меланхолично е задолжението да се напишат збор-два за еден од најголемите луѓе кои воопшто постоеле во земјава , на балканот , на светот...
огромен човек , духовно , одличен талент , голем хуманист пред се...
давајќи го максимумот од него за широката маса луѓе кои го обожаваа и сеуште го обожават.Тешко е да се пишува во минато време за нашиот Тоше , кој до вчера газеше по тлото на денес црната Македонија , а до пред недела дена се раздели од публиката со хуманитарен концерт во негов стил , одлично организиран и беспрекорно изведен , секоја чест мајсторе.
Признавам , никогаш не бев фан на неговата музика, воопшто фан на поп музика и не сум бил , ами фан на неговиот дух , на силите кои ги вложуваше , на притисоците кои ги издржа и на напорите чиј корен вродија плод кој ке остане необран , а никогаш гнил , уште долго време. Неговиот глас , амалгам на гласни жици и бисери создавајки хармонија која ја галеше публиката на секој лајв перформанс , беше еден во милиони и милијарди. Никој не може да го замени. Господ го зеде Павароти пред месец дена , увиде дека не е оној квалитет кој го бара , па зеде уште еден ангел , уште еден божествен глас скриен во 26 годишното момче од Крушево. Секоја чест , добар избор Боже , но зар не размисли на монотонијата и празнината која ја оставаш на овие простори , во овие души ... себичен си , еден да биде среќен а милиони да плачат по неповратното , низ литрите солзи исплачени само да ставаат сол на раната.
Апсурдно е да се зборува за неговиот талент , за неговата големина , уште потешко да се спречат солзите во очите и да се препуштиме на чувствата , но во и онака тешката ситуација , веројатно е единствен излез кој ќе не води до патот на помала душевна болка , која никогаш нема да исчезне.
Ке искористам еден цитат на Тоше , кој е само еден од многуте бисери излезени од неговото грло , секоја чест
"
Јас како скромен човек, единствено сакам да бидам жив и здрав и да го издржам ова темпо, а најискрено, многу е напорно"
Не успеа во твојата несомнено скромна желба , верувам дека можеше да го издржиш темпото , а најискрено се молам дека ќе најдеш мир каде и да си.
Се оградувам од понатамошна дискусија..
Засекогаш во нашите срца
Почивај во мир Тоше Проески.