- Член од
- 14 октомври 2010
- Мислења
- 5.153
- Поени од реакции
- 16.099
Па сигурно дека ќе се разведам ако нема никаков придонес, ни со деца ни со куќа/стан обврски, мада како што кажав вакви работи се познаваат уште пред брак.
Некој не поминал пола ден во готвење, чистење, пуштање машина и миење садови па затоа им е ништо во животот. Знаеш, ситни саати се тоа, кога не ги правиш или гледаш друг да ги прави.
Со баба ми пред некое време муабетевме за ваква слична тема, како повеќе разводи сега, помалце тогаш. Нејзиниот одговор беше дека тогаш немало жените кај да одат, затоа седеле и викале амин на се. Нејзиниве браќа, иако нигде според закон кај нас нема поделба на машко и женско дете за наследство, ја натерале на 18 години да потпише дека нема во живот да и текне да бара од имотот што они си го поделиле. Збориме за жена од 73 години, која цел живот рмбала на нејзините дома, па на фамилијата од дедо ми, и еве на дедо ми, кој не знае сам буквално маса да си постави за да јаде. Три пати дневно, 55 години, да му раскреваш и креваш некому тањир од маса. Башка другите работи кои ги прави, а он со прст не мрда за ништо. Нека дојде овој нека и каже нејзе дека за ситни работи се нервирала и дека не треба да се нервира. Мрш таму.