Животно осигурување!

Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
како тоа глупо?Зошто глупо?Наведи некоја причина?
Па што добиваш од тоа?? Цел живот плакаш и на крај коа ќе умреш ќе им дадат на твоите деца одредена сума како утеха ,глупости ..истото е и со здравственото осигурување,сум го гледал филмот на Мајкл Мур за баш тие компании кој нудат осигурување и пази ова имале човек кој е вработен стриктно да седи и да бара дупки во осигурувањата на луѓето само за да не им дадат пари.. Место во осигурителна компанија подобро парите стаи ги во банка бар знаеш дека се твои вака си ги дал и богзнае дал некад ќе ти ги вратат толку колку што треба...
 
Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2

Еден мој драг пријател загина во сообраќајна несреќа пред 3 месеци на автопатот Скопје-Тетово... Зад себе си остави жена и две мали дечиња на 2 и 4 годишна возраст! Си живееја во стан кој им беше земен на кредит и го отплаќаа секој месец... Месечно нивната рата изнесуваше приближно 400 евра, за што и жената учествуваше во плаќањето на станот! За некоја среќа, мојот пријател беше запознат што работам и ме бараше да му направам полиса... Не поминаа 3 месеци од кога ја имаше полисата, се случии таа трагедија! Во целата несреќа, и покрај емотивниот шок, осигурителната компанија ја иплати целата сума за несаканиот случај!!! Замислете да немаше човекот полиса? Семејството, неговата жена и двете мали дечиња ќе немаа средства да ги подмират ратите за станот кој им беше на кредит, и автоматски станот ќе им го земеше банката после три неплатени рати!!!
 
Сакаш да кажеш дека парите што ги уплатил за 3 месеци им ги вратиле? Па не биле големи пари сигурно па ради тоа а и башка ти си му бил пријател а и работиш у таа компанија..
--- надополнето: Oct 31, 2011 4:46 PM ---
http://www.youtube.com/watch?v=iXihiTeZw5Y&feature=related

Еве го филмот на Мур па погледнете што се случува..и како све може да те заебат..
 
M

macgowan

Гостин
Пријателе, ниту една од нашите компании не нуди осигурување на живот... Од проста причина што според законот за осигурување на живот, компанија кој сака да го нуди тој програм МОРА својот капитал и капиталот на своите клиенти да биде во 100% РЕосигуран во соодветна РЕосигурителна компанија!
--- надополнето: Oct 31, 2011 3:16 PM ---

Другар, јас не кријам дека работа за осигурителна компанија, поточно за WVP која е брокерска осигурителна куќа! Јас не отворив тема за реклама, туку само барам мислење од Вас за тоа колку Вие сте запознати со програмот и што мислете за него! Ако аднимистраторите или модераторите на форумов сметаат дека треба да се превземат мерки (како да ме банираат, затворат темата, или било што друго) слободно... Не сум направил ништо што може да се нарече „рекламирање“ ;)
Томе имам некакво работно искуство на полето на осигурувањето, така да знам како стојат работите.
Осугурувањето од тој вид е нормална работа секаде во светот.
Ние не сме нормална држава.
Пак стојам на моето...
Со среќа нека ти е работата!
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
Па што добиваш од тоа?? Цел живот плакаш и на крај коа ќе умреш ќе им дадат на твоите деца одредена сума како утеха ,глупости ..истото е и со здравственото осигурување,сум го гледал филмот на Мајкл Мур за баш тие компании кој нудат осигурување и пази ова имале човек кој е вработен стриктно да седи и да бара дупки во осигурувањата на луѓето само за да не им дадат пари.. Место во осигурителна компанија подобро парите стаи ги во банка бар знаеш дека се твои вака си ги дал и богзнае дал некад ќе ти ги вратат толку колку што треба...
ама нема потреба да се потпираш на некои филмови.Затоа и си постои Закон за осигурување каде точно се наведени условите за осигурување и исплатата на сумата.
Не е исто да ги стаиш парите во банка и во животно.Кај банката само штедиш.А кај осигурувањето ем штедиш ем си осигуран.
Пензиското на пример....мајка ми е во приватниот пензиски фонд и за неколку год чекаме да и ја исплатат сумата.Може да ја исплатат наеднаш а може и да ја исплаќаат во вид на пензија.
Секоја држава во светот каде има развиена економија има и развиено животно.Од друга страна животното осигурување придонесува за развој на стопанството и економијата.
Само недоволно информиран народ може да мисли дека осигурувањето е лага и превара и нема ништо од тоа.
Еве малку Оф топик....што се однесува до осигурувањето на нивите и посевите.И тука свеста на луѓето допрва ќе почне да работи. Доволен е градот да ја уништи нивата ....а нивата неосигурана....па ќе ја молат после државата и владата да им помогне.Е нема така.Ќе си се осигураш и мирна глава.
 
С

сашенко

Гостин
јас ќе ги замолам сите кои немаат појма од животно осигурување и од тоа колку тоа значи за едно семејство да не скокаат безвезе и да кракаат дека животот вредел повеќе од материјалното.
Едноставно е ...како нација сеуште немаме висока развиена свест и култура за правично да ја сфатиме потребата од животно осигурување и неговата суштина.
Зашто покрај тоа што сме осигурани ...ние штедиме...Штедиме за нашето семејство.За да му обезбедиме иднина.Подобро од тоа амин.
--- надополнето: Oct 31, 2011 3:55 PM ---

Животното осигурување не служи за тебе агентот да те врати во живот.Туку во случај на твоја смрт...финансиски им помага на членовите на твоето семејство.Односно им исплаќа одредена сумаи на тој начин ти ги обезбедуваш нив,финансиски.
Тачно, за тоа се сложив.Тоа е и мојот муабет.Кој рече таму зарем материјалното ви е поважно од животот.Епа животот можам само така да го осигурам.Кога ке ме нема тие за што јас се грижам да добијат нешто пак.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
јас ќе ги замолам сите кои немаат појма од животно осигурување и од тоа колку тоа значи за едно семејство да не скокаат безвезе и да кракаат дека животот вредел повеќе од материјалното.
Едноставно е ...како нација сеуште немаме висока развиена свест и култура за правично да ја сфатиме потребата од животно осигурување и неговата суштина.
Зашто покрај тоа што сме осигурани ...ние штедиме...Штедиме за нашето семејство.За да му обезбедиме иднина.Подобро од тоа амин.
--- надополнето: Oct 31, 2011 3:55 PM ---

Животното осигурување не служи за тебе агентот да те врати во живот.Туку во случај на твоја смрт...финансиски им помага на членовите на твоето семејство.Односно им исплаќа одредена сумаи на тој начин ти ги обезбедуваш нив,финансиски.
Ние како земја немаме култура ниту осигурителна компанија која се труди да го доближи осигурувањето до граѓаните. Исто како што банките ги запленија парите на граѓаните, така и многу граѓани изгубија пари со животното осигурување. Доколку не ви е јасно како оди тоа, побарајте ги полисите на вашите родители, прашајте ги како животното земавте ли пари, колку пари дадовте месечно 40 години и слично. За разлика од осигурителните, банките работеа на враќање на доверба и успеаа. Овие апашаланава не вложија ни еден денар за доверба и развој. Истите менаџери 15 души се вртат од Кјуби и Вардар, во Табак, Инсиг, Уника и слични. Значи на таа багра додека не видам промени не им давам ни 5 денари. Ќе оставам пари во банка и ќе го осигурам семејството со орочени депозити.
 
Извини Леандра, ама можеш само да шпекулираш кога не знаеш, а не да тврдиш! Сите осигурителни компании кои работат на македонскиот пазар постојат повеќе од еден век! GRAWE (Grazer Wechselseitige) постио 183 години, Winner Life - 187 години, Uniqa Life - 150 години и Кроациа Осигурување Живот - 127 години!!! Овие компании работат со традиција подолга од еден век, и не би постоеле доколку луѓето немаат доверба во нив... Во сите години на постоење вложуваат за доверба и развој за разлика од банките кај нас кои постојат колку што ти имаш години поделено со 2!!! ;)
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Па што добиваш од тоа?? Цел живот плакаш и на крај коа ќе умреш ќе им дадат на твоите деца одредена сума како утеха ,глупости ..истото е и со здравственото осигурување,сум го гледал филмот на Мајкл Мур за баш тие компании кој нудат осигурување и пази ова имале човек кој е вработен стриктно да седи и да бара дупки во осигурувањата на луѓето само за да не им дадат пари.. Место во осигурителна компанија подобро парите стаи ги во банка бар знаеш дека се твои вака си ги дал и богзнае дал некад ќе ти ги вратат толку колку што треба...
А многу попаметно е да умреш на 40 и твоите деца ништо да не добијат?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Извини Леандра, ама можеш само да шпекулираш кога не знаеш, а не да тврдиш! Сите осигурителни компании кои работат на македонскиот пазар постојат повеќе од еден век! GRAWE (Grazer Wechselseitige) постио 183 години, Winner Life - 187 години, Uniqa Life - 150 години и Кроациа Осигурување Живот - 127 години!!! Овие компании работат со традиција подолга од еден век, и не би постоеле доколку луѓето немаат доверба во нив... Во сите години на постоење вложуваат за доверба и развој за разлика од банките кај нас кои постојат колку што ти имаш години поделено со 2!!! ;)
Тоа ми е струката, знам како е реалната ситуација на осигурувањето во Македонија. Значи Винер, Граве и Вардар може вложувале во Австрија и Хрватска, но во Македонија купија една група неуспешни осигурителни компании кој ги брендираа. Така да приказни од типо вложуваат во доверба може само во книгите по осигурување да се напише, а реалноста не е таква.
Еве ајде ќе збориме во бројки да видиме кој е во право, колку посто од населението во Македонија е животно осигурано?
 
Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2
Сакаш да кажеш дека парите што ги уплатил за 3 месеци им ги вратиле? Па не биле големи пари сигурно па ради тоа а и башка ти си му бил пријател а и работиш у таа компанија..
--- надополнето: Oct 31, 2011 4:46 PM ---
http://www.youtube.com/watch?v=iXihiTeZw5Y&feature=related

Еве го филмот на Мур па погледнете што се случува..и како све може да те заебат..
Човекот имаше полиса на 1200 евра годишно, направена на 20 години! Неговото семејство за загубата доби 48.000 евра, бидејќи стануваше збор за смрт настаната при несреќа! А дека сум вработен во компанијата кај што бил осигуран - НЕ! Имаше полиса направено во Кроациа Осигурување - Живот, а јас работам во WVP (брокерско-осигурително друштво кое нуди осигурување од своите партнери!)
--- надополнето: Oct 31, 2011 6:28 PM ---
Тоа ми е струката, знам како е реалната ситуација на осигурувањето во Македонија. Значи Винер, Граве и Вардар може вложувале во Австрија и Хрватска, но во Македонија купија една група неуспешни осигурителни компании кој ги брендираа. Така да приказни од типо вложуваат во доверба може само во книгите по осигурување да се напише, а реалноста не е таква.
Еве ајде ќе збориме во бројки да видиме кој е во право, колку посто од населението во Македонија е животно осигурано?
Еве одговор на прашањето од познатиот бизнис весник Капитал:
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/75368/zhivotnoto_osiguruvanje_porasna_za_32.aspx
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
TomeMKD напиша:
Еве одговор на прашањето од познатиот бизнис весник Капитал:
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/75368/zhivotnoto_osiguruvanje_porasna_za_32.aspx
Значи, цитат:
Што се однесува до учеството на животното осигурување во БДП на земјата, кое претставува главен показател за развиеноста на пазарот на животно осигурување, во Македонија не достигнува ниту 1%, додека во развиените европски држави изнесува околу 8%...
30% пораст бележи животното осигурување во првата половина од 2011 година во споредба со лани
5,5% учество има животното осигурување во вкупниот осигурителен пазар
3 евра по жител изнесува просечната премија за животно осигурување
1% од БДП зафаќа животното осигурување, што е драстично помалку дури и во споредба со земјите од регионот
25% од населението треба да има животно осигурување според #бенчмарковите# на ЕУ, за една земја да влезе во Унијата

Има или нема доверба во осигурувањето во МКД?
Бројките најубаво зборуваат, треба време да помине додека се научи културата на осигурување, сега засега броките велат дека довербата е под ниво. 5,5% од осигуретелниот пазар...Ако еу има 25% население кое животно се осигурува, Македонија е сигурно под 3% и тоа главните осигурени се вработените во осигурителните, брокерските и банкарските институции за да може да земат провизија :) Плус животно осигурување оди како награда во големите компании како бонус за врвните менаџери. И чат пат роднини и пријатели на вработените и десет души кои имаат пари да си платат...и толку.
Немој да ме разбереш погрешно, јас не сум против животното осигурување, напротив. Сметам дека треба секој човек да има пакет од неживотно, животно и здравствено осигурување.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Човекот имаше полиса на 1200 евра годишно, направена на 20 години! Неговото семејство за загубата доби 48.000 евра, бидејќи стануваше збор за смрт настаната при несреќа!
Значи тие добиле пари кои човекот не ги ни исплатил, како тоа, не ми е јасно. Нели треба да ти ги дадат парите што си ги заштедил?
 
Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2
Значи тие добиле пари кои човекот не ги ни исплатил, како тоа, не ми е јасно. Нели треба да ти ги дадат парите што си ги заштедил?
Програмата за животно осигурување исплатува две осигурани суми за случај смрт при незгода... Во превод, осигурана сума е износ на средства што би требало да ги има заштедено за одредениот број на години според договорот (во овој случај 20 години * 1200 евра годишна премија = 24.000 евра осигурана сума... 24.000 евра * 2 = 48.000 евра сума за случај смрт при несреќа)!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom