Живеење заедно без брак

  • Креатор на темата Креатор на темата WondeR`
  • Време на започнување Време на започнување
И мајка ти ти пишува уплатници.
Автоматски споено мислење:

А каде е жената hhhh
Во две реченици опишани машките во МКД. Тато и мама и убаво ми е.
@Forza Milan!!!
Ти си РАСИПУВАЧ НА ЗАБАВИ!
А убаво си гледав сеир. Женет, неженет, самец, со родители...
Ај да ти помогнам... :)
Јас исклучиво живеев во наместени станови. Се што имам збира во 3 торби. Така да немам мебел само нешто ситни апарати од кујна. И ми треба еден ден максимум се да спакувам и распакувам. Обично живеев по 3-4 години на едно место. Единствена лоша работа е што таман ќе ги запознаеш комшиите чао. Мислам дека ми се исплати и ми е поудобно. Има и една друга дополнителна предност живеењето под кирија а тоа е менување на локација како ти одговара со близината на места каде што често одиш. Затоа немора да имаш кола што е дополнителна заштеда.
За општи денешни стандарди ако имаш пари па и да немаш веднаш купуваш недвижност и кола...јас имам повеќе од доволно ама не го правам тоа и немам намера уште долго време. Ама затоа имам финансиска сигурност и не ми е страв што ќе ми се случи утре.
 
Инаку, како неук да прашам, што е разлика живеење заедно односно семејство "во брак" и "без брак"? Документацијата? Или ако не сум легално со венчаница морам и ја ручеци да праам, не смеам да фрлам чорапи и да оставам прљави тањири, не смеам пиво да пијам со кого сакам за да не ми избега невенчаната партнерка?
 
Препорака. Мораш да го го пробаш едното и другото. :)
Еве јас имам намера да бидам во брак и без брак (швалерка). Па ќе споредувам како е подобро.:P
 
Стефус човек за сва времена испадна
Остај ќе каже нешто човек за себе и веднаш...Мистери мен...Глупости место фина дискусија и споделување они. Нема везе не се замарам.
 
Кога сме веќе кај мистерии може ли да објаснат малку оние со 10000000 постови, како имаат добро платена работа, со минимум труд,за да можат цел ден да висат на Кајгана, а уште и перат и пеглаат по дома, прават ручеци и деца шетаат? Само да ги читаш темиве одзема време, а не да реплицираш во секоја тема и уште да пребаруваш по стари постови за да бараш недоследности.
 
Се може со квалитетен time management. И спортска кариера тераме плус да додадеш, во Љубљана трчаме за две недели. А тек па колите да ни ги видиш :(
 
Последно уредено:
Кога сме веќе кај мистерии може ли да објаснат малку оние со 10000000 постови, како имаат добро платена работа, со минимум труд,за да можат цел ден да висат на Кајгана, а уште и перат и пеглаат по дома, прават ручеци и деца шетаат? Само да ги читаш темиве одзема време, а не да реплицираш во секоја тема и уште да пребаруваш по стари постови за да бараш недоследности.
Кој ви е крив што не можете се да постасате на време. :D
 
Кога сме веќе кај мистерии може ли да објаснат малку оние со 10000000 постови, како имаат добро платена работа, со минимум труд,за да можат цел ден да висат на Кајгана, а уште и перат и пеглаат по дома, прават ручеци и деца шетаат? Само да ги читаш темиве одзема време, а не да реплицираш во секоја тема и уште да пребаруваш по стари постови за да бараш недоследности.
Можеби некој живее пензионерски, а меморијата уште му е добра, па лесно сфаќа дека некој жеден го носи преку езеро...
 
Можеби малку ќе забегам од темава, ама една работа не ми е јасна, ова за навиките по дома... Кога си во подолга врска и поминуваш повеќе време со личноста, одиш дома кај нив, претпоставувам и преспивате еден кај друг, гледаш какви навики има и како се однесува по дома и што прави во текот на денот... од каде изненадувањето за навиките и каква е личноста воопшто? Друга работа, сум слушала приказни од типот „кога влеговме во брак, почна да ме тепа“, како тоа не сте приметиле агресија во текот на дејтањето претходно? Или било каква негативна особина... Јас, брате мили, ги анализирам детално уште пред да стапам во врска. Им буричкам во најдлабоките и најмрачните делови во психата. Или знаеш, многу добро знаеш со кој си во врска/брак, ама потајно се надеваш дека работите ќе се сменат. Џабе живеење заедно пред брак ако не знаеш рационално да ги согледаш работите и да анализираш.

И јас знам за многу луѓе што се смениле откако стапиле во брак. Имам блиски што не можев да ги препознаам откако се оженија или омажија. Како партнерите да успеаја најлошото да го извадат од нив. Секогаш се прашував дали беа отсекогаш такви, а јас не можев да го видам, или како што реков, партнерите го извадија сето она што е отровно и лошо од нив.
 
Не се менуваат, туку совршено си ги кријат лошите навики.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom