Според мене емотивниот манипулатор е болна работа. Пред се не е нормално некој свесно да го повредуваш и да си играш со него, а не се свесни за последиците не само на жртвата, туку на сами СЕБЕ (се додека не ги дознаат и другите) а и народско кажано, кармата е кучка.
Кога зборувате сите на форумов за "пари", тоа не се ЕМОТИВНИ манипулатори. Емотивни со материјално не се меша. И верувам дека колку и да се глупи жртвите, кога тогаш ќе им се отворат очите.
За како да се браниш сам себе од такви е да си независен од луѓето во било кој аспект, да си задоволен од сам себе и исполнет со и без нив. Да си научен да помагаш на луѓе со осет колку можеш ТИ, и да НЕ ОЧЕКУВАШ возврат (иако природно е да очекуваш). Верувај во сам себе, а не во другите и нема да си зависен. Пред се, тие не се каат, не се срамат (а знаат да изглумат многу добро) и обично не знаат што сакаат сами со себе и се неодлучни, а најлошо од се е што не се сакаат сами себе, а не па друг. Моја препорака - сакајте се првин себе (психички/физички/ментално) и не очекувајте многу од луѓе - полесно ќе ви биде на ВАС. Дајте си простор и време и задоволство на САМИ себе, па после на други, не се погазувајте сами себе, ама пред се бидете си искрени. Најчесто пребрзо се утрчуваме и веруваме во секого и затоа емотивните манипулатори победуваат и си играат со чувствата на друг. Многу точни работи прочитав низ темава, дека се секогаш жртвата, кога ќе им паднеш во рака си играат како играчка итн.