Фејслифтингот (затегање на лицето) е една од најпопуларните и најчесто изведуваните естетски операции пред се поради одличните резултати, при што пациентите изгледаат како 20 години помлади по операцијата. Но поради многуте индивиуални фактори сите пациенти не ги добиваат истите резултати од лифтинг. Пластичниот хирург ги одбира техниките за кои мисли дека ќе дадат најдобар резултат.
Иако има многу варијации на процедурите за лифтинг, општо земено инцизиите (инцизија-засек) се скриени позади ушите, во нивната природна контура и во косата. Исто така може да се направи мал засек под брадата.
Најголем дел од инцизиите при лифтинг се прават со линијата на косата и со природните контури напред и позади (обележани со испрекинати црни линии) увото.
Понекогаш подлабоките ткива (обоени со сива боја) треба да бидат репозиционирани за да се постигне помлад изглед на лицето.
Откако кожата ќе се повлече нагоре и назад, вишокот кожа (обоен со сива боја) се отстранува.
Важно е да се знае дека времето потребно за операцијата е различно за секој пациент.
По операцијата, пациентот треба едноставно да одмара неколку денови. Поткревање на главата при спиење ќе помогне во намалување на отокот и модриците. Пациентот не смее да зема лекови на своја рака и не треба да пуши или да биде изложен на чад од цигари еден месец по операцијата.
Сите завои и цевки за дренажа обично се отстрануваат еден или два дена по операцијата. Првите денови по операцијата има оток и промена на бојата на кожата која е поизазена во некои делови на лицето во однос на други. Привремената асиметричност на лицето по операцијата е сосема нормална појава, заради отокот и модриците. Отокот е најголем првите 24-48 часа по операцијата и може да бидат потребни неколку недели за отокот целосно да исчезне. Најголем дел од модриците исчезнуваат за две недели. По два-три дена пацинетот/ката може да користи шминка за да ги покрие модриците. Исто така можно е пациентот да има неосетливост на одредени делови на лицето, која обично поминува за неколку недели. Конците се вадат 4-7 дена по операцијата.
Лифтингот се изведува во болнички услови или како амбулантска процедура.
Пациентот заедно со пластичниот хирург решаваат каква анестезија ќе се употреби, интравенска седација или општа анестезија. Во текот на операцијата како и при сите други операции има монитори на кои се следи срцевата работа, крвниот притисок, пулсот и сл.
По завршувањето на операцијата, пациентот се носи во просторија за опоравување каде неговата состојба внимателно се следи. Лицето обично е завиткано со завои по операцијата и понекогаш се поставени мали цевчиња под кожата за да се дренира, отстранува течноста која инаку би можела да се акумулира. Пациетите се отпуштаат од болница за неколку часа или преспиваат само еден ден во болницата.
При првичните посети на пластичен хирург, тој/таа ја проценува дебелината, текстурата и еластичноста на кожата како и изразеноста на брчките. Се зема во обзир и линијата на косата како и коскената структура и подкожните ткива за да се донесе индивидуален план за операцијата за секој пациент посебно.
Можно е пластичниот хирург да разговара со пациентот за додатни процедури кои би се извеле заедно со лифтингот, на пример лифтингот често се комбинира со лифтинг на челото, интервенција на очните капаци, промена на обликот на носот или третмани на кожата како пилинг, дермабразија или ласерски третман.
Подготовка за операцијата
Доколку сте пушач, треба да прекинете со пушење најмалку еден месец пред операцијата. Аспирин и другите анти-инфламаторни лекови можат да доведат до зголемено крварење, така да овие лекови треба да се избегнуваат две недели пред операцијата. Доколку вашата коса е кратка може да ја пуштите за подобро да се сокријат лузните од операцијата додека потполно да зарастат. Доколку имате зголемена телесна тешина и имате намера да ослабете повеќе од 8 кг треба да се консултирате со вашиот хирург.
Резултати од лифтингот
Резултатите од лифтиногт можат да бидат драматични или суптилни, во зависност од изгледот и од целта со која е направена операцијата. Бидејќи процесот на заздравување е постепен, треба да очекувате дека ќе поминат неколку недели за да ја добиете правата слика за вашиот нов изглед. Додатни помали промени можат да се случат по неколку месеци.
пред потоа
Ризици од операцијата
За среќа големи компликации од фејслифтингот се ретки. Најчести несакани ефекти се:
* хематом ( акумулација на крв под кожата, доколку е многу изразено може да биде потребно нејзино отстранување)
* инфекција
* алергиска реакција од анестезијата
* повреда на поткожните ткива
* ицизиите на лицето најчесто се речиси навидливи и истите одлично зарастуваат, но можни се индивидуални разлика во процесот на задравување.