Епа ај вака. Батали ти тоа кој прати кој не прати спорт. Не сфатив што мака имаш ти со жените на трибини.
Иначе, вториов дел... замислувам како на 15годишна возраст, моите не ми даваа дозвола да одам во дискотека, јас бегав од дома и лажев дека ќе спијам кај другарка ми, нормално, искачав, кај другарка ми се спремав, не можев во тренерки да одам во дискотека, редовно губев глас од пеење (сега нема пеење, се е некоја срање хаус музика).... Тоа ви е жртвата? Од дома што не ве пуштале и гласот сте го оставале:?
Немам ништо против Ултрас или кој било, се додека сте цивилизирани. Тепање џандари и кршење е погрешно, па нема начин да го оправдам. Али навивањето, за кого сакаш, е сосема ОК.
И пак не сфатив, зошто јас ќе ти пречам ако дојдам на утакмица МЗТ-ФЕНИ и урлам на трибини за ФЕНИ? Или седам и грицкам семки? Каде е проблемот?