влада!!!!
За здрав воздух, против канцери во воздухот!!! Против профит на живот на граѓаните!!!!

Пред влада во 17 и пешки по Илинденска до Карпош во 18 протест против загадувањето и урбанизација!!!

ДЕНЕС четврток 17 пред влада!!!!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Абе тоа е убаво ама дел од барањата на граѓанските здруженија се Алиса во земјата на чудата. Ко да сме Тексас
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
што стана со рудниците за злато со технологија со Арсен, наеднаш нема да загадуваат ??
пред парламентарните избори имаше НВО кампања, сега молк..
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Позагадено е сега од шо беше у време на дпне, а? Старо?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
gragjanin od sk i te : sakam cist vozduh ama peckata ne ja davam, nitu ivericite ni starite gumi ni pregorenoto ulje ni plasticnite sisinja. nadleznite poditno da go resat problemot.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Е ЗАТОА 4500 нови заболени од рак, и МАЛКУ е.
Дека на протест за чист воздух едвај 500 души се собраа од град со 500 000.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Е ЗАТОА 4500 нови заболени од рак, и МАЛКУ е.
Дека на протест за чист воздух едвај 500 души се собраа од град со 500 000.
Кај нас е се исполитизирано,така да ако некоја од партииве не организира протест нема ни присуство.Народов освен вработување во администрација нема други битни приоритети во животот изгледа.:toe:
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Кај нас е се исполитизирано,така да ако некоја од партииве не организира протест нема ни присуство.Народов освен вработување во администрација нема други битни приоритети во животот изгледа.:toe:
така де, нема приоритет да живее, или приоритет да не закачи рак, нема.
ни мозок нема. затоа сме таму кај што сме.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Here we go again...секоја година истите проблеми, истите мантри на телевизија, се до наредниот пат и така се одново се вергла во круг.

Ова е системски проблем кој не е создаден за една година туку континуирано проблемите се трупале од година во година за да дојдат до ова ниво на кое се сега. Исто, решението нема да дојде во рок од една година и граѓаните каде проблемот со загадувањето е најизразен ќе дишат чист воздух како да се наоѓаат на швајцарските алпи.

Ние не сме способни за превентива, ние не знаеме да го препознаеме проблемот пред да се случи и обично реагираме кога е веќе доцна.
За да се реши овој проблем се потребни години и години системски решенија. А мислам дека е малку доцна.
Скопје, град конструиран за максимум до 300к жители сега ближи до кај милион. Потребна е децентрализација во вистинска смисла на зборот а не само на хартија. Неконролираното градење и сечењето на зелените површини во градот се случувало со години а е резултат на сите нефункционални и корумпирани влади до сега.
Срамота е за држава од нецели два милиони жители 50% од популацијата да живее во главниот град ко да е Пекинг, напикани во станови од 50 квадрати. Тоа му доаѓа исто како Германија, држава од 80 милиона 40 да живеат во Берлин.
Ете Германскиот модел ви е модел на права децентрализација. Сите региони да се стремат да бидат еднакво развиени, да се спречи внатрешната миграција а не се да биде насочено кон еден центар.
Ако во бивша ју се одеше кон Белград сега се е насочено кон Скопје и природно народот ќе мигрира онаму каде шансите за преживување се најголеми.

Додадете ја непостоечката гасификација, непланското градење, му го исчистивме ѓубрето на европејцине увезувајќи скапани коли без никакви еколошки сертификати, местоположбата на градот, неконтролираното доселување со години и години наназад...и ете ви го резултатот.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не си грешка у тоа што го кажа, но сепак и многу помали градови од Скопје како Тетово, Кавадарци и др. го имаат истиот проблем а не до пренаселеност. Не ја спомна и една од најбитните причини, греењето на дрва (и друго покрај дрва)

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom