Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Нема врска, значи у реду, направил неколку дуети и шо има тоа врска? Во суштина текстовите, начинот на кој ги опишува емоциите му останаа исти, не почна да рапува за журки бачко, ц*цки, газови, туку си остана доследен на начинот на опишување на ситуациите од неговиот живот.Не можам да го сакам Recovery ради траките со лил вејн, риана, пинк што ми бодат очи.
Исто ич не ја сакам not afraid (Не е лоша, али не е слим шејди ова!)
Не знам.
Албумиве му се као “ми снема кешче, трошаџика ми е ќерка ми, дај да пуштам малце комерцијални песМичиНа и ќе напраам некој денар“
Порано правеше дуети со Снуп Дог, Дре (менторот), Дидо, дури на Греми наградите имаше и настап со Елтон Џон за песната Stan, настап кој беше симболичен и требаше конечно да ги запре обвинувањата дека е хомофоб (пошо нели Елтон Џон е хомосексуалец). Слушај му ги текстовите, во ниеден текст не пее за тоа колку е богат, колку е јебо, колку е он најјачи фраер у маало ко шо праат денешните квазирапери, туку пее за она низ кое што он проаѓа...
Мислам времињата се менуваат, се менуваат соработките, тоа не ја намалува вредноста и убавината на неговите текстови.
Мислам ок, секако ова е субјективно, секој има различен начин на кој ги доживува работите, ама еве и покрај сите дуети, тој пак остана на страна, не се бута на црвени теписи, не оди по фенси журки, човекот доби Оскар, а не отиде да си го земе.
25 to Life? Тоа е песниште, ама песниште... Сите прв пат кога ја слушаат мислат дека пее за Ким, на крај кога вика: Fuck you hip-hop I am leaving you. Со таа песна ја опишува музичката индустрија и колку е тоа една огромна машина која те голта.
Знам дека има критики, но јас Еминем го ценам заради стиховите, кои секогаш му биле реални, без разубавување, го кажува тоа што го мисли. Еве на Encore немаше фенси-шменси дуети, ама погледни ги текстовите, се гледа дека е малку изгубен, додека на Recovery има јаки текстови и покрај дуетите.