Енергетска зависност на Македонија

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Дадов ми се допаѓа, но не сакам така да биде.
Секогаш имало луѓе кои личната корист ќе ја стават пред општиот интерес. Мора да се бориме, а тоа не е борба која има крај, ако победиме едни, веднаш ќе се јават други и така ќе биде до крајот на светот. Што ќе постигнеме ако веднаш се предадеме?
Кој спомиња предавање??? :) Јас само се прашувам дали имаш престава со која аждаја имаш работа и дека таква не ја утепуеш со галење и убави зборови...:)
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Ова му е мајката за енергетската независност - Нуклеарна фузија. Можеби не ќе имаме леб за јадење како Северно Кореанците но *би му мајката енергетски независни ќе бидиме само треба трпение од 50 години а за трпење сме специјалисти :D
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Сарачини: Малата хидроцентрала на Брестјанска река ќе проработи до крајот на август

Малата хидроелектрана што се гради на Брестјанска река во општина Липково ќе профункционира до крајот на август годинава најави министерот за економија Ваљон Сарачини.​


Министерот ги посетува сите локалитети каде имало доцнење со изградбата по вина на државата со цел да се интензивираат активностите. Таму каде што проблемот е лоциран кај државните институции на концесионерите им е продолжен рокот на договорот за изградба на хидроелектраните кој според законот е 3 години.

- Владата на минатата седница го одобри планот за вкупното учество на обновливи извори на енергија во вкупната и финална потрошувачка од 23 %, од претходните 21 насто. По барање на енергетската заедница го прифативме нивното барањето и предложивме дека можеме да го исполниме до 2020 година, нашето учество во финалната потрошувачка од одбновливи извори на енергија да биде 23 насто, вели Ваљон Сарачини министер за економија.

Оваа инвестицијата вредна еден ипол милион евра овозможува и отворање на нови работни места.

- Точно е дека имавме одредени проблеми при реализација на оваа но и на другите бидејќи сме концесионери и на други хидроелектрани, меѓутоа проблемите мора да ги надминеме и тоа го правиме, рече Самуил Ценевски управител на ЕМК Мали хидроелектрани.

Сарачини очекува до крајот на годината да бидат завршени вкупно десет мали хидроелектрани, а следната година да се реализираат и останатите 68 договори што концесионерите ги склучиле со министерството за економија.​
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
СТРУЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Сонцето и водата ги заинтересираа приватниците
Ако се изградат сите планирани мали хидроцентрали, тие би произведувале 1.200 гигават-часови електрична енергија, што е речиси исто колку што ќе произведува комбинираната гасна централа ТЕТО
Зденка Павковиќ

Во текот на само еден ден во мај Германија оствари светски рекорд во производство на струја со користење на сончевата енергија, кога нејзините соларни електрани за еден час произведоа 22 гигават-часа електрична енергија. Оваа земја лани, по хаваријата во јапонската нуклеарна централа „Фукушима“, одлучи постапно да ја напушти нуклеарната енергија и планира истата да ја замени со производство од обновливи извори, како ветерот, сонцето и електраните кои работат на биомаса.

И Македонија има утврдено дека до 2020 година учеството на обновливи извори на енергија во вкупната потрошувачка на енергија треба да изнесува 21 отсто што треба да се постигне со изградба на големи и мали хидроелектрични централи, ветерни електрани, фотонапонски централи и централи на биомаса и биогас. И додека се чека дали ќе се најде инвеститор за изградба на големите хидроцентрали „Чебрен“ и „Галиште“, с` повеќе расте интересот за изградба на мали хидоцентрали, како и за фотонапонски централи кои функционираат со користење на сонцето како извор за енергија, а кои имаат повластена тарифа, односно договори за загарантиран откуп на струјата по повластени тарифи, за период од 15 или 20 години.

Малите централи исплатливи за седум години

Моментно се изградени пет мали централи од кои две се вклучени во производство, останатите три треба да бидат вклучени наскоро, а уште пет до крајот на годината. Досега се потпишани 68 договори за концесија за изградба на вакви централи со вкупна инсталирана моќност од 58 мегавати и очекувано годишно производство од 120 гигават-часови електрична енергија. Според студијата направена во соработка со Светска банка, во земјава се определени 450 локации за мали централи. Ако се изградат сите, тие би имале инсталирана моќност од 350 мегавати и годишно би произведувале 1.200 гигават-часови електрична енергија, што е речиси исто колку ќе произведува комбинираната гасна централа ТЕТО. Односно, онолку колку што годинава, според енергетскиот биланс на земјава, се планира дека ќе ни недостига и ќе треба да се набави од увоз. Меѓутоа, според министерот за економија Ваљон Сараќини, се проценува дека од овие локации само 150 ќе бидат интересни за да се најде инвеститор.

- Изградбата на мала хидроцентрала чини околу два милиона евра, а според процените, потребен е релативно долг период од седум години за враќање на инвестицијата и тоа е една од причините што релативно бавно оди реализацијата на зацртаните планови за вклучување на вакви централи во електроенергетскиот систем на земјава, вели Сараќини.

Според енергетскиот биланс во 2016 година се планира производството од малите хидроцентрали да биде 374 гигават-часови.

Kористењето на сончевата енергија во зародиш

Покрај малите хидроцентрали, полека се зголемува и бројот на фотонапонските централи, но тие засега се со многу помало производство на струја. Според последните податоци од Регулаторната комисија за енергетика, во функција се 6 вакви централи со инсталирана моќност помала од 50 киловати, а уште 21 се во фаза на изградба. Kога сите тие ќе бидат во функција инсталираната моќност ќе им биде околу 1.250 киловати. Покрај нив, решенија за повластена тарифа со поголема инсталирана моќност (до 1 мегават) имаат уште 11 вакви централи, од кои повеќето се с` уште во изградба и нивна вкупна инсталирана моќност ќе биде 8.000 киловати. Односно сите заедно имаат инсталирана моќност од 10.000 киловати. И кај овој вид централи важи истото како и кај малите хидроцентрали – се работи за скапа инвестиција која се враќа релативно долг период.

Дека искористеноста на соларната енергија многу повеќе ќе се зголеми дава надеж заинтересираноста на ЕЛЕМ да се вклучи во изградба на соларен капацитет за производство на струја. Во компанијата велат дека обновливите извори на енергија се многу важен дел од развојно-инвестициската стратегија на АД „Електрани на Македонија“. Географската позиција на нашата земја, со висок процент на сончеви денови во годината, овозможува ефикасно искористување на сончевата енергија. Оттаму, во тек е пилот-проект „Соларна термоелектрана“ со кој се изработува физибилити-студија за изградба на соларна термодинамичка централа од 50 мегавати и да се подготви тендерската документација за изведба на проектот по принципот „клуч на рака“, што е финансирано со грант од француската влада. Kонзорцуимот од француските консултантски компании „Согреах и карбониум“ е ангажиран да ја испита економската исплатливост и техничката физибилност на проектот што ќе ги предвиди најдобрите варијанти за изградба на соларна електрана (автономна и хибридна варијанта), како и одредување на најдобра местоположба за неа, а која се очекува да биде готова до крајот на годината. Со овој проект, АД ЕЛЕМ очекува производство на 104 милиони киловат-часови годишно на чиста соларна енергија.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
^ Има неколко работи,кои треба да се кажат при производството на струja и наjвеке за таа от слончевите централи.
Прво струjaта се произведува и се користи веднага.
Второ, никоj не кажува колкава е цената от слончевите централи. Само за споредба:
1 MW/h произведен от нуклеарка е около 30 евро, 1MW/h произведена от слончеви централи е 300-400 евро.
Колкото повеке обновливи извори на енергиja бидат приклучени ком мрежата - толкова поскапа ке станува струjaта.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Бугариа произведува 700МВч од фотоволтаици, биомаса и ветерни централи
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Слушнав дека бугарската компанија СОЛАР ПРО ќе гради сончева централа во Битолско. Со капацитет од околу 1 мегават. Инаку еве едно ефикасно решение за Македонија како да ја намали енергетската зависност - затворите ни се полни и наместо затворениците да не се досадуваат нека си возат точаци поврзани на генератор исто како и нивните колеги во Бразил:cool:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
На Студенчица две мини хидроцентрали

Мини хидро централи се градат на Студенчица. Од 1.400 литри вода во секунда од регионалниот водовод близу 400 литри вода ќе бидат искористени за производство на 460 киловат часови струја. Ќе ја користат потрошувачите од Кичево. Дел од приходот останува за комуналното претпријатие Кичево и за јавното претпријатие Студенчица.​


Студенчица со издашност од 1.400 литри вода во секунда има капацитет не само да ги задоволи потребите за водоснабдување на Кичево, Македонски Брод, Прилеп и Крушево, туку со над 400 литри вода во секунда да опслужи две мали хидроцентрали.

Една изградена со јавно - приватно партнерство во Кичево веќе произведува 2 илјади и 500 киловат часови електрична енергија.

Инвестиција вредна 750 илјади евра од денеска работи за енергетскиот систем на Македонија. 35 отсто од вкупните месечни приходи ќе бидат наменети и ќе ги користи јавното комунално претпријатие Кичево. 80 илјади евра наместо за негова финансиска поддршка остануваат во општинскиот буџет за друга намена.

Мала хидроцентрала ќе гради и јавното претпријатие за стопанисување со регионалниот водовод, тврдат кичевските локалните власти. Од Студенчица велат дека документацијата е готова, избран е и изведувачот на градежните работи. Без да се наруши биолошкиот минимум на реката, хидроцентралата ќе биде лоцирана близу Горно Добреноец. Обезбедени се 35 милиони денари. Со максимална моќност од 460 киловат часови, според сегашната цена на струјата инвестицијата се враќа за 4 години. И двете мини хидроцентрали ќе задоволат поголем дел од потребите на овој регион кој сега користи струја од ТЕЦ „Осломеј“.​
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА ЕНЕРГЕТСKА НЕЗАВИСНОСТ НА ЗЕМЈАВА
Во 2015 година без увоз на струја?



Македонија има амбициозен план веќе во 2015 година да стане енергетски независна, односно своите потреби од електрична енергија да ги обезбедува од домашно производство. Притоа, потребите од струја се позиционирани на 10.465 гигават-часови, од кои 4.471 ќе се произведат со користење јаглен, 3.633 со гас и 1.861 од хидропотенцијали. Ова е посочено во Стратегијата за енергетика за регионов на Енергетската заедница, усвоена на крајот од минатиот месец во која гледано од сегашната перспектива, можеби повеќе станува збор за желби отколку за реалност.

- Стратегијата претставува еден вид политички документ во кој се опфатени обврските што произлегуваат од Договорот за основање на енергетската заедница и во неа како цели се дефинирани создавање конкурентен интегриран пазар на енергија, привлекување инвестиции во енергетскиот сектор и обезбедување сигурно и одржливо снабдување со енергија на потрошувачите. Во јуни в година ќе се утврдат проекти што се од регионален карактер, а листата со ваквите проекти ќе треба да ја одобри Министерскиот совет, велат од Министерството за економија.

За стратегијата се дигна голем прав во некои од земјите од регионот. Претставници на неколку регионални невладини организации што се занимаваат со енергетика и заштита на животната средина се против овој документ поради недостатокот од транспарентност и квалитетна јавна дебата при донесувањето, но и поради тоа што бил штетен за земјите од регионот. Тие предупредуваат дека десетина милиони граѓани не добиле можност да дознаат, што е всушност предвидено со стратегијата, а тоа ќе го дознаат дури откако, поради планираните проекти, ќе се зголемат цените и давачките.

И четири члена од Европскиот парламент - од Грција, Словачка, Словенија и од Германија му напишаа писмо на европратеникот за енергетика, Гинтер Отингер, незадоволни поради тоа што стратегијата подготвена од Енергетската заедница била лошо направена и не дала простор за нејзина промена.

Против Стратегијата се побунија и од групацијата „Банковиќ“ од Србија бидејќи сметаат дека ЕУ за целиов регион заговара неодржлива енергетска иднина. Имено, предвидено е во регионов во кој освен земјите од поранешна Југославија, влегуваат и Молдавија и Украина, за следните десет години да се инсталираат најмалку 45 отсто енергетски капацитети, односно до 2021 година треба да има 13,23 гигавати нови капацитети, што е за 64 отсто повеќе отколку во 2009 година. Таков план е далеку над потребите за енергија на овој регион и ќе ги обесхрабри овие земји да се свртат кон производство на енергија со помала емисија на јаглероддиоксид, предупредуваат од корпорацијата. Односно дека со ваквите проекции се заговара производство на струја со користење нуклеарна енергија и јаглен.

Во нашето Министерство за економија велат дека податоците што се користени во Стратегијата за енергетика на енергетската заедница, се од националните стратегии за енергетика во земјите-потписнички на Договорот за основање на енергетската заедница. Податоците за Македонија се од Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија до 2030 година, усвоена од Владата во 2010 година.

Во сценаријата предвидени во Стратегијата нашата земја производството на струја од хидропотенцијали во 2030 година би требало да го зголеми на над 3.500 гигават-часови, со користење гас на над 3.800 и на јаглен на 7.600 гигават-часови.

- Ваквите процени се базираат на планот да се изгради уште една когенеративна термоелектрана топлана на природен гас, а во делот на хидроенергијата како дополнително производство на електрична енергија се земаат предвид ХЕЦ „Бошков мост“, Луково Поле и мали хидроелектрични централи - велат од Економија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=09568E7CAA313D4BA9E7C00C2BEBC7CB

Мислте дека би се остварило ова?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.470
Мидлте дека би се остварило ова?
Мислиме дека нема да се оствари.
Барем делот што се однесува дека ќе ги изградат наведените капацитети.
А тоа дека нема да увезуваме струја, со ова темпо на иселување од државата можеби и ќе се оствари (пензионерите слабо трошат струја).
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Целиот напис базира на изјави од Енергетската заедница. А тоа се оние исти, директори, доктори професори кои и не доведоа во оваа ситуација и против кои секоја сабота протестираме, Штета што не ги цитираше и коментарите на читателите
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
ПУШТЕНА ПРВАТА СОЛАРНА ЕЛЕКТРАНА ВО БИТОЛА

Дејан Азески

Соларна електрана со моќност од еден мегават денес е пуштена во употреба во Битола. Проектот е реализиран од инвеститорот Торпедо солар ГТ од Битола, технички е изведен од Солар про холдинг од Бугарија, а финансирањето е овозможено од Капитал банка, Скопје.
Проф. д-р Љупчо Трпезановски, сопственик на Торпедо солар, смета дека централата е плод на правилната политика на локално и на централно ниво во делот на обновливата енергија.
„Стимулациите кои ги дава и државата и општината треба да се поттик за приватните инвеститори да вложуваат во овој вносен и стабилен бизнис“, вели Трпезановски.
Со изградбата на соларниот парк Солар про станува најголемиот системски интергратор на соларни системи во Бугарија, со 32 соларни електрани со вкупен капацитет од 86МВ.
http://kapital.mk/mk/makedonija/90115/pushtena_prvata_solarna_elektrana_vo_bitola.aspx
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Стимулациите кои ги дава и државата и општината треба да се поттик за приватните инвеститори да вложуваат во овој вносен и стабилен бизнис“, вели Трпезановски.

Ова ми се бедисува...
Ние ќе плаќаме изгор струја, а за него е тоа вносен бизнис бидејки тој за еден KWh добива околу 25 денари
Само едно згрешил. Стимулациите не ги плаќа Државата туку ние потрошувачите
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
ЕВН ГО ПРЕЗЕДЕ УПРАВУВАЊЕТО СО МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ



ЕВН Македонија од денеска го презеде управувањето со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки Хидропол, соопштија од компанијата.
„Во текот на овие 11 години ЕВН и Хидропол ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци“, информираат оттаму.
Покрај овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН Македонија се и ХЕЦ Попова Шапка, ХЕЦ Бабуна, ХЕЦ Белица и ХЕЦ Турија кои, исто така, се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компатабилни. Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 МВ, што претставува зголемување за 10 отсто, освен кај ХЕЦ Матка каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова Хидроелектрична централа. Просечното годишно производство изнесува 130 ГВч електрична енергија.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/92254/evn_go_prezede_upravuvanjeto_so_malite_hidrocentrali.aspx
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не сум сигурен, но мислам дека овие мали централи се и сопственост на ЕВН. Знам дека Матка, порано беше во сопственост на Дистрибуција Скопје
Инаку малите централи добиваат повисоки цени за произведената струја. Но ако гледаш вкупно 47 MW, не е малку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom