Франција по падот на апсолутната монаријата се соочила со 5 републики и еднаш повторно враќање на монархијата со помош на Британската круна (а веројатно и Шпанската), уште 2 уставни монархии (значи вкупно 3), една диктатура и 2 империи. Тон Устави, од кои повеќето биле само изгласани или зацртани, но не и применети. Има премногу материјал за тоа, а башка мислам дека политичкото здружување не било одма имплементирано (работничкото здружување исто така било забрането), целта била власта, а не зацврстување на републиката затоа меѓусебните колежи продолжувале без престан. Па така биле обезглавени околу 18.000 луѓе, што е огромна бројка, во споредба со слободата која ја диктирал новиот про-републички отпор.
Луј трошел многу, и по кризата која ја зафатила Франција, башка пред тоа Франција била во 2 тешки војни, даноците биле превисоки, а Франција презадолжена што предизвикало социјални немири. Дополнителна била и причината што богатите луѓе околу Луј, кои му давале војска, биле ослободувани од секакви даноци, што го заострило отпорот. Сега најголемиот проблем било Собранието на сталежите, кое имало 3 дома, а во најнискиот членувале припадници од најнискиот сталеж. Сега ако си во позиција да носиш одлука со 2 од 3-те дома (а во првите 2 членувало свештенството и високиот сталеж), тие можат да се договаат на штета на најнискиот сталеж. Такви примери веќе имаме со зголемување на даноците. Сега најнискиот сталеж барал промена во начинот на гласање, што би значело губење на моќта на повисоките 2 кои ги имале конците во своите раце. Така се распаѓа ова Собрание и 3-от сталеж формира Национално Собрание, кое бара Устав. Тоа ми се чини траело 3 дена, а подоцна се трансформирало во Уставотворно кое ставило крај на апсолутната монархија. Но објавувањето крај на апсолутната монархија не значи и дека кралот паднал, нели? Кралот барал преговори, затоа што бил заобиколен со протести, па потоа и со нападот на Бастилја кои се сметал за симбол на режимот! Што баш и не се согласувам. Тоа била класична оружарница, па и затвор, каде биле затворени сите 7-8 кралски непријатели! Што е со тие 18.000 кои имреле по револуцијата!? Никому ништо. Потоа имаш и народна полиција и распределување на даноците, па и 2 различни моќни движења кои ќе се судираат итн. Тоа и баш не не интересира.
Францускиот селанец имал застапник во сталешкото Собрание кое било зачетник на отпорот. Вистината е дека македонецот нема вистински претставник во македонското Собрание. Сите одлуки се договараат формално и на седница се застапуваат партиските ставови и интереси.
Треба да се дефинира културната револуција. Културна револуција беше и тоа во Кина, па режимот однесе неколку 10-тици милиони животи, знаеме што се случи со Тајпеј кој сеуште е на мета и знаеме дека оние кои сакаат слобода за Тибет се под постојан терор (нели Лама е веќе протеран). И слободата на говор умира. Знаеме дека не смееш да кажеш ништо добро за Трамп, затоа што ќе станеш бел супремист, антисемитист, нацист, пропагираш омраза....и знаеме дека не смееш да кажеш ништо против оваа џендер теорија која е крајно ретардирана. Се сложувам дека некогаш законот е оков, но ако ти е дозволема слободата на говор, ти смееш да зборуваш што сакаш, каде сакаш и колку сакаш. Тука сум крајно либерален. Затоа првите амандмани граѓаните на САД треба да си ги бранат по секоја цена.
А тоа што одредени држави, како Канада (или ние) ставаат политичари без искуство, ќе го постигнат овој резултат кој веќе го постигнуваат. Затоа никогаш со овој кадар, нема да бидат поуспешни од една Русија или Кина, која има луѓе кои се во политиката со децении и биле со години пред да дојдат на функција. Замисли Војводата прва работа и премиер, Никола- министер! И каде стигнавме? До кога ќе го тераме тоа лудило, јас навистина не знам.