Не постои живо суштество што не манипулира емотивно. Прашањето е до која разумност. Примери може да се црпат од политика, менаџмент, вработен при дискусија со шефот за покачување на плата, студент кој е на граница на положување, татко ви кога не ви купил лижавче...
Меѓутоа сега можеби ако разгледуваме од страна на емотивни односи, нормално е мажите да ценат дека жените се манипулатори и обратно. Мое мислење е дека оваа појава е подеднакво застапена и кај двата пола а со голема доверба можам да кажам дека е застапена 100%. Не можам да дадам општ пример како е застапена кај секого, меѓутоа еве некој нека каже зошто тој мисли за самиот себе дека не е емотивен манипулатор.
Е сега за приказ на мојот начин на селекција и одбрана, кажав дека има разлика од-до односно мерење колку едно лице манипулира емотивно или на било кој начин. Најмоќната алатка е оценка на односот на таа личност кон другите(не кон вас). Ова е полесно да се опише со пример, вашиот партнер, кој убил човек ви дава 1 подарок што сте го посакувале премногу сами во себе од него. Безразлика дали поклонот е супер за вас, вие, претпоставувам, ќе го осудите првиот чин иако никој досега ве нема наградено или „услужено“ со тоа барање. Примерот е груб ама поентата ми е едноставно си ги калибрирате мерките за добро/зло и според нив донесувате одлуки, ако нели веќе сакате да ги намалите шансите за манипулација би требало да ги разгледате сите случаеви околу таа личност.
Апсолутно решение за жал нема, на тие што се наоѓаат во ваква ситуација и сега го читат ова, им посакувам побрза елиминација на тие личности(во смисла на интеракција).
Инаку, како што напаѓачите се интелектуално способни и вешти, најпокосени од ова се луѓе со идеологија исто така интелектуално признати, што имаат план, став и цел во животот, мислат за повеќестрано добро(затоа и потребата од интелектуално опкружување) и на крај го плаќаат со бескрајно „Зошто?“ во нивната глава.