Живеење заедно без брак

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Абе се утепавте пола ден секој ден во работиве што ги наброја, тоа што сега за се скоро има машини (освен јадење :D) и работата е олеснета до максиумум нема врска. Убаво што го кажа примеров со баба ти како 3 пати на ден ставала тањири ама заборави да напишеш дека била домакинка тоа и била единствена работа додека дедо ти може киснел во некоја јама во рудник, или пак работел тешки физички работи на отворено и на+35 и на -10 степени
Ете и на таа работа што се повикувате цело време да ти ја побијам. И двајцата работеле земјоделие цел живот, еднакво киснеле на нива, не одел дедо ми па да ја остава баба ми дома да пие кафе со комшивките.

Знам дека ви е тешко да сфатите што зборуваме тука, дека ќе си најдете изговор за се што не ви одговара и што не ви се поклапа со вашето ограничено размислување, али пробајте.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не е поента да се разбудат машко-женските чувства и стереотипи.. Работите се сменети прилично со новите генерации. Жените рамноправно заработуваат и работниот ден не им е ниту полесен ниту привилегиран. Кога ќе се прибереш дома после слична динамика, треба да има разбирање и осет.
Maж бара внимание као за маж, и тоа е. Ако нема некоја барем најблага форма на почит нема ништо од тоа семејство да остане. Треба да се знае кој коси кој вода носи....не може бе јас да сум спремен во оган да влезам за да го заштитам семејството а некој да ми се буни кафе што ми сварил. Се се врти околу тестостеронот....ама од кај жениве би го разбрале тоа?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Абе 1939 е ова па на фронт ќе идеш, тестостерон ти расправа. Дај седи ајде.
Не беше муабетот за кафе варење, испадна работава со прст не се мрда, подлабочински е само ајде. Препрочитај го пак Сантели, може ќе разбереш.

Не се работи за еднаш фатила зачистила некоја па ќе драми овде. Муабетот е дека е далеку од небитна работа некој да остава по него да му собираш цел живот и да се однесува ко во хотел да е. Па и во хотел ќе фатиш ќе си ги здиплиш стварите од незгодно што ќе ти е не па дома.

Е на некој ако не му одговара вакво нешто нека не бара заеднички живот пред брак, трк во Албанија и мош ќе упеца нешто.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Абе 1939 е ова па на фронт ќе идеш, тестостерон ти расправа. Дај седи ајде.
Не можеш да разбереш, ако си таква каква што си. Ако некое женско би можело да ме разбере тогаш меѓу тие би требало да бидеш ти.....ама тешко :)
Лупни едно 100 mg на две недели и дојди на темава расправај како маж треба да го прави тоа што викате сега да го прави.
Автоматски споено мислење:

Треба да се направи разграничување помеѓу две работи. А тоа е дали постапките се производ на мрза или на тест.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не можеш да разбереш, ако си таква каква што си. Ако некое женско би можело да ме разбере тогаш меѓу тие би требало да бидеш ти.....ама тешко :)
Лупни едно 100 mg на две недели и дојди на темава расправај како маж треба да го прави тоа што викате сега да го прави.
Значи ти си од оние со филмот иам висок тестостерон или во превод испод част ми е да пофаќам по дома? :))))))))))))

На форумов знам најмалце 5 мажи што не ги прават филмовиве, сами живеат или со женска и си ги делат обврските по куќа и за секоја се подобар избор :)

Пријави се во Navy Seals, нема жена за тебе на светов.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Значи ти си од оние со филмот иам висок тестостерон или во превод испод част ми е да пофаќам по дома? :))))))))))))

На форумов знам најмалце 5 мажи што не ги прават филмовиве, сами живеат или со женска и си ги делат обврските по куќа и за секоја се подобар избор :)

Пријави се во Navy Seals, нема жена за тебе на светов.
Абе за тебе ако станува збор...... и по тебе да оди маж ти да собира да не му е проблем. Ама за некои мочли овде што ги имам приметено?
Стварта е што на маж му треба таа почит да ја наречам, како на лав.....не, не можеш да ме разбереш.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Абе за тебе ако станува збор...... и по тебе да оди маж ти да собира да не му е проблем. Ама за некои мочли овде што ги имам приметено?
Стварта е што на маж му треба таа почит да ја наречам, како на лав.....не, не можеш да ме разбереш.
Нема потреба друже да собира по мене, исто како што нема потреба на колата филтер за полен да ми смени зошто има видеа на Јутјуб, ќе си, сменам сама. Ме сфаќаш? :) Едноставно доволно е самиот да си ги средува барем неговите работи. Секако не е проблем од време на време да му се најдам јас или да ми се најде мене.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Нема потреба друже да собира по мене, исто како што нема потреба на колата филтер за полен да ми смени зошто има видеа на Јутјуб, ќе си, сменам сама. Ме сфаќаш? :) Едноставно доволно е самиот да си ги средува барем неговите работи. Секако не е проблем од време на време да му се најдам јас или да ми се најде мене.
Се мешаат две работи, мрза и машкост(буквално тестостерон)...тука е проблемот во дискусијава. Суптилна проблематика е, ќе се најде некој ваљда ќе ми ја потврди поентата. Оставете ги мажите да си бидат мажи за да немате некои други поусрани проблеми. А секој со малку свест секогаш знае што треба да направи, кога што да сработи ако треба.....преферирате пички за мажи, не ве сфаќам.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Нема потреба друже да собира по мене, исто како што нема потреба на колата филтер за полен да ми смени зошто има видеа на Јутјуб, ќе си, сменам сама. Ме сфаќаш? :) Едноставно доволно е самиот да си ги средува барем неговите работи. Секако не е проблем од време на време да му се најдам јас или да ми се најде мене.
Животот ќе беше преедноставен да беше вака ко што ти опишуваш, али за жал после доаѓаат деца, па зачестување на прекувремена работа и доаѓаат срањата.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Животот ќе беше преедноставен да беше вака ко што ти опишуваш, али за жал после доаѓаат деца, па зачестување на прекувремена работа и доаѓаат срањата.
И деца не ми се проблем друже, нека помага колку може, муабетот е да не се чека на готово. Такви и колеги ме нервираат, не па партнер :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
И деца не ми се проблем друже, нека помага колку може, муабетот е да не се чека на готово. Такви и колеги ме нервираат, не па партнер :)
Не е тоа муабетот, во брак се е ствар на договор и компромис и двете страни треба доста да работат за да се функционира на крај. Е сега има моменти кога на едната страна и пука филм од се, без разлика на договорот, и тука почињаат кавгите, сведок сум на растурен брак поради вакво нешто.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Пола од тие "мажјаци" што глумат сега, не фатиле да се испеглат, средат креветот или собата целосно, немаат пржено јајца еднаш во животот, сакаат да бидат алфа фактор во врската или бракот.
Цело време им било - Нека сине, мамичка ќе среди, мама ќе ти зготви, мама ќе те испегла, ти поспиј си, уште е рано. Дојде време за спорт на тв, нозе на маса, пиво и разни грицки, алишта на сите столови, мајката трча да среди, ќе биде чисто се до следниот ден.
Тие навики, се пренесуваат во врска/брак. На почеток ќе глуми посветен, подоцна и не така.
Ќе биде научен секогаш да трчат по него, да биде среден и испеглан, влакно да не му фали. Такви има со лопата да ги ринеш.
Сакаат да се извадат со цепење дрва еднаш годишно, ете јас како женско научив да цепам дрва некогаш кога ми било потребно за потпалок на оган па не се фалам со тоа.

Но.. да бидам искрена, не значи дека не постојат и од женскиот пол такви лиглиња кои се фалат дека не знаат да готват, смешно им е, а ги мрзи да се потрудат да направат нешто, се будат на пладне, лутат до раните утрински часови, пијанчејќи се мислејќи дека тоа е прејако, големо достигнување, what a life, dude.

Не дека во врска не можеш да увидеш кој каков е, но некој е толку способен да се крие што нема да го препознаеш во брак, сериозно.

Друго, за жал, живееме во таква средина, со заостанат менталитет дека на жената местото и е во кујна, на мажот пред тв или да дреме во кладилница со пиво пред него 3 часа лигавејќи го со мисли во глава, ме кутна една утакмица, ќе одам дома да јадам, женичката зготвила и исчистила, хехе. И така секој ден.
Срамота било, мажот да готви, измие садови, фати прашина, чисти со правосмукалка, па затоа земал жена, да му слугува дома, како што правела претходно мајката.

Мене како женско, не ми пречи воопшто да готвам или исчистам, да средам куќата, ама ако поминува во навика, не прави ништо туку цел ден да јаде пие и спие а јас да трчам по него, нечеш брате.

Ништо нема да те чини да ги прибереш алиштата, или поминеш еднаш со правосмукалка или крпа, би ми било од помош, многу, ама некои се навикнати цел живот да бидат третирани како кралеви не кревајќи потешко од вилушка.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Животот е едноставен, вие го правите комплициран.

Секој што е научен да си ги извршува своите обврски нема да му е тешко и кога ќе живее со своја фамилија.
Не сфаќам како ви пука тој филмот за ситници, нешто што се завршува за кратко време го прават како којзнае што да е и не знаете да одложите и немате разбирање.
Кај нас дома е се онака баш по план. Петок е ден за чистење, викенд уживање. Ручек прави кој стигне, децата сега јас, помали кога беа едно на неа едно на мене.
Се знае дека баш тој еден ден мора и двајцата да фатиме по нешто дома, за викенд да не се замараме, а не јас да фатам кривина некаде или да спијам, а таа да чисти два дена. После оди расправај се.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не е тоа муабетот, во брак се е ствар на договор и компромис и двете страни треба доста да работат за да се функционира на крај. Е сега има моменти кога на едната страна и пука филм од се, без разлика на договорот, и тука почињаат кавгите, сведок сум на растурен брак поради вакво нешто.
Не велам не, секакви примероци има.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Животот е едноставен, вие го правите комплициран.

Секој што е научен да си ги извршува своите обврски нема да му е тешко и кога ќе живее со своја фамилија.
Не сфаќам како ви пука тој филмот за ситници, нешто што се завршува за кратко време го прават како којзнае што да е и не знаете да одложите и немате разбирање.
Кај нас дома е се онака баш по план. Петок е ден за чистење, викенд уживање. Ручек прави кој стигне, децата сега јас, помали кога беа едно на неа едно на мене.
Се знае дека баш тој еден ден мора и двајцата да фатиме по нешто дома, за викенд да не се замараме, а не јас да фатам кривина некаде или да спијам, а таа да чисти два дена. После оди расправај се.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Кога тебе ти се случило да работиш до 4 на работа и после ти почнува друга работа, до кај 12 - 01 вечер. И турбо си и со рокови, со све. Од почеток имаш поддршка од жена ти пошто нормално ви требаат пари, имаш кредити, имаш срања, за да еден ден ти се истури дека не ти е гајле за ништо, дека таа за се сама се грижи и буквално да ти ги исфрли стварите низ прозор и после и да не ти дозволува да си ги видиш децата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom