Пази парадокс, хардкор екстровертни персони покрај карантинов беа први што тупеа "интровертноста е моќ", "време за себе е топ" и тн, не само по социјални мрежи туку и по муабет. Тешки borderline социопатски екстроверти штом стигнаа лажно да се претстават себе за да искомуницираат со надворешноста... мислам што ондак ни преостанува
Мора да разбереме дека корумпирана, кодошка и сурова средина е Македонија, што значи емотивни манипулатори има со лопати да ги ринеш.
Македонија е општество со психолошки, морално и етички нееволуирана колективна свест... Луѓето работат на наштетување/елиминација на конкуренцијата повеќе отколку себенадградба и колаборација, варијабли кои се едни од илјадниците непознати во равенката "Зашто не не бива"...
Како тоа се вртат теми кога дојдат у тесно ехееееее немате појма, со такви ситни удари у баш секојдневни кежуал ситуации... Луѓе "добри само кога се со мене" еден ттттооооон. Пред други луѓе што е нивна оптимална средина, егото и тоа племенското "my dick is bigger than yours" одма потсвесно се упалува...
Знаете кога сте со некој/a asshole/кучка и кога се испонаша сељачки.... после тоа кога те погледне истата личност у очи и кога сфати и она дека е багра сељачка примитивна ? Е, кога тој поглед ќе ви се деси, знајте дека треба на таа особа едно "ИШШШШ" од мојот живот да и направите..
Истите такви емотивни манипулатори абе цела вечер ќе сакаат да ве спуштат на нивното "MY LIFE FOR THE HORDE" ниво како орките на Warcraft. Луѓе кои кројат план додека вие си праите најотворен, чист, длабок, инспиративен муабет со други додека сте во поголема група.
Така да, до сите оние интровертни персони кои се сведоци на некаков "мобинг" или психолошко изживување во социјални средини и ситуации, ќе им го кажам следново: терајте, надградувајте се, продлабочувајте се... со тек на време, ќе научите да се браните... а оние (доминантно) екстровертни емотивни манипулатори на кои сте изложени никад нема да сфатат дека тоа им е главно оружје за се во животот за разлика од вас интровертните на кои социјалната страна не ви е најсилна, туку мудроста и љубопитноста. Никад нема да сфатат дека сантата од мраз под вода е 10х поголема него над вода.