- Член од
- 27 јануари 2018
- Мислења
- 375
- Поени од реакции
- 1.231
Животот е едноставен, вие го правите комплициран.
Секој што е научен да си ги извршува своите обврски нема да му е тешко и кога ќе живее со своја фамилија.
Не сфаќам како ви пука тој филмот за ситници, нешто што се завршува за кратко време го прават како којзнае што да е и не знаете да одложите и немате разбирање.
Кај нас дома е се онака баш по план. Петок е ден за чистење, викенд уживање. Ручек прави кој стигне, децата сега јас, помали кога беа едно на неа едно на мене.
Се знае дека баш тој еден ден мора и двајцата да фатиме по нешто дома, за викенд да не се замараме, а не јас да фатам кривина некаде или да спијам, а таа да чисти два дена. После оди расправај се.
Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Не се сите со такви стекнати навики како тебе. Чист пример во комшилук имам, 36 годишен, и повишува тон на мајка му зошто не бил испеглан и креветот не му бил постелен, разведен поради легачење, јадење, пиење и не правење ништо во животот.
Јас не го гледам туѓиот двор но тогаш случајно излегов на балкон и ја видов случката ( од мојот балкон се гледа неговата куќа и поточно неговата соба и сакала или не сакала бев случајно сведок на таа случка)
Многумина се без стекнати навики, како што кажав во претходниот мој пост дека чекале се на готово и мислаат дека и во брак ќе биде така.
Кога тебе ти се случило да работиш до 4 на работа и после ти почнува друга работа, до кај 12 - 01 вечер. И турбо си и со рокови, со све. Од почеток имаш поддршка од жена ти пошто нормално ви требаат пари, имаш кредити, имаш срања, за да еден ден ти се истури дека не ти е гајле за ништо, дека таа за се сама се грижи и буквално да ти ги исфрли стварите низ прозор и после и да не ти дозволува да си ги видиш децата.
Многу ми е жал тоа што ти се случило, секој е различен карактер, некој ќе трпи, некој не, постојат различни карактери, но доколку си бил нон стоп на работа, не значи дека треба да правиш неред, да не помагаш ништо за ред и чистота во куќата, алишта на сите страни.
За кавга и расправија се потребни двајца, за домот исто така.