Енергетска зависност на Македонија

A

Accipiter82

Гостин
Немаме некои поголеми ресурси ниту за хидро, уште помалку за термоцентрала како што многу луѓе веруваат дека ние сме најбогата држава во светот, само имаме лош менаџмент.
Нас не вади од гомна само една нуклеарна централа, но кај нас никој нема капацитет да го истера до крај тој проект.
Кази ми од каде вода за ладење на генераторите? Сите нуклеарни централи се лоцирани покрај големи водени токови - Козлодуј, Крско...друго ни треба ураниум, а немаме ниту кадар
--- надополнето: 16 март 2012 во 10:06 ---
Што се однесува до хидро капацитети имаме потенцијал за изградба на истите од околу 900 MW - Чебрен и Галиште, Вардарска долина, Луково поле и Бошков мост

+ Мали хидроцентали

Досега немаме ниту еден ветерен парк а капацитетите се околу 180 MW

TE TO во план се Куманово и Струмица. барем според плановите на СДСМ мада тоа е голем знак на прашање поради монополот - олигопол во дистрибуција на гас.

Биогас и биомаса славо искористени

Соларна енергија минимално искористена само - 2MW
Штета што немаме законска легислатива како во Германија па да му се овозможи и на физичките лица да инсталираат соларни фотонапонски ќелии и вишокот на произведената енергија да ја продава а дистрибутерите, а истите да бидат обврзани енергијата да ја откупуваат по повластени цени.

Со изградба на овие капацитети + енергетска ефикасност во секторот за домување Македонија може да стани енергетски независна. Но очигледно на увзниците на електрична енергија ова не му одговара.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Нас не вадат сончеви електрани, не се многу скапи, а сонце имаме 250 дена во годината, а не некои места и некој ден повеќе. Сончеви електрани во Струмица, Радовиш и Гевгелија и ќе имаме евтина струја за извоз.
Нуклеарка е врв идиотизам, знаејќи како нашите сакаат да украдат од се по малку, многу малку верувам дека ќе се направи како што треба, ама и направените нуклеарки во Јапонија не се баш за верба после последната хаварија. А плус ураниум треба да купува, радиоактивен отпад треба некаде да складираме и да не редиме тука уште ред други работи што доаѓаат со нуклеарката.
 
A

Accipiter82

Гостин
Нас не вадат сончеви електрани, не се многу скапи, а сонце имаме 250 дена во годината, а не некои места и некој ден повеќе. Сончеви електрани во Струмица, Радовиш и Гевгелија и ќе имаме евтина струја за извоз.....
.
Хм не би се сложил дека ќе имаме ефтина струја за извоз, бидејќи струјата добиена со користење на соларна енергија е најскапа од сите други извори на енергија. Поради тоа секаде во светот производство на електрична енергија на овој извор се субвенционира.

Но барем соларната енергија да ја искористиме за догревање на санитарна топла вода пак ќе имаме големи ефекти
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.534
Поени од реакции
7.888
Македонија нема услови ни за нуклерка, ни за термо, а хидрото е прескапа инвестиција која нема да ни ги врати парите 50 години.

Исплатлива термоцентрала би била на нафтен гас, но тоа ризикува да си навлечеме гасовод да минува низ МК а со тоа да си навлечеме геополитички проблеми на големите сили. Седете си мирни бе!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Хм не би се сложил дека ќе имаме ефтина струја за извоз, бидејќи струјата добиена со користење на соларна енергија е најскапа од сите други извори на енергија. Поради тоа секаде во светот производство на електрична енергија на овој извор се субвенционира.

Но барем соларната енергија да ја искористиме за догревање на санитарна топла вода пак ќе имаме големи ефекти
Баш ме интересира, што е толку скапо кај производството на соларната енергија, сонцето ли?
 
A

Accipiter82

Гостин
Сонецето е бесплатно и тоа никој не го спори. Она што е скапо е технологијата која се користи за конверзија на оваа енергија во електрична енергија. Но за среќа и таа станува се поефтина.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
66
Поени од реакции
36
Кази ми од каде вода за ладење на генераторите? Сите нуклеарни централи се лоцирани покрај големи водени токови - Козлодуј, Крско...друго ни треба ураниум, а немаме ниту кадар
--- надополнето: 16 март 2012 во 10:06 ---

Со изградба на овие капацитети + енергетска ефикасност во секторот за домување Македонија може да стани енергетски независна. Но очигледно на увзниците на електрична енергија ова не му одговара.
Не се толку виновни увозниците на струја колку што се дибеците кај нас кои се борат за власт а не за држава.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.804
Поени од реакции
3.057
Да се оствареше проектот "Вардарска долина" ќе беше многу друго. Но изгледа на никој не му се исплати да инвестира во ваква овој проект.
Ќе треба меѓу 150 и 200 милиони евра за преместување на железничката пруга и дел од автопатот Скопје - Велес, бидејќи тие се премногу блиску до реката. Кога би се направиле тие неколку брани во северниот дел, ќе дојде до потопување на целата постојна патна инфраструктура.За споредба, за поместување на пругата кај Велес, заради изградба на тамошната акумулациска брана, дадени се речиси истите пари колку што чинела и изградбата на браната.


Што е „Вардарска долина“?

„Долината“ е најголемиот проект во Македонија во енергетскиот сектор, чија вредност се проценува на 1,2 милијарда евра. Со него се предвидува изградба на 12 средни и мали хидроелектрани по текот на Вардар, на локации од Велес до Гевгелија, со вкупна инсталирана моќ од 320 мегавати и со просечно годишно производство на електрична енергија од 1.000 гигават-часа. За споредба, РЕК „Битола“ има моќ од 675 мегавати и годишно производство од 4.600 гигавати.
Ако се реализира проектот, до Велес ќе пловат и вистински бродови, а не само импровизирани сплавови. Мегапроектот „Вардарска долина“, кој може да значи спас во енергетска, транспортна, еколошка, туристичка и во целокупна економска смисла за државава пак, по којзнае кој пат, ја бранува јавноста.

Идејата е стара повеќе децении. Уште во 1932 година, на собранието на тогашната Лига на народите во Женева, делегацијата на Кралството Југославија го предложила како проект што би требало да се финансира и да се изгради од страна на меѓународната заедница. Од пет проекти, на тогашна Југославија и биле одобрени четири - отпаднала само „Вардарска долина“.

Многу подетално .. http://architect.mk/arhitektura/domashna/1017-vardarska-dolina-neostvaren-proekt-na-stoletieto
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Потпишани договори за ревитализација на хидроелектраните „Вруток“ и „Равен“

АД ЕЛЕМ во рамките на проектот „Ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза“ потпиша договори за ревитализација и модернизација на мавровските електрани Вруток и Равен, со две компании со меѓународно реноме, избрани на транспарентен меѓународен тендер.

Австриската компанија АНДРИЦ Хидро ќе работи на замена и зголемување на моќноста на четирите генератори во ХЕ Вруток, на замена на високонапонските кабли, како и на замена на системите за подмачкување во ХЕ Равен. Словенечка ЕТРА Колектор, пак, ќе изврши замена на шест енергетски трансформатори во ХЕ Вруток и замена на три енергетски трансформатори во ХЕ Равен.

Вредноста на договорот за генераторите изнесува 18,68 милиони евра, а за трансформаторите 2,77 милиони евра. Финансирањето на овие активности е преку заем од КфВ банка за кој е веќе потпишан Договор во Министерството за финансии кон крајот на 2010 година.

Според потпишаните договори и утврдената динамика на ревитализација, првиот, нов блок генератор-трансформатор во ХЕ Вруток ќе биде пуштен во погон во јуни догодина, а последниот, четврти блок генератор-трансформатор, ќе биде пуштен во погон во мај 2014 година, кога и официјално ќе финишира овој проект.

Покрај значителното подобрување на производствените перформанси на хидроелектраните со зафатот ќе се зголеми достапниот енергетски производствен капацитет на ХЕ Вруток од 168 на 184 мегаволт ампери и ќе се овозможи дополнително производството на еколошки прифатлива електрична енергија до 50 гигаватчасови годишно. Покрај тоа, ќе има подобрување на ефикасноста и намалување на загубите кои се претвораат во поголем потенцијал за производство на електрична енергија, како и заштеди во трошоците за одржување.

- Со реализацијата на двата договора, ќе се добие комплетно модернизирана хидроелектрана, со четири нови блок-трансформатори и четири нови генератори. Проектот со чија реализација се продолжува животниот век на хидроелектраната „Вруток“се очекува да заврши во мај 2014 година, истакна генералниот директор на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски на потпишувањето на договорите.

Генералниот директор на словенечката фирма „ЕТРА Колектор“ Петар Новак рече дека се сигурни оти работите ќе бидат завршени со предвидената динамика. Евалд Хесе, директор на АНДРИЦ Хидро за Југоисточна Европа, пак, потенцираше дека нивната компанија ќе ја оправда довербата за овој важен договор, и дека проектот ќе се реализира според предвидениот план.

Направени се детални и веродостојни пресметки на потенцијалот за дополнителна енергија достапна преку подобрување на ефикасноста и намалување на загубите во генераторите и трансформаторите за седум гигават часови/годишно, притоа избегнувајќи ги емиисите од 6.000 тони на јаглерод диоксид годишно.

АД „Електрани на Македонија“ пред повеќе од една година најави реализација на значаен енергетски проект за ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза. Станува збор за зафат со кој, освен хидроелектраните Вруток и Равен ќе бидат третирани хидрокапацитетите уште и Врбен, Шпилје, Глобочица и Тиквеш.

Активностите кои треба да се реализираат во рамките на овој проект, пред се, опфаќаат ревитализација и модернизација на електричната и хидромеханичка опрема, градежни работи, како и имплементацијата на модерен систем за оскултација, односно набљудување на браните кај хидроелектраните. Овие активности се продолжување и дополнување на првата фаза на ревитализацијата на истите хидроелектрани која успешно беше реализирана во периодот од 1998 до 2005 година.

Од вкупните предвидени инвестиции во износ од 31,8 милиони евра за ревитализација на шесте хидроелектрани, најголемиот дел доаѓа од кредитот од Германската КфВ банка во висина од 27,1 милиони евра, додека преостанатите 4,7 милиони евра се обезбедени од сопствени средства на АД ЕЛЕМ.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/43550/potpishani_dogovori_za_revitalizacija_na_hidroelektranite_„vrutok“_i_„raven“.aspx
--- надополнето: 19 март 2012 во 16:08 ---
За три години ќе се изградат 21 хидроцентрала

Италијански и домашни инвеститори со 40 милиони евра ќе градат мини хидроцентрали во Македонија. За три години во енергетскиот систем на земјава треба да бидат вклучени 21 хидроцентрала со годишен капацитет од 23 мегават часови електрична енергија.

За три години во Македонија треба да се изградат уште 21 мали хидроцентрали. Договорите денеска ги потпишаа Министерот Сарачини и две италијански и осум домашни компании. Предвидените хидроцентрали ќе имаат вкупно инсталиран капацитет од 23 мегавати и со годишно производство од 87 гигават часови. Инвестицијата е 40 милиони евра, а ќе се градат на десетина реки низ земјава.

- Дополнително со овие договори за 21 мала хидроцентрала ќе се зголеми производството на електрична енергија на годишно ниво до 220 гигават часови, овие инвестиции се околу 100 милиони евра, изјави Ваљон Сарачини – министер за економија.

Три мали хидроелектрани веќе имаат добиено лиценци за производство на електрична енергија, уште 7 мали хидроцентрали се во фаза на изградба и се очекува до крајот на годината истите да бидат изградени.

- Инвестицијата се враќа од 8 до 10 години, но да не заборавиме договорите за концесија се на 20 години така што по овој период хидроцентралите се враќаат на државата што значи бенефит и за инвеститорот и за државата, изјави Кочо Анѓушев од МХЕ Јабланица.

Досега под концесија се издадени локации за вкупно 68 мали хидроцентрали што ќе можат да произведат струја и да заменат 10 проценти од вкупниот увоз на струја во земјава.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=88767


Струја ќе потече од „Злетовица“

Се предвидува дека третата фаза од овоJ повеЌенаменски хидросистем Ќе биде наЈисплатлива бидеЈЌи од водниот потенциЈал со коЈ располага сливното подраЧЈе на Злетовска Река годишно Ќе се произведуваат околу 50 милиони киловат-Часови електриЧна енергиЈа

И по две години од завршувањето на изградбата на првата фаза од хидросистемот „Злетовица“, вода од Злетовска Река с` уште пијат само жителите на Свети Николе, иако беше предвидено овој капацитет да напојува пет општини од североисточниот регион. Општина Свети Николе засега е единствената која со новоизградената филтер-станица и е во можност на граѓаните да им доставува квалитетна вода за пиење. Општините Штип и Пробиштип се надеваат дека дури од в година ќе бидат подготвени за да ја користат водата од јавното претпријатие „Хидросистем Злетовица“.

Со втората фаза од проект-хидросистемот „Злетовица“ е планирано да се наводнуваат околу 4.100 хектари обработлива земјоделска површина, од кои 3.000 хектари на територијата на Пробиштип и 1.100 хектари во Kратово. Со третата фаза од овој повеќенаменски хидросистем, која според предвидувањата ќе биде и најисплатлива, од доискористување на водниот потенцијал со кој располага сливното подрачје на Злетовска Река, се планира годишно да се произведуваат околу 50 милиони киловат-часови електрична енергија.

- Овие две фази од ХС „Злетовица“ се мошне значајни за нас и за населението од овој регион. Затоа пред две години упативме барање до Европската инвестициска банка (ЕИБ) за одобрување грант од 1 милион евра, со кои ќе може да се пристапи кон изработка на техничката документација за овие две фази од повеќенаменскиот хидросистем „Злетовица“. На општо задоволство добивме позитивен одговор од ЕИБ, која ги одобри бараните пари. Договорот за грантот веќе е потпишан, а во меѓувреме тече и постапката од меѓународниот јавен повик за избор на консултант, кој го распишавме заедно со Министерството за земјоделство - вели Стојан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1A5F33519C4DA041ACD88C8D7CF92E9C
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Енергиjaта добивана от хидроцентрали во една система се користи предимно за пиковите моменти.
Утре нема да имаш врнежи, но индустриjaта и домакинствата имат потреби, што правиш ?
--- надополнето: 20 март 2012 во 00:46 ---
Бугарите прават нуклеарка за да ја заменат старата Козлодуи, а ЕВН во Бугарија има 4 термоцентрали кои заедно прават повеќе струја од нуклеарката козлодуи, што мислиш ти, зошто нашите го продадоја ЕСМ на автријците?
Кои са тиja 4 термоцентрали?
--- надополнето: 20 март 2012 во 00:52 ---
Нас не вадат сончеви електрани, не се многу скапи, а сонце имаме 250 дена во годината, а не некои места и некој ден повеќе. Сончеви електрани во Струмица, Радовиш и Гевгелија и ќе имаме евтина струја за извоз.
Нуклеарка е врв идиотизам, знаејќи како нашите сакаат да украдат од се по малку, многу малку верувам дека ќе се направи како што треба, ама и направените нуклеарки во Јапонија не се баш за верба после последната хаварија. А плус ураниум треба да купува, радиоактивен отпад треба некаде да складираме и да не редиме тука уште ред други работи што доаѓаат со нуклеарката.
Около 200-300 евра по МW. На това викаш евтина?
 
A

Accipiter82

Гостин
Според мене решение е во ТЕТО но од друга снемаме развиена гасна мрежа и имаме монопол/олигопол во дистрибуцијата на гасот а немаме политичка волја да го решиме овој проблем
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Според мене решение е во ТЕТО но од друга снемаме развиена гасна мрежа и имаме монопол/олигопол во дистрибуцијата на гасот а немаме политичка волја да го решиме овој проблем
Зошто мислиш дека ТЕТО е решени.? Имаш ли податок колку чини гасот, а колку е цената на струјата од ТЕТО.?
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
не е точно дека немаме наоѓалишта на јаглен......во тимјаник неготинско имало само кутриве наши не се замарат чекат да го продадат на некој странец за да земат провизија.....исто како и за Алшар....не сме држава штом незнаиме сами да го испитуваме алшар и лорандитот....исто и со јагленот во неготино ке биде......а замислете тука е тец неготино која е на мазут но мозе да пренамени на јаглен за само 0,4милијарди евра
--- надополнето: 20 март 2012 во 17:32 ---
не е точно дека немаме наоѓалишта на јаглен......во тимјаник неготинско имало само кутриве наши не се замарат чекат да го продадат на некој странец за да земат провизија.....исто како и за Алшар....не сме држава штом незнаиме сами да го испитуваме алшар и лорандитот....исто и со јагленот во неготино ке биде......а замислете тука е тец неготино која е на мазут но мозе да пренамени на јаглен за само 0,4милијарди евра
 
A

Accipiter82

Гостин
Зошто мислиш дека ТЕТО е решени.? Имаш ли податок колку чини гасот, а колку е цената на струјата од ТЕТО.?
Како што реков во вториот дел на моето мислење дека се додека постои монопол/олигопол во дистрибуција на гасот како и непостоење на квалитетна инфраструктура во дистрибиција на гасот ТЕТО е за наши услови неисплатива. Но доколку се елиминираат овие пречки мислам дека ТЕТО се перспектива за Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom