Емотивни манипулатори

Член од
12 јули 2020
Мислења
16
Поени од реакции
31
Дали ги препознавате? Како се браните?

Мала дефиниција:

Емоционалните манипулатори се мајстори за промена на реалноста со лаги или погрешни изјави со цел да ве збунат. Можеби ги преувеличуваат настаните за да се претворат како ранливи. Тие исто така ја разбираат нивната улога во некој конфликт со цел да добијат ваша симпатија. Нивното однесување е перфидна игра, каде ништо не е така како што изгледа. Понекогаш е многу тешко да се препознаат емотивните манипулатори, затоа што тие се способни суптилно да ве натераат да го направите она што го сакаат додека се чувствувате добро и корисно за тоа.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.173
Поени од реакции
3.736
Не се само жените, добро они се про, има и мажи ;)
Генерално земено е така пошто историски и еволуциски жените немале друг избор.

Инаку мислам дека темава би била поинтересна кога би зборувале за поекстремните случаеви на спектарот. На пример една работа е некое женско што заплакало за да добие симпатии или нешто слично, сосем друга ситуација е кога на пример Амбер Херд лажно го обвинува Џони Деп за злоупотребување и му вика никој нема да ти верува пошто си маж т.е свесна манипулација.

Вакви случаеви има многу и кај најобични луѓе, а каков вид манипулации зависи се користат зависи од повеќе фактори.
 
Зато и ја поставив темава, запознаен сум многу добро со BPD и дека е со широк спектар, па ја оставив вака да се развива во секаков правец. Еве можеме да зборуваме и за екстремните случаи, Вие одредувате во кој правец ке се води темава. Еве на пример Љубов, Работа, Пријатели...... со кои мислам дека најчесто се среќаваме и кои можат да завршат фатално.
 
Govinda

Божански Магарац
Член од
20 април 2014
Мислења
3.384
Поени од реакции
3.581
Машката манипулација брзо се препознава и затоа и не е толку опасна. Додека женската е ПРО како шо се изрази некој погоре. А најопасна е од жените кои несвесно или полусвесно манипулираат. Со други зборови, cо памук душа вадат.
 
Последно уредено:
Член од
12 јули 2020
Мислења
16
Поени од реакции
31
Машката манипулација брзо се препознава и затоа и не е толку опасна. Додека женската е ПРО како шо се изрази некој погоре. А најопасна е од жените кои несвесно или полусвесно манипулираат. Со други зборови, до памук душа вадат.
Па не би рекол, многу жени не гледаат бело видело од машка манипулација, жени 2м доле мажи во затвор, има такви доста случаи. По мене 40-60% е разликата помеѓу машка и женска манипулација. Инаку да јас кажав дека се жените про и знаат душа да вадат на памук, но мажите не заостануваат многу.
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Еве нешто да ве заинтересира:
Луѓето кои емотивно манипулираат честопати се преплашени од напуштање или оставање сами на себе, нестабилни односи, нејасна или менување на само-сликата, импулсивни, самоуништувачки однесувања, самоповредување, екстремни емотивни нишалки, хронични чувства на празнина, експлозивен гнев.
 
Последно уредено:

Govinda

Божански Магарац
Член од
20 април 2014
Мислења
3.384
Поени од реакции
3.581
Еве нешто да ве заинтересира:
Луѓето кои емотивно манипулираат честопати се преплашени од напуштање или оставање сами на себе, нестабилни односи, нејасна или менување на само-сликата, импулсивни, самоуништувачки однесувања, самоповредување, екстремни емотивни нишалки, хронични чувства на празнина, експлозивен гнев.
80 % жениии.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
5.839
Машката манипулација брзо се препознава и затоа и не е толку опасна. Додека женската е ПРО како шо се изрази некој погоре. А најопасна е од жените кои несвесно или полусвесно манипулираат. Со други зборови, cо памук душа вадат.
Недај боже да налеташ на машки манипулатор.Најмногу ги има на работно место.Тешки психопати.Се насочуваат кон еден колега кој обично е интровертен и шират омраза спрема него.После извесно време интровертниов колега станува жртва на мобинг.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
2.331
Поени од реакции
1.848
Eмотивните манипулатори имаат такво понашање што другите луѓе имаат претстава дека се многу добри луѓе... Најчесто манипулаторите на секого се обраќаат со бато/злато...

Денес најчеста работа со што се занимаваат манипулаторите е да го закрпат некого со пари... Денес даде на некого пари на заем прости се од тие пари. Ретко некој во денешно време што враќа...

Или пак денес му се потпиша на некого жирант за кредит, ќе треба после ти да го плаќаш кредитот. А со личноста си живеел убаво со децении и си имал голема доверба...
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
2.331
Поени од реакции
1.848
Манипулаторите (поготово тие што закрпуваат други луѓе со пари) одвреме-навреме си добиваат квалитетен ќотек, ама и си остануваат во животот „САМЦИ“... Нити дома им некој им иде на гости, ама и никој не ги прима дома да му влезат такви луѓе...

Првите 2-3 години од активното дружење таквите луѓе делуваат како најфер и најпоштени што може да биди, ама после тоа го покажуваат вистинското лице...

Кога - тога се дознава за таквите луѓе какви се. Не може никојпат за нив вистината да не излезе...

Со 1.000 денари некого што ќе го закрпат нема да се збогатат, ама загубиле голем и вистински пријател, што после некое време ако имаат ептен поголема мака нема да имаат лице за да побараат помош, ама и доколку побараат помош кој оштетен што е парично ќе сака на таков да му помогни???
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
5.183
Поени од реакции
8.356
Па не би рекол, многу жени не гледаат бело видело од машка манипулација, жени 2м доле мажи во затвор, има такви доста случаи. По мене 40-60% е разликата помеѓу машка и женска манипулација. Инаку да јас кажав дека се жените про и знаат душа да вадат на памук, но мажите не заостануваат многу.
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Еве нешто да ве заинтересира:
Луѓето кои емотивно манипулираат честопати се преплашени од напуштање или оставање сами на себе, нестабилни односи, нејасна или менување на само-сликата, импулсивни, самоуништувачки однесувања, самоповредување, екстремни емотивни нишалки, хронични чувства на празнина, експлозивен гнев.
Голем дел од жените манипулираат, далеку повеќе од мажите, но затоа и немаат толку многу шанси во манипулацијата, затоа што кај добар дел од машкиот род се прочитани баш поради тој стереотип, машко како машко, секогаш паѓа на истиот штос и е изманипулиран(нормално се зависи од човекот и границата за што точно се работи).За разлика пак обратната ситуација е многу полесна, многу полесно може маж да изманипулира жена но јас мислам дека не се случува тоа толку многу од наша страна, освен нормално за секс но тоа преставува задоволство и на двете страни, додека манипулацијата кај жените ја имаш во сите форми, од услуга за нешто, од барање помош на работа, буквално од мали нозе од училиште почнуваат со манипулација па тераат така се до старост.
Автоматски споено мислење:

Недај боже да налеташ на машки манипулатор.Најмногу ги има на работно место.Тешки психопати.Се насочуваат кон еден колега кој обично е интровертен и шират омраза спрема него.После извесно време интровертниов колега станува жртва на мобинг.
Тука не станува збор за манипулатори, едноставно имаат злоба, но и манипулацијата е злобна карактеристика.Оваа тема ти е повеќе опшествена, за жал и покрај постојаното серење за тоа како сме еднакви, како владеат правата за сите и постојано се турка некоја приказна за антибулинг или справување со ненасилство, ваквите појави се повеќе ги има околу нас.Тоа ти е како кампањата за цигарите, се промовираат као се штетни а ваму се продаваат на секој чекор и се достапни и за копиљаци од по 12 години.Во овој случај е крива околината и прифаќањето на манипулаторот, нешто што пред 100, 150 години не било нормално, барем за овие простори, ваквите ликови или биле кодоши на тогашните владетели или биле тотално небитни во нивната средина, денес се главни во училиштата и фирмите.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
8.294
Поени од реакции
9.339
За пичка и империи паѓале....заклучок е дека нема разлика помеѓу ѓаол и жена. Масло на жениве е што ѓаволот како машко е претставено.....се е ѓаволско маслооооо.
 
Член од
13 април 2019
Мислења
500
Поени од реакции
1.561
Дали ги препознавате? Како се браните?
Кога еднаш ќе паднеш во рацете на таков човек, многу е тешко да се браниш. Тоа се најчесто екстремно интелигентни луѓе кои екстремно паметно го играат секој чекор. Штета што интелигенцијата решиле да ја насочат во погрешен правец. Манипулаторот ќе направи се за да ти влезе под кожа, а кога еднаш ќе го постигне тоа, тогаш удира на твоите слабости, па стануваш играчка во рацете на манипулаторот. И те обликува, како што тој сака.

... и лесно е да кажете, остави го тој човек, кога гледаш дека е таков. Всушност, манипулаторот прави се што е во негова моќ за да го задржи партнерот до себе. Игра на карта на сожалување, драматургијата им е силна страна. Вистинските манипулатори не можеш со години да ги откриеш. Тоа се социопати.
 
На врв Bottom