Фантазија, халуцинации.
Тоа се накратко објаснувањата за NDE, кои во текстов (на страната "Илузионист") ги дава "науката".
Меѓутоа, никаде не дава објаснение за:
-поклопувањето на доживувањата од "другата страна", кај субјектите;
-постоење на две различни доживувања, кореспондирачки со идеите за добра и лоша задгробна реалност (рај и пекол, де);
-зошто лицата по оваа случка (за "науката" - халуцинација или фантазија), фундаментално ја менуваат својата животна перспектива? Ако е така да земеме да фантазираме или халуцинираме (има начини) сите и да направиме пресврт во начинот на сфаќање на животот;
-како тие, што при NDE, им се случува напуштање на телото имаат информации за околината, кои се точни, а никако не можеле да ги дознаат без да го напуштат телото тогаш? На пример: При хируршки зафат на пациентот му се случува NDE (значи медицински е мртов, некое време). Се враќа и раскажува (меѓу другото) за напуштањето на своето тело. Тоа се оние познати NDE случаи кога лицето лебди над своето тело и се движи нагоре имајќи поглед на ситуацијата под себе, во случајов салата, хирурзите... И раскажува за тоа што го видел, а што е потврдено дека навистина се случувало ,од страна на персоналот, за време на операцијата. Или пак кажува за предмети кои никако не можел да ги види од друг агол и за кои предходно не знаел дека се наоѓаат таму. На пример кажува за предмет што се наоѓа горе на полицата, а кој не може одоздола никако да се види.
Многу ми е полесно да бидам краток и саркастичен или ироничен, отколку конструктивен, во дискусиите.
Инаку за оваа тема има многу муабет, ова беше само осврт на текстот за NDE препорачан погоре.