Живот после смртта мислам дека не постои во права смисла на зборот. Има некои научни и медицински испитувања и докажувања кои тврдат дека од кога ќе престане целосно да работи срцето на човекот (поточно кажано од кога ќе настапи смртта), мозочните клетки продолжуваат да работат уште некои 5 до 10 минути. И сеа што е понатаму муабетот....на сите нас добро ни е познато дека сонот трае само неколку секунди, и тие неколку секунди нас ни се чинат мнооогу долг период. И сега логично е да се поврзе дека доколку е вистина ова со 5 до 10 минутната активноста на мозкот после смртта....дека тоа е долго време, во кое ќе можеме да изживееме уште пролично еден живот, но тој живот ќе биде сличен на оној кога сонуваме...замислете тогаш работи само мозокот, и ништо друго. А во мозокот ги има сите наши перцепции кои сме ги стекнале со нашето живеење...и...мислам дека тоа би било доста истрипан филм (живот)...филм во кој после одредено време се губиш засекогаш...