Енергетска зависност на Македонија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вардарска Долина во моментов е најпросперитетниот проект што ние како држава би го имале. Да бевме доволно моќни (финансиски) за да можиме сами да го спроведиме, ќе беше најдобро, ама... Самиот по себе чини милијарда евра, башка што треба дислоцирање на патишта и пруги. Ама пак ќарот многу брзо ќе се врати.
Нуклеарката е веќе друга тема на дискусија, долга и широка...
Незнам дали си забележал дека често користам примери од историјата. И сега ќе го направам тоа.
За Старите Египјани, најсреќен период представувал периодот на третата и четвртата династија, односно времето кога се градени и изградени пирамидите.
Пирамидата, од денешен поглед на работите, е наполно бесмислено дело. Но кога се гради нешто, па макар и бесмислено, заживува стопанството, сите луѓе се побогати и се е подобро.
Ние не мораме за еден ден, една година или една деценија да ја изградиме Вардарска долина, но секако со сопствени сили можеме да почнеме.
А, мојот покоен Дедо велеше: Се што ќе почнеш ќе го завршиш, што никогаш нема да почнеш, никогаш нема ни да го завршиш.
Затоа треба да почнеме и тоа со сопствени сили.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103

Точно, потполно се согласувам.
Друг проблем претставуваат и смрдешиве од југов. За било која централа шо ќе се гради на река што се слива во Егејот, мора да добиеме нивна согласност за градба. И тука е просторот за уцени, држ-не-дај... Незнам за ова со вардарскава долина како е средено, ама и да се сите бариери отстранети, не верувам дека има желба некој да се зафати да го реализира. Затоа најлесно им е, дај го на концесија, па другиот нека му ја мисли. Иначе, кадар имаме и на претек, фирми градежни исто така, механизација, се’... Со еден ваков проект ќе се раздвижи цела држава, цела економија ќе се раздвижи како никогаш досега од 2-ра св. војна наваму.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Бугарската Соларпро Холдинг ќе гради соларна електрана кај Битола

Бугарската компанија Соларпро Холдинг потпиша договор за изградба на фотоволтаичен парк во Македонија, објави компанијата.

Соларниот парк со моќност од 1 мегават ќе се гради во близина на Битола, а бугарската компанија, согласно договорот, ќе биде одговорна за целосната реализација на проектот.

Соларпро Холдинг досега во Бугарија има изградено 32 соларни електрани со вкупен капацитет од речиси 100 мегавати, а соларниот парк во Битола ќе биде првиот што компанијата го гради во странство.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/49483/bugarskata_solarpro_holding_kje_gradi_solarna_elektrana_kaj_bitola.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Форум за развој на малите хидроцентрали во Македонија

Истакнувањето на проблемите со кои се соочуваат инвеститорите од правен, технички и финансиски аспект при изградбата на малите хидроцентрали во Македонија, беше тема на денешниот Форум за развој на малите хидроцентрали во земјава, организиран од ИФЦ.
Министерот за економија Ваљон Сарачини во своето обраќање истакна дека досега се спроведени пет тендерски постапки за доделување на концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроцентрали за дел од 408. локации одредени со Студијата направена во соработка со Светска банка.
Доколку бидат изградени сите планирани мали хидроцентрали, додаде, ќе имаат моќност од околу 350 мега вати и производство на електрична енергија од 1.200 гига ват часови годишно, односно исто колку Чебрен и Галиште или Вардарска долина.
- Досега се потпишани 68 договори за концесија, од кои 21 пред четири месеци, со вкупна иснсталирана моќ од 58 мега вати и очекувано годишно производство од 120 гига ват часови. Вкупната очекувана инсвестиција е проценета на околу 120 милиони евра, рече министерот Сарачини.
Моментално, додаде се изградени пет, од кои две се веќе вклучени во производство, а останатите три ќе бидат вклучени наскоро. До крајот на годинава ќе бидат готови уште пет мали хидроцентрали.
- Сите други се во напредна фаза на изведба и се очекува до крајот на наредната година да бидат завршени бидејќи е услов три години по потпишувањето на договорот да бидат готиви, појасни Сарачини.
Досега, додаде, нама ниту една одземена концесија иако, како што кажа, инвеститорите имале проблеми со жителите и градоначалниците на две општини, но тоа се решило на седница на Влада и наскоро се очекува да почнат градежните работи.
- Концесионерите најмногу се жалат на добивањето согласности од институциите, но според договорот за секое доцнење кое е по вина на институциите со одлука на Влада рокот може да се продолжи. Ние го направивме тоа таму каде што утврдивме дека вината е во институциите и им го продолживме рокот толку колку што чекале за добивање согласност или мислење, изјави Сарачини пред почетокот на форумот.
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми рече дека и по преземањето на надлежноста за објавување на тендерите за малите хидроцентрали од Министерството за економија ќе продолжат да соработуваат со ИФЦ во делот на консултантските услуги.
- Очекувам за 30 дена да се објави нов тендер и се надевам дека заедно со Министерството за економија и ИФЦ ќе приоднесеме да имаме поголем број на успешни концесии, изјави Адеми пред почетокот на форумот.
Концесионерите, додаде, најмногу забележуваат што рокот за концесионирање започнува веднаш по потпишувањето на договорот, а градбата почнува по две или три години, додека производството по четири години од потпишувањето.
- Концесионерите бараат периодот за концесионирање да почне да им се пресметува барем од денот на добивањето на дозвола за градба. Имаат и други забелешки кои ќе се обидеме во следниот тендер да ги елиминираме, рече Адеми.
Небојша Арсенијевиќ, менаџерот на Балканската програма за обновливи извори на енергија на ИФЦ истакна дека покрај во Македонија присутни се со проекти и во Албанија, Босна и Херцеговина,а од јули ќе започнат во Србија и во останатите балкански земји.
- Балканот изобилува со хидропотенцијал. Нашата задача е да направиме добар амбиент за вложувања. Сметам дека ќе има инвестиции во регионот во хидроцентрали ако се отстранат регулаторните проблеми. Регулативата во Македонија моментно е многу подобра отколку што беше во Албанија и Босна и Херцеговина кога почнавме со нашите активности во рамките на проект за изградба на малите хидроцентрали. Кај вас не е потребно да се прават основните закони, туку само мали подзаконски акти, стандардни документи и договори за откуп на струја, односно некои мали документи кои ќе им помогнат на компаниите да ги смалат ризиците за инвестицијата, рече Арсенијевиќ.
Тој посочи дека ИФЦ соработува со државите на унапредување на регулативата, со приватните форми на развојот на нивните прокети и со банките преку обука како да направат специјални производи за мали хидроцентрали.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
ова е јако:

Овој портабилен шпорет е еден од најдобрите гаџети на кои сме налетале до сега. „BioLite“ е компактен, портабилен шпорет кој гори гранчиња, стапчиња и други обновливи извори на енергија како што е нафтен гас, овозможувајќи брза потпала на тие ситни гранчиња.
Но, која е тука предноста кај овој гаџет? Тој ја искористува топлинската енергија и ја претвора во електрична, па на предниот дел се наоѓа „USB“ порт, па секогаш ќе може да го наполните својот „iPhone“, „GPS“ или некој друг портабилен уред. Барем насекаде може да најдете нешто што ќе го изгорите во било кое време :).

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ОД НАЈАВЕНИ 400 МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ СТРУЈА ПРОИЗВЕДУВААТ САМО ДВЕ

Од 2006 година до денес, Владата склучи договор за изградба на само 68 мали хидроцентрали, од вкупно 400. Од нив, изградени се само пет, а струја произведуваат само две.
Иако Владата уште во 2006 година си постави рок до 2013 година да се изградат сите 400 мали хидроелектрани, фактичката состојба го руши оптимизмот дека проектот ќе биде успешен. Од најавените 400 мали хидроцентрали за период од шест години иградени се само пет. Од нив, само две произведуваат струја.
Владата досега потпиша само 68 договори со концесионерите. Министрите за економија и за животна средина, Ваљон Сараќини и Абдулаќим Адеми, и покрај фактичката состојба не мислат дека проектот „400 мали хидроцентрали“ доживеа фијаско. Свесни за проблемите со кои се соочуваат инвеститорите на малите хидроцентрали, министрите засега нема да ги олеснат начините за побрза изградба на овие електрани.
„Моментално се изградени пет мали хидроцентрали. До крајот на годината очекуваме да се изградат уште пет, сите други се во напредна фаза на изградба. Условот за концесионерите во договорот е малата хидроцентрала да биде завршена во рок од три години од потпишувањето на договорот. Досега не сме одзеле ниту една концесија, иако имавме неколку проблеми на терен со општините и со населението. Имавме, на пример, проблем со општина Сопиште, каде што концесионерот ППЦ треба да гради, но проблемите се надминати и очекувам дека наскоро ќе почнат градежните работи. Факт е дека концесионерите се жалат, многу чекаат за добивање какви било дозволи и согласности од институциите. Но, со одлука на Влада решивме секое доцнење по вина на надлежната институција, да го продолжиме рокот за изградба за онолку за колку концесионерот чекал да добие каква било согласност или мислење од некоја институција“, изјави министерот Сараќини во четвртокот на Форум за развој на мали хидроцентрали, регулатива, финансирање и инвестициски предизвици, организиран од Меѓународната финансиска корпорација...
http://www.kapital.mk/MK/makedonija/84739/od_najaveni_400_mali_hidrocentrali_struja_proizveduvaat_samo_dve.aspx
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Абе дај не ги крати текстовите стај ги цели се губи смислата
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 13:51 ---
КОМПАНИИ / ПАЗАРИ / ФИНАНСИИ
ОД НАЈАВЕНИ 400 МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ СТРУЈА ПРОИЗВЕДУВААТ САМО 2

Катерина Попоска

Од 2006 година до денес, Владата склучи договор за изградба на само 68 мали хидроцентрали, од вкупно 400. Од нив, изградени се само пет, а струја произведуваат само две
Иако Владата уште во 2006 година си постави рок до 2013 година да се изградат сите 400 мали хидроелектрани, фактичката состојба го руши оптимизмот дека проектот ќе биде успешен. Од најавените 400 мали хидроцентрали за период од шест години иградени се само пет. Од нив, само две произведуваат струја.
Владата досега потпиша само 68 договори со концесионерите. Министрите за економија и за животна средина, Ваљон Сараќини и Абдулаќим Адеми, и покрај фактичката состојба не мислат дека проектот „400 мали хидроцентрали“ доживеа фијаско. Свесни за проблемите со кои се соочуваат инвеститорите на малите хидроцентрали, министрите засега нема да ги олеснат начините за побрза изградба на овие електрани.„Моментално се изградени пет мали хидроцентрали. До крајот на годината очекуваме да се изградат уште пет, сите други се во напредна фаза на изградба. Условот за концесионерите во договорот е малата хидроцентрала да биде завршена во рок од три години од потпишувањето на договорот. Досега не сме одзеле ниту една концесија, иако имавме неколку проблеми на терен со општините и со населението.
Имавме, на пример, проблем со општина Сопиште, каде што концесионерот ППЦ треба да гради, но проблемите се надминати и очекувам дека наскоро ќе почнат градежните работи. Факт е дека концесионерите се жалат, многу чекаат за добивање какви било дозволи и согласности од институциите. Но, со одлука на Влада решивме секое доцнење по вина на надлежната институција, да го продолжиме рокот за изградба за онолку за колку концесионерот чекал да добие каква било согласност или мислење од некоја институција“, изјави министерот Сараќини во четвртокот на Форум за развој на мали хидроцентрали, регулатива, финансирање и инвестициски предизвици, организиран од Меѓународната финансиска корпорација.Министерот за животна средина, Адеми, пак, признава дека концесионерите се жалат дека рокот за концесионирање почнува веднаш по потпишување на договорот, иако нив им биле потребни најмалку две години да ја изградат електраната и уште најмалку една година за да почнат да произведуваат струја. Но, промена на Законот за води или на идните концесиски договори засега нема. „Секако дека концесионерите имаат и други забелешки кои ќе се обидеме да ги надминеме во некои од следните тендери“, кусо објасни Адеми.
Нерешените имотно-правни односи, неподготвеноста на администрацијата и долгите процедури се само дел од проблемите кои ја оневозможуваат навремената изградба на малите хидроцентрали во земјава. Постојните инвеститори на овие електрани за „Капитал“ признаваат дека доцнат со изградба поради лошо скроената тендерска документација. Австриската енергетска компанија Energy Zotter Bay доцни со изградбата на првите мали хидроцентрали од вкупно 16 за кои во јули 2009 година доби концесии за вода. Иако најави дека во февруари 2010 година ќе почнат да ги произведуваат и првите киловат-часови струја од неколкуте мали хидроцентрали досега изградиле само две. Управителот на фирмата во земјава, Самоил Целевски, за „Капитал“ вели дека и понатаму сакаат да ги градат електраните за кои добиле концесија.Според проекците на Владата, 400-те мали хидроцентрали годишно треба да произведуваат 1.200 гигават-часови струја, што е речиси колку годишното производство на сe уште неизградените Чебрен и Галиште или колку на Вардарска долина.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НЕ ГИ ЗАГРИЖУВА ЕНЕРГЕТИЧАРИТЕ?!

Катерина Попоска

Наместо да се зборува како Македонија повеќе да не биде зависна од увозот на енергенси, да почне да гради термо и хидроелектрани и конечно да се гасифицира цела држава, 50-тината директори на државни и приватни енергетски компани, универзитетски професори, академици и претставници од Владата присутни на прославата на 20-годишнината на Здружението на енергетичари (ЗЕМАК), не проблематизираа што Македонија наскоро може да се сочи со електро-енергетски колапс. Актуелните и поранешните претседатели на ЗЕМАК се пофалија што за овие 20 години добиле сопствен канцелариски простор, организирале многу дебати, давале совети...
Претседателот на ЗЕМАК, Ристо Јаневски, кој е и директор во Рафинеријата Окта, не понуди конкретно решение како Македонија да го зголеми домашното производство на енергија. За него доволно е што МАНУ изготви стратегија за Владата со насоки што се треба да се изгради во следните 20 години.
“Сите работи се коордибнирани. Има стратегија за развој на енрегетиката на Македонија во следните 20-30 години, во моментиов се подготвува и петгодишниот план, така што ќе се изнајдат правилните решенија во овој момент кога тешко оди снабдувањето со енергија и се бара сигурност во снабдувањето. Снабдувањето со енергија е главниот предизвик со кој треба да се справуваме“, изјави Јаневски без да прецизира зошто Македонија се доведе во ситуација на се помало производсто на енергија, на дефицитарни инвестици во овој сектор, наспроти растечката потрошувачка.

И министерот за економија, Ваљон Сараќини се согласи дека сигурното снабдување со енергија е основен услов за стопански развој на една земја или регион, но и тој не прецизираше зошто во земјава не се градат клучните енергетски проеити кои треба да ја спасат Македонија од скапиот увоз на струја.
“Според степенот и начинот на користење на енергијата може да се согледа нивото на економска, технолошка и културна подготвеност на секоја земја. Енергијата, нејзината достапност и безбедноста во снабдувањето е основен фактор за развојот на секоја држава. Владата ја третира енергетиката како еден од приоритетните, стратешки области и посветува посебно внимание на овој сектор“, изјави Сараќини.

Поразителна е енергетска слика за земјава. Во моментов не се гради гасовод, ниту се гради нова термо или хидроелектрана. Со минорно домашно производство, државата ќе ја покрива растечката потрошувачка на енергија, за 4% поголема во однос на 2011 година. Освен веќе изградените, хидроцентралата Света Петка и приватната инвестиција-когенеративната електрана ТЕ-ТО, веќе неколку години во земјава не се гради нов енергетски објект. Се до 2016 година, Македонија ќе “кубури“ со домашно произведена струја-просечната годишна стапка на раст се проектира на 4,9%. Поради досегашната “енергетска летаргија“, увозот на електрична енергија до 2016 година во вкупната потрошувачка на струја ќе учествува со 19,2%, покажува петгодишниот Енергетски биланс на Македонија. Иако компаниите очајно го бараат природниот гас, нема дилеми дека Владата во скоро време ќе ја реализира одамна зададената цел-гасификација на цела Македонија.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/85005/energetskata_kriza_ne_gi_zagrizhuva_energeticharite_!.aspx
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Претседателот на ЗЕМАК, Ристо Јаневски, кој е и директор во Рафинеријата Окта, не понуди конкретно решение како Македонија да го зголеми домашното производство на енергија.
И министерот за економија, Ваљон Сараќини се согласи дека сигурното снабдување со енергија е основен услов за стопански развој на една земја или регион, но и тој не прецизираше зошто во земјава не се градат клучните енергетски проеити кои треба да ја спасат Македонија од скапиот увоз на струја.
Поразителна е енергетска слика за земјава.
Иако компаниите очајно го бараат природниот гас,
Oва се цитати кои јасно зборуваат зад тоа кој стои зад вакви тврдења. Јаневски не понудил решение. Министерот Сараќини не прецизирал... Сликата е поразителна
.. Компаниите очајно бараат....

Единствена светла точка еприватната инвестиција-когенеративната електрана ТЕ-ТО“
А за тоа што за граѓаните на Скопје ќе значи ТЕ - ТО ќе отвориме нова тема, која не можам да ја отворам сега, бидејќи сум ангажиран околу 50% на Топлификација кои се и те како поврзани со ТЕ - ТО.
 
F

fantomX

Гостин
Секогаш е тука стариот добар УВОЗ, така да нема енергетска криза.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Спас од ПОРАЗИТЕЛЕН УВОЗ на струје веќе нема. Евентуално само ако фундаментално се промени светскиот тренд на глобализам и се смисли нешто друго.Што е гледано од сегашна перспектива...небулоза...
Цената на струјата станува пазарна работа на голем пазар, значи ДОМАШНО ПРОИЗВЕДЕНА СТРУЈА ЗА ДОМАШНИ ПОТРЕБИ ...НЕМА ВЕЌЕ..АЧКА..:)
Сите ние сеуште живееме со умот во минатото, кога државата беше опкружување, фамилија ..која се грижи са своите членови во секој поглед , а соработува или се кара со другите помали, поголеми или најголеми фамилии во светот...сега поимот држава е нешто сосема друго..
Сепак останува единствено решението да ги дочекаме Клингтонците , кои се најавуваат за 2017 и кои, како се очекува, ќе ни ја донесат како подарок.., магијата на бесплатна електрична енергија во пакети од 1 МW у кутивче за кибрит..:vozbud:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Секогаш е тука стариот добар УВОЗ, така да нема енергетска криза.
Зимава видовме како изгледа да си зависен од увозна струја, цели градови во темница.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Цената на струјата станува пазарна работа на голем пазар, значи ДОМАШНО ПРОИЗВЕДЕНА СТРУЈА ЗА ДОМАШНИ ПОТРЕБИ ...НЕМА ВЕЌЕ..АЧКА..:)
Во принциоп си во право, меѓутоа мора да се бориме.
На овие страници имаше за проектот вардарска долина, тука ништо не е направено
Кај нас само 4% од домаќинствата поседуваат сончев колектор за подготвување топла вода во летните месеци. Еден сончев колектор со бојлер од 100 литри чини на светските помалку од150 долари, а годишно заштедува 2000 KWh електрична енергија. Ако 100 илјади домаќинства се опремат со вакви колектори ќе се заштеди 200 милиони KWh а тоа е количина на струја поголема од производството на хидроцентралите на реката Треска.
Ние имаме и лигнит, не многу но сепак имаме.
Тука е и користењето на биомаса. Еден KWh од компримиран метан чини, за тарифните потрошувачи околу 3,2 денари. А килограм биомаса, например исушени стебла од пченка, содржи од 4 - 5 KWh. Кога се одгледува пченка, колку килограми се добива зрно, нешто повеќе се добива килограми се добива биомаса. Ако земјоделците го продаваат зрното за 10 денари за килограм, зошто не би ги продавале стеблата од истата пченка за 3 - 4 денари по килограм.
Во Европа, многу градови се затоплуваат со градскиот одпад. А погледни кај нас, Топлификација не затоплува прескапо со гас и наместо да ја пуштат да пропадне, Регулаторна сака да им плаќаме 50% за да не пропаднат. А ако пропадне, веднаш ќе се формираат нови 10 фирми кои ќе не грејат поефтино и ќе користат домашно гориво. Тоа се законите на пазарното стопанство.
 
Ова е потполно точно и јас веднаш се потпишувам под тој план. Останува само малиот превид дека веќе државата , а и Македонија е каква таква држава(таа посебно од оние најопасните по народ..т.е. држава која глуми држава..) не е одамна заедница на нејзините граѓани, туку Трговско Друштво....каде нема џабе ни код старе бабе....:)
Вардарска долина , евентуално, ќе се реализира кога некој ќе најде таму бизнис интерес, до тогаш ќе остане приказна за потребите на предизборните кампањи...Колекторите, биомасата итн.се занимливи и како авантура на поединец или мала група луѓе.., но нашите поединци се сиромашни.., како оние во Чентрале Африка..и затоа плаќаат дупло, тродупло..како и за се, кога се купува на мали пакувања...
Десетте фирми кои ќе го грејат Скопје за дел од сумата која сега се наплатува..нема никогаш да ги видиш..., само будала тајкун и влада која тој ја има у џеб...коле гуска која носи златни јајца...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дадов ми се допаѓа, но не сакам така да биде.
Секогаш имало луѓе кои личната корист ќе ја стават пред општиот интерес. Мора да се бориме, а тоа не е борба која има крај, ако победиме едни, веднаш ќе се јават други и така ќе биде до крајот на светот. Што ќе постигнеме ако веднаш се предадеме?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom