За истиот труд и работни саати што се вложуваат овде, во странство си мноооогу побогато награден. Таму, добро е да запнеш така некој период, ако сакаш да направиш нешто повеќе со парите (секој работен час повеќе е платен подобро), но и без тоа платите се повеќе од доволни за да се живее добро (секако, ако речеме "во странство", не значи баш секаде, но Австралија, Канада и многу држави во Европа, на пример). Затоа сите заминуваат, а и тие што биле најмногу против "западот", а имале прилика да одат некаде макар и на шетање, многу брзо го смениле мислењето.
Знаете, еден муабет ме нервира кога ќе го чујам: "абе, брат, оди да те видам во странство... сите се заглавени во кредити и мораат да работат дење-ноќе за да се извадат..."
Која глупост. Као, овде не е така. Таму имаш кредити, но математиките кажуваат дека лесно се излегува на крај со тоа што ти останува, а притоа возиш солидна кола, отплаќаш куќа, истата ја полниш со се што ти е потребно и можеш да ги школуваш децата, плус да си дозволиш по некое патување, ако не на некое егзотично место, ама барам навака, од пуста "жал" за родното место, ем роднините за кои те боли коленото
ама како ида е, и тоа е патување и се трошат пари, а ние овде тоа ретко можеме да си го дозволиме.
Да се вратиме на темата, правата на работникот кај нас се на многу ниско ниво, исто како и платата.
Тоа е факт и нема потреба од голема филозофија околу тоа. Дали ќе се измени нешто во догледно време, прашање е сега.