Експлоатацијата во Македонија

Член од
5 мај 2009
Мислења
42
Поени од реакции
16
Ај, пак јас, со малку поинаков пример, но мислам дека местово е погодно за прашањево ми следно :)
Може ли да постои ваков натпис на работното место? Ќе скратам, но поентата да ја разбереме.
"Паузи да користи секој, од толку до толку, тој го менува овој и така натака...(сега следува интересното)...придржувајте се до редот, за тие што ќе отстапат од ова, следува казна". Придржување до некој ред е ОК, но дали е во ред да има и закана на крајот од ова известување?
Уште еден, малку поригорозен пример. Имено, секоја недела се организираат акции со понуда на намелени цени за одредени производи, па пак стои натпис со следнава содржина:
"Секој да нуди од производите од акцијата и да запишува на ливче што понудил и што продал. Тој што ќе има најмалку продадено на крајот од денот... (следува најинтересното)... останува без дневница за тековниот ден".
Не е ли малку моронски да се смислуваат вакви "високоинтелигентни" начини да се поттикнат работниците да работат? Оти, има примери во светот за тоа како да се поттикнат работниците да работат, но тоа се награди, бонуси и слично, а вакви казни некако повеќе спаѓаат во некои други времиња или места, со малку подиктатурски системи и воопшто поинаков менталитет, а не на запад, по чиј терк, наводно газдиве сакаат да ги водат маркетиве, бидејќи на курсеви и обуки оделе на светски познати синџири на маркети?
Поздрав.
 
F

FARANG

Гостин

Првиот пример е во ред. Пауза треба да имаш али работодавецот решава кога и како, во некој струки (дури и простите) потребно е да има соодветен ред и да се покрива и минимално отсуство на колегата.

Вториот пример не сум сигурен ни дали е легален. На запад вакво нешто не е легално освен ако не си волентер. Значи денвница ТИ СЛЕДУВА а ако сакаат да мотивираат тоа треба да биде со бонус а не казна одземање дневница.
 
Член од
5 мај 2009
Мислења
42
Поени од реакции
16
:) колку убаво звучи и изгледа, "еве кои денови во мај се слободни". Да, ама за кого? :)
--- надополнето: 28 април 2013 во 16:32 ---
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Колку што имам забележано секое известување завршува со дисциплинска мерка, санкција или казна.
Незнам оти не земат еден камшик па да знаеме на што сме.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Кога ќе прочитам вакви текстови од стручњаци од типот факултетот ништо не ти вреди ми иде да се фрлам од камени мост...

Ајде кажете според вас што вреди? Како ќе се стекнеш со образование да речеме за инжињер ако немаш изучено факултет не ги знаеш основите на предметот... Учен ќе се родиш? Не ме јеби... Тие муабети во партија да ги кажувате не овде... Ако во државава тоа не функционира немора да значи дека сегде е така... Има луѓе со амбиција со капацитет што можат да дозволат тежок материјал да совладаат и отпосле сето тоа да им се исплати...

Али кај нас е друга прича... Ако имаш факс ти ќе бидеш будалата и на крај ќе го земеш стапот под раце...
--- надополнето: 29 април 2013 во 15:22 ---
Не ми е јасно што се жалите и кукате, а кога ќе дојди да зините јавно, да речите ТОЈ и ТОЈ се однесува нечовечки со работниците, ги експлоатира, ги малтретира.... страв ви е да пишите, макар и анонимно на форум. Епа тогаш седете гладни по цел ден, што да ви речам.
Нормален си ова што го збориш? Мислиш има доволно слободни работни места во државава за човек да може да пребира? Еве да речеме ќе му кажеш на газдата вака и онака... Што ќе правиш после без плата? Со што ќе ја раниш фамилијата со гордоста?

наредно викаш да зините јавно... Што мислиш газдите на компаниите се обични луѓе како нас? Пријавиги слободно па да видиме дали судот ќе пресуди во твоја или нивна полза... Или оди на некој факултет да ги пријавиш сите гомнарии што ги прават професорите таму баш да видам дали со нешто ќе успееш...

Обично тој што прави вакви работи си може... Има позадина и нема гајле... Ако ти ја некеш работата ќе најде друг што ќе го тормози а ни самиот незнае колку пари прави...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Си ми го ископал мислењево од пред една година, ама не си го сфатил контекстот.
Не ми беше тогаш муабетот вработените да се жалат директно кај работодавците, бидејќи во тој случај мораш да ги ставиш на кантар гордоста и работата.

Муабетот беше што никој не сака ни на форумов, тотално анонимно, да кажи: во таа и таа фирма се однесуваат така и така со луѓето. За да утре на пример, ние останатите ако сакаме да бараме работа таму, да сме свесни кое малтретирање да го очекуваме.
 
Ти не сваќаш што јас напишав... Еве да речеме дека во таа фабрика е така... Лошо се однесуваат, газдата малтретира итн... на 30 % невработеност луѓето немаат избор ќе работат таму кај што можат а не кај што сакаат... Ако ти си заминеш некој друг ќе те замени без разлика какво е работното место и колкава е платата...

Знам една девојка од кај мене со завршен економски факултет зема 4500 денари месечно... Којзнае како се води дали како вработен дали како волонтер... Ама така веќе неколку години стои... сега ајде според тебе кажи што да направи таа... Да збори против газдата? па ако не е таа ќе ја замени некој 100 %...

Доколку имавме невработеност од 6-7 % тогаш тоа е друг муабет... имаш избор зошто да не се избориш за своите квалитети...
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Mladite nejcat da rabotat i se nekoj gi e kriv te drzava te politika te gazdi ... imav oglas za vrabotuvanje se javija bezbroj nerabotnici sto da ti kazuvam prvo prasanje kolku e platata ic ne gi cue dali mozat tolku da srabotat mi velat ti mene daj mi plata pa ce vidime so sekakvi finti sakaat da te zaebat koga ce gi primis toa vo Mk e kako nekoj sport ..iskreno razocaran sum potpolno da se nema eden salam rabotnik a imalo golema nevrabotenost ...

Na ovoj post sto go imam napisano ve molam da ne pisuvaat onie sto nemaat zavrseno sredno obrazovanie
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
Mladite nejcat da rabotat i se nekoj gi e kriv te drzava te politika te gazdi ... imav oglas za vrabotuvanje se javija bezbroj nerabotnici sto da ti kazuvam prvo prasanje kolku e platata ic ne gi cue dali mozat tolku da srabotat mi velat ti mene daj mi plata pa ce vidime so sekakvi finti sakaat da te zaebat koga ce gi primis toa vo Mk e kako nekoj sport ..iskreno razocaran sum potpolno da se nema eden salam rabotnik
колку пари толку музика ...
--- надополнето: 30 април 2013 во 22:06 ---
а од каде знајш дека нема да сработат ... или нудиш минимална плата ...
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Колку што имам забележано секое известување завршува со дисциплинска мерка, санкција или казна.
Незнам оти не земат еден камшик па да знаеме на што сме.
Нема повеќе камшик.Модерни робови сме.100 стапа или камшика ќе ти поминат за 1 недела ама кога ќе те опнат по џеб некоја пара ќе те болат цела година,ако си поминеш со пома година.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
колку пари толку музика ...
--- надополнето: 30 април 2013 во 22:06 ---
а од каде знајш дека нема да сработат ... или нудиш минимална плата ...
A od kaj znaes ti deka ce srabotat za 12.000 denari ???? Se dodeka nekoj ne proba nema ni da znae ovie ne ni probale daj plata kako jas doma da imam stamparija za denari ,evra, dolari, funti pa na kogo sto mu treba daj
 
A

AnFem

Гостин
Mladite nejcat da rabotat i se nekoj gi e kriv te drzava te politika te gazdi ... imav oglas za vrabotuvanje se javija bezbroj nerabotnici sto da ti kazuvam prvo prasanje kolku e platata ic ne gi cue dali mozat tolku da srabotat mi velat ti mene daj mi plata pa ce vidime so sekakvi finti sakaat da te zaebat koga ce gi primis toa vo Mk e kako nekoj sport ..iskreno razocaran sum potpolno da se nema eden salam rabotnik a imalo golema nevrabotenost ...

Na ovoj post sto go imam napisano ve molam da ne pisuvaat onie sto nemaat zavrseno sredno obrazovanie
А како очекуваш некој да прифати некаква работа за која ги нема ни основните информации?
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Експлоатација во Македонија
Прв пат ја видувам темата, не ги читав останатите мислења наназад ги има повеќе, но ако мислите дека работата ви е тешка и салбо платена еве ви една реалност во Македонија некаде на југот што ми се случува мене.
Тешка фичизка активност во 3 смени без слободен ден. Кога доаѓа смена од 3-та си доаѓаш во 7 сабајле па во 3 часот одиш 2-ра смена. Тоа ти доаѓа во 24 часа 16 си на работа!
Исто така кога си 2-ра смена си доаѓаш во 11 навечер сабајлето пак треба да стануваш во 7 за 1-ва. И се така работиме и празници и делници и Велигден и Мај и све остало и тоа за 1 саат 1 евро, месечно правиме по 320-330 работни часа, ова не знам дали го има некаде на друго место. :)
 
Не смее да има вакво нешто никаде.Освен во Кина.Ние сме најголема конкуренција.Стока за работа има многуууу
 
Член од
5 мај 2009
Мислења
42
Поени од реакции
16
Ова со смениве (3-та, 2-ра па 1-ва) е најголема глупост и нечовечност што ја имам сретнато во животов. Како да им требаат работници само за неколку месеци или години, а не цел работен век. Како некој тоа фино го смислил, максимално да го искористи работникот. Никаква плата не е доста за ова, а не пак некоја мизерна паричка, колку што даваат нашиве газди. И не се работи за тоа дека некој нејќе да работи, туку нејќе да работи за без пари. Тешко е да си без работа, да немаш примања, уште потешко да ја вложиш сета своја снага и време, за некој друг да прави пари, а тебе да ти даде мизерна плата со која не можеш ни оддалеку да излезеш на крај цел месец. Тешко е, пријатели мои, тешко се живее овде. Едноставно, работникот нема никакви права или тие се само формалност, зашто секој договор за работа оди усмено, меѓу работникот и газдата, а се што е на книга е само за да помине кај инспекцијата (во многу фирми не смеат ни да се доближат).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom