Жална вест: Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 јули 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
LESNO BESE COVEK DA GO ZASAKA A TESKO DA GO PREBOLI
TI VECNO KE OSTANES GORDOST MAKEDONSKA
VECNA TI SLAVA GOLEM COVEKU
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Ѕвездата згасна не достигајќи го врвот на својот сјај,но нејзината светлина засекогаш ќе остави топол траг во нашите срца!!! Почивај во мир Божји сину.
 

СтрумичанецО

infinite harmonies...
Член од
21 март 2006
Мислења
506
Поени од реакции
46
меланхолично е задолжението да се напишат збор-два за еден од најголемите луѓе кои воопшто постоеле во земјава , на балканот , на светот...
огромен човек , духовно , одличен талент , голем хуманист пред се...
давајќи го максимумот од него за широката маса луѓе кои го обожаваа и сеуште го обожават.Тешко е да се пишува во минато време за нашиот Тоше , кој до вчера газеше по тлото на денес црната Македонија , а до пред недела дена се раздели од публиката со хуманитарен концерт во негов стил , одлично организиран и беспрекорно изведен , секоја чест мајсторе.
Признавам , никогаш не бев фан на неговата музика, воопшто фан на поп музика и не сум бил , ами фан на неговиот дух , на силите кои ги вложуваше , на притисоците кои ги издржа и на напорите чиј корен вродија плод кој ке остане необран , а никогаш гнил , уште долго време. Неговиот глас , амалгам на гласни жици и бисери создавајки хармонија која ја галеше публиката на секој лајв перформанс , беше еден во милиони и милијарди. Никој не може да го замени. Господ го зеде Павароти пред месец дена , увиде дека не е оној квалитет кој го бара , па зеде уште еден ангел , уште еден божествен глас скриен во 26 годишното момче од Крушево. Секоја чест , добар избор Боже , но зар не размисли на монотонијата и празнината која ја оставаш на овие простори , во овие души ... себичен си , еден да биде среќен а милиони да плачат по неповратното , низ литрите солзи исплачени само да ставаат сол на раната.
Апсурдно е да се зборува за неговиот талент , за неговата големина , уште потешко да се спречат солзите во очите и да се препуштиме на чувствата , но во и онака тешката ситуација , веројатно е единствен излез кој ќе не води до патот на помала душевна болка , која никогаш нема да исчезне.
Ке искористам еден цитат на Тоше , кој е само еден од многуте бисери излезени од неговото грло , секоја чест
"Јас како скромен човек, единствено сакам да бидам жив и здрав и да го издржам ова темпо, а најискрено, многу е напорно"
Не успеа во твојата несомнено скромна желба , верувам дека можеше да го издржиш темпото , а најискрено се молам дека ќе најдеш мир каде и да си.
Се оградувам од понатамошна дискусија..

Засекогаш во нашите срца
Почивај во мир Тоше Проески.
:(
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
Почивај во мир Тоше...Нека му е лесна земја...:place::place::place::place::cry:
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
fak zs mora ova na dobrite lugje da im se slucuva:( RIP bro:(
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Лесна му земја...Почивај во мир Тоше...
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Штета,
почивај во мир ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!!!:cry::cry::cry::cry::cry:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Неговиот глас , амалгам на гласни жици и бисери создавајки хармонија која ја галеше публиката на секој лајв перформанс , беше еден во милиони и милијарди. Никој не може да го замени. Господ го зеде Павароти пред месец дена , увиде дека не е оној квалитет кој го бара , па зеде уште еден ангел , уште еден божествен глас скриен во 26 годишното момче од Крушево. Секоја чест , добар избор Боже , но зар не размисли на монотонијата и празнината која ја оставаш на овие простори , во овие души ... себичен си , еден да биде среќен а милиони да плачат по неповратното , низ литрите солзи исплачени само да ставаат сол на раната.
RESPECT за напишаново:smir:
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Nikogas nema da svatam zosto ova bas na tose mu se sluci???toj bese angelot pomegu site nas i zasekogas vo moeto srce ke ima edno posebno katce za nego!!!!
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
се мислам зошто дозволуваме,не конкретно ние,туку големците кој управуваат со оваа држава,дозволуваат да му се случуваат вакви работи на луѓе кои вредат за нас,кај ја преставуваат македонија надвор од границите..незнам и што да мислам веќе,зошто не се води сметка за такви луѓе....Одам за Крушево вечерва се надевам ќе видам од вас некој кајганисти...поздрав до сите и сакајтесе сите,Тоше како што велеше „ВЕ САКАМ СИТЕ„
 

Kajk

- нема лабаво -
Член од
10 март 2006
Мислења
512
Поени од реакции
1
едноставно несакам да поверувам дека Тоше го нема веќе......таков голем човек, хуман, полн со љубов, оптимизам, патриотизам, не ми се верува дека така може да замине....се што ни преостанува сега е да продолжиме каде што тој застана....Тоше, Maestro, никогаш нема да те заборавиме......почивај во мир, наш ангел македонски.....:(:(:(:se_ molam:se_ molam:se_ molam:angel1::angel1::angel1:
 

NaTaLi

BabaSera pod Ste4aj
Член од
22 април 2006
Мислења
1.061
Поени од реакции
17
Не му ги сакав песните. Му бев лута. Знаев дека може повеќе од тоа... Кога слушнав дека ќе почнел да пее опера, ми стана помил, пошто конечно ќе можеше максимално да го искористи дарот, препознатливиот вокал што уште го слушам у главава...
Пред некој ден се препирав со мајка ми зашо сум ја потценувала поп-музиката и не сум отишла на концертот на Тоше...
Автограмот од него (што си го најдов пред 4-5 дена) што го добив во Крушево, пред некои 8-9 години, сеа ми седи на бирово, и ме потсеќа на човекот со ангелски глас што веќе го нема... Да, дури сега сфаќам што изгуби Македонија, дури сега ми е криво што понекогаш се потсмевав на негова сметка... Денеска у школо скоро сите плачеа, на плоштад исто, па и како да не плачат, изгубивме ангел на земјата.... инаку.. Мала Градишка... тоа е проклето место.. пред 4 години имав сообраќајка на сосема истото место и во истото доба од денот... нвм... Тоше си отиде кај Милан... Бог да го прости...
 
Член од
2 октомври 2007
Мислења
27
Поени од реакции
0
Тоше, Царе.
Ја преставуваш и обединуваш Македонија, како никој до сега. Цела нација ќе те памети како човек со големо срце, широка душа и прекрасен глас.
Ни требаше како никогаш порано, те сакаме како никој порано, но изгледа Господ те сакал повеќе.

Почивај во мир.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom