Зголемување на градите...
Жените кои не се задоволни со обемот на своите гради, сега имаат алтернатива на операцијата - Брава - хај - теч начин за зголемување на градите без операција ветува задоволителни резултати за неколку недели.
Брава може да се добие само на рецепт од лекар, а функционира со помош на микропроцесор кој го регулира притисокот на ниво што е потребно за телото да произведува ново ткиво. Идејата за генерирање на ткиво се повлекува веќе со десетлетија, но досега не била применета за зголемување на градите. Обликуван како градник, Брава со всисување го регулура притисокот, а мора да се носи по десет часови дневно, десет недели за да се постигнат резултати. Жените кои го носеле овој градник имале зголемување на градите за еден број, односно околу 100 грамови ново ткиво. Инаку, цената на овој “градник” изнесува 2.500 илјади долари