Енергетска зависност на Македонија

Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Да во право си малите хидроцентрали се во сопственост на ЕВН (Матка, Сапунчица, Дошница....). Пред 2-3 години му правија ремонт и му ја зголемина моќноста
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ПРВАТА МАЛА ХИДРОЦЕНТРАЛА НА БИСТРИЦА

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе ја посети општина Теарце и ќе го означи почетокот на изградбата на една од четирите мали хидроцентрали, што ќе ги гради компанијата СОЛ ХИДРОПАУЕР ДООЕЛ Скопје.
Со оваа компанија Министерството за економија има потпишано четири договори за концесија на вода, на водотекот на реката Бистрица, каде веќе се почнати подготвителни активности за нивна изградба.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/94294/pochnuva_izgradbata_na_prvata_mala_hidrocentrala_na_bistrica.aspx

Завршува изградбата на хидроцентралата на „Студенчица“

Паралелно со водоснабдувањето на југозападниот дел од земјава, наскоро јавното претпријатие „Студенчица“ ќе почне и со производство на електрична струја

За таа цел привршува изградбата на новата хидроцентрала, инвестиција на јавното претпријатие.

- Во почетокот на мај ќе биде завршена изградбата на новата хидроцентрала што се наоѓа на цевководот од хидросистемот на ЈП „Студенчица“, поточно на преливната цевка од овој водоснабдителен систем. За да работи со полн капацитет новата хидроцентрала е потребно во цевководот на има проток на вода од околу 300 литри. Инаку инсталираниот капацитет на новата хидроцентрала е 450 киловати, а целокупната вредност на објектот изнесува 35 милиони денари, сопствени средства на јавното претпријатие. Изведувач на работите е компанијата „Феро инвест“ од Скопје. Целокупната технологија е на познатата австриска компанија „Гуглер“, а во новата хидроцентрала ќе биде монтиран и трансформатор од познат германски производител на ваков вид опрема - вели Гоце Наќески, директор на ЈП „Студенчица“.

Плановите на ова претпријатие продолжуваат со изградбата на уште една хидроцентрала на цевководот од хидросистемот на влезот во Прилеп.

- Втората хидроцентрала ќе биде изградена на цевководот на влезот во Прилеп. Оваа хидроцентрала ќе биде со инсталирана моќност од 200 киловати и ќе работи на протечната вода, каде што притисокот во цевките треба да изнесува 5-6 бари, колку што е потребно за ваков вид турбини, а притоа да не се наруши нормалното водоснабдување од хидросистемот. Инаку изградбата на оваа хидроцентрала ќе почне налето, односно откако ќе се надминат недоразбирањата со локалната самоуправа на Прилеп, околу локацијата и сопственоста на земјиштето каде што треба да биде инсталирана новата опрема - вели Наќески.

Новата хидроцентрала ќе има автоматски мониторинг, така што ќе нема потреба од нови вработувања и оптоварување на буџетот на претпријатието.

Инаку, покрај водоснабдување и производство на електрична струја, во јавното претпријатие се размислува, со помош на јавно-приватно партнерство да се изгради и погон за полнење вода во пластична амбалажа.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=421391829&id=10&prilog=0&setIzdanie=22845
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.470
Оваа хидроцентрала ќе биде со инсталирана моќност од 200 киловати
Една зграда има поголема инсталирана потрошувачка моќност, не знам зошто толкава галама за проектов.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Една зграда има поголема инсталирана потрошувачка моќност, не знам зошто толкава галама за проектов.
Toa и јас постојано се прашувам.
Изградбата на мали хидроелектрани е не само скапа, туку и струјата добиена од мали хидроелектрани е скапа.
Oва се цените по кои се одкупува струјата од малите хидроцентрали одобрени од Регулаторна
http://www.erc.org.mk/pages.aspx?id=157
Како што можете да видите цените се движат и до 12 евро центи за KWh.
Веројатни причини се да се задоволат меѓународните договори за емисија на стакленички гасови и да се обезбеди енергетска независност.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ПРВАТА МАЛА ХИДРОЦЕНТРАЛА НА БИСТРИЦА

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе ја посети општина Теарце и ќе го означи почетокот на изградбата на една од четирите мали хидроцентрали, што ќе ги гради компанијата СОЛ ХИДРОПАУЕР ДООЕЛ Скопје.
Со оваа компанија Министерството за економија има потпишано четири договори за концесија на вода, на водотекот на реката Бистрица, каде веќе се почнати подготвителни активности за нивна изградба.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/94294/pochnuva_izgradbata_na_prvata_mala_hidrocentrala_na_bistrica.aspx

Завршува изградбата на хидроцентралата на „Студенчица“

Паралелно со водоснабдувањето на југозападниот дел од земјава, наскоро јавното претпријатие „Студенчица“ ќе почне и со производство на електрична струја

За таа цел привршува изградбата на новата хидроцентрала, инвестиција на јавното претпријатие.

- Во почетокот на мај ќе биде завршена изградбата на новата хидроцентрала што се наоѓа на цевководот од хидросистемот на ЈП „Студенчица“, поточно на преливната цевка од овој водоснабдителен систем. За да работи со полн капацитет новата хидроцентрала е потребно во цевководот на има проток на вода од околу 300 литри. Инаку инсталираниот капацитет на новата хидроцентрала е 450 киловати, а целокупната вредност на објектот изнесува 35 милиони денари, сопствени средства на јавното претпријатие. Изведувач на работите е компанијата „Феро инвест“ од Скопје. Целокупната технологија е на познатата австриска компанија „Гуглер“, а во новата хидроцентрала ќе биде монтиран и трансформатор од познат германски производител на ваков вид опрема - вели Гоце Наќески, директор на ЈП „Студенчица“.

Плановите на ова претпријатие продолжуваат со изградбата на уште една хидроцентрала на цевководот од хидросистемот на влезот во Прилеп.

- Втората хидроцентрала ќе биде изградена на цевководот на влезот во Прилеп. Оваа хидроцентрала ќе биде со инсталирана моќност од 200 киловати и ќе работи на протечната вода, каде што притисокот во цевките треба да изнесува 5-6 бари, колку што е потребно за ваков вид турбини, а притоа да не се наруши нормалното водоснабдување од хидросистемот. Инаку изградбата на оваа хидроцентрала ќе почне налето, односно откако ќе се надминат недоразбирањата со локалната самоуправа на Прилеп, околу локацијата и сопственоста на земјиштето каде што треба да биде инсталирана новата опрема - вели Наќески.

Новата хидроцентрала ќе има автоматски мониторинг, така што ќе нема потреба од нови вработувања и оптоварување на буџетот на претпријатието.

Инаку, покрај водоснабдување и производство на електрична струја, во јавното претпријатие се размислува, со помош на јавно-приватно партнерство да се изгради и погон за полнење вода во пластична амбалажа.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=421391829&id=10&prilog=0&setIzdanie=22845
Па тоа са смешни броjки.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Па тоа са смешни броjки.
Знам дека се смешни. И ја се согласувам со тоа, како и со постот на Смрт за зони и пајак возила.Целата е изгледа да се задоволат Еу регулативите за застапеност на зелена енергија. Но сепак ме интересира колку е ќарот на инвеститорот,зашто чим ги гради не е за ништо. А во секој случај секоја правилна искористеност на природните ресурси(во овој случај водата) е за поздравување, барем тоа е мое мислење.
 
Да се обидеме да процениме колкав e ќарот врз основ на оскудните податоци кои се дадени во лиценцата:
Ова е одлука и лиценца која Регулаторна ја издала за изградба на мала хидроцентрала со инсталирана моќност од 1200 KW за изградба на Кaменичка река
http://www.erc.org.mk/licenci/EE-L-2013.03.28-VL.VO SILA-MHE KAMENICKA REKA.pdf
Предвидено е поставување на само еден агрегат, пелтон турбина со пад од 142 метри и номинален проток од 1 м3/ѕ.
Од падот, според формулата на Торичели, може да се пресмета брзината на водата на млазницата и таа брзина е околу 53 м/ѕ
Од брзината на водата во млазницата и протокот може да пресметаме колкав е дијаметарот на млазот, ако турбината има само една млазница, И тој дијаметар изнесува околу 160 милиметри
Периферната брзината со која се врти колото е половина од оваа брзина односно околу 26 м/с.
Во лиценцата е дадено дека бројот на вртежи е 600 во минута или 10 во секунда.
Од ова може да се најде радиусот на колото.
Тој радиус е околу 0, 42 метри, што значи дијаметарот на колото е околу 850 милиметри.
Од дијаметарот на млазот и дијаметарот на колото и од податокот, даден во лиценцата дека има вертикално вратило, може да се заклучи дека се работи за вертикална пелтон турбина со најмалку четири млазници.
Од ова може да процениме, со која просечна моќност ќе работи централата.
Значи централата ќе работи со моќност од 300 до 1200 КW.
или просечно со 500 KW.
Од ова може да се процени колку струја ќе произведе
500 KW * 24 часа * 365 дена = 4 380 000 КWh годишно
Не знаеме која цена и ја одобрила Регулаторна, на пример за цена од 8 евро центи за еден КWh.Вкупниот годишен приход би бил
4 380 000 * 0,08 = 350 400 евра годишно
Уште е потешко да процениме колку ќе чини инвестицијата,
Ако процениме дека за еден KW инсталирана моќност ќе се потрошат 2000 евра, вкупната инвестиција може да се процени на
2000 евра * 1200 KW = 2 400 000 евра
Значи годишно ќе се исплатуваат
350 000/ 2 400 000 = 0, 146 = 14,6% од почетната инвестиција или за 7 години ќе се исплати инвестицијата
 
Член од
18 јануари 2013
Мислења
27
Поени од реакции
11
Знам дека се смешни. И ја се согласувам со тоа, како и со постот на Смрт за зони и пајак возила.Целата е изгледа да се задоволат Еу регулативите за застапеност на зелена енергија. Но сепак ме интересира колку е ќарот на инвеститорот,зашто чим ги гради не е за ништо. А во секој случај секоја правилна искористеност на природните ресурси(во овој случај водата) е заb поздравување, барем тоа е мое мислење.
Abe makedonce koj k... e EU da ni kazuva so treba da za zadovoli a so ne...za so ve izbira narod be telinja....nemate sopstveno glediste sto e energetski efikasno a sto ne....abe ljuge na forumov ima 3 pati pokadrni nego ovie patriotive od pozicija i opozicija..
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Знам дека се смешни. И ја се согласувам со тоа, како и со постот на Смрт за зони и пајак возила.Целата е изгледа да се задоволат Еу регулативите за застапеност на зелена енергија. Но сепак ме интересира колку е ќарот на инвеститорот,зашто чим ги гради не е за ништо. А во секој случај секоја правилна искористеност на природните ресурси(во овој случај водата) е за поздравување, барем тоа е мое мислење.
Застапеноста (ако гледаме ЕУ регулативите) треба да е 20% от потрошената електрична енергиja до 2020 година.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Abe makedonce koj k... e EU da ni kazuva so treba da za zadovoli a so ne...za so ve izbira narod be telinja....nemate sopstveno glediste sto e energetski efikasno a sto ne....abe ljuge na forumov ima 3 pati pokadrni nego ovie patriotive od pozicija i opozicija..
Кога би биле енергетски независни, тогаш ке може да калкулираме, дали да ја слушаме ЕУ или не за ова прашање.Плус нели се стремиме за влез во ЕУ, имаме потпишано договори и слично, епа тогаш ке играш како што ке ти свират.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Кога би биле енергетски независни, тогаш ке може да калкулираме, дали да ја слушаме ЕУ или не за ова прашање.Плус нели се стремиме за влез во ЕУ, имаме потпишано договори и слично, епа тогаш ке играш како што ке ти свират.
Многу сте далеку уште от подпишуване на договори. Кога почнат преговорите ,токага ке договорите рокови и накраj ке подпишете договор за пристапуване во ЕУ, а тоj договор ке мине из сите 28 веке парламенти за ратификуване.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Многу сте далеку уште от подпишуване на договори. Кога почнат преговорите ,токага ке договорите рокови и накраj ке подпишете договор за пристапуване во ЕУ, а тоj договор ке мине из сите 28 веке парламенти за ратификуване.
Без разлика до каде сме со потпишување и спроведување договори, чим се стремиме натака треба полека да се подготвува терен.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО БИТОЛА ГРАДАТ ХИДРОЦЕНТРАЛИ
Од водата за пиење и за наводнување добиваат струја

Јавните претпријатија од Битола инвестираат во производство на струја од обновливи извори. Досега ЈП „Стрежево“ изгради пет мали хидроцентрали искористувајќи ја јачината на водата што се збира во вештачката акумулација, а потоа се пушта за наводнување на Пелагониското Поле и за други корисници. ЈП „Водовод“ изгради уште една хидроцентрала со искористување на хидропотенцијалот, што потоа се користи за водоснабдување на градот.

Шесте хидроцентрали произведуваат над 13 гигават-часови електрична енергија на годишно ниво, која се продава како екоструја по субвенционирана цена. Експертите велат дека со ова производство може за цела година да се задоволат потребите за струја на гратче колку Ресен, со над 2.000 домаќинства или околу 8.000 жители.

- Во хидросистемот „Стрежево“ максимално е искористен целиот расположив хидропотенцијал на водите со изградбата на пет мали хидроцентрали во периодот од 1992 до 2012година Тие имаат вкупна инсталирана моќност од 3,8 мегавати и може да се добие вкупно годишно производство на струја од 11,3 гигават-часови - вели д-р Љупчо Бошевски, директорот на ЈП „Стрежево“.

Во изминатите 20 години ова јавно претпријатие изгради три прибрански и две деривациони хидроцентрали. Последната ХЕЦ „Експлоатационен минимум“ ги опфаќа водите што се праќаат од акумилацијата до стопанските објекти, кои претходно не се користеа и настануваше загуба од 1,4 милиони евра.

ЈП „Водовод“, пак, хидроцентралата ја изгради на главниот довод за водоснабдување на градот. Водата која во градот се испорачува за пиење првин минува низ турбината на хидроцентралата.

- Јачината на хидроцентралата е 360 киловати, вредноста на изградбата беше околу 400 илјади евра, а приходите на годишно ниво се околу 200 илјади евра. Во рок од две до три години ќе се поврати комплетно инвестицијата - вели Зоран Илиовски, директор на ЈП „Водовод“.

Хидроцентралите се градат не само за да се подобри економската состојба на претпријатијата, преку продажбата на струја, туку се и дополнителен извор за средства што се вложуваат во обновување на водоснабдителните системи. Хидроцентралата на „Водовод“ му помага подобро да менаџира со снабдувањето на градот со сурова вода, а да ги контролира и загубите на вода.

- Парите што ги имаме од продажбата на електричната енергија се многу поголеми отколку да ја користиме за сопствени потреби. Продажбата се одвива преку МЕПСО, одреден дел од цената е пазарна, а другиот дел се субвенционира во зависност од количеството продадена струја - додава Илиовски.

Според европските директиви, до 2020 година во секоја европска членка дури 20 проценти од производството на електрична енергија треба да биде од обновливи извори. На овој начин помалку се загадува животната средина.

Според државната стратегија за енергетика, Македонија располага со технички потенцијал на хидроенергија за производство на околу 5.500 гигават-часови електрична енергија годишно. Од овој потенцијал досега се изградени хидроелектроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 580 мегавати со просечно производство од околу 1.500 гигават-часови, што претставува 27 отсто од расположливиот потенцијал.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D796A86AFAA1A94A8F079A3986413C74
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Сарачини: До крајот на годината Македонија ќе добие уште 14 мали хидроцентрали

Четириесет милиони евра е вкупната инвестиција во 30-те мали хидроцентрали од кои 16 веќе работат, а 14 треба да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава. Инвеститорите денеска заедно со надлежните разговараа за реализацијата на проектот и проблемите со кои се соочуваат.
- Станува збор за сериозна инвестиција. Ова е нов сектор. Досега е завршена огромна работа. Изградени се 16 мали хидроелектрани во период од 1,5 година и до крајот на годината ќе бидат завршени уште 14, изјави по средбата министерот за економија Ваљон Сарачини.
Тој додаде дека средбата е искористена да се слушнат проблемите со кои се соочуваат инвеститорите при реализација на проектот и додаде дека институциите се секогаш отворени за дијалог со инвестоторите. Поддршка, истакна, добивале и досега, а и во иднина ќе продолжи поддршката и на странските и домашните инвестори.
Проблемите се од различен карактер, од административен карактер, објекти на терен и слично. Претставникот на компанијата Мали хидроелектрани, фирма ќерка на Енерџи истерн Јуроп, Самоил Целески посочи дека проблемите беа очекувани со оглед на тоа што првпат се реализираат вакви проекти во земјава и оти добро е што тие се решливи.
- Проектот продолжува да се реализира. Три мали хидроелектрани веќе се пуштени во употреба, една треба да се пушти за 1,5 месец, други две се во фаза на градба, а има и во фаза на подготовка на проекти. Не очекува уште доста работа, истакна Целески.
Министерот Сарачини и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми најавија дека на крајот на овој месец ќе се објави нов тендер за изградба на мали хидроцентрали.
- Предвидени се нови 80 локации и се уште се дискутира дали ќе се објават во еден тендер или ќе се поделат во повеќе, појасни министерот Адеми.
За да се излезе во пресрет на инвеститорите, истакна Адеми, во соработка со ИФЦ за изградба на нови малихидроцентрали, а ќе се отвори и едношалтерски систем во рамки на Министерството за да може да добијат информации на едно место.
http://press24.mk/sarachini-do-krajot-na-godinata-makedonija-kje-dobie-ushte-14-mali-hidrocentrali
 
Kajgana Shop

На врв Bottom