Експлоатацијата во Македонија

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ама и ти и зоки зборите за случај доколку работникот не работи односно го мрзи или пак не ја врши убаво својата работа... Ако ги прочиташ моите претходни постови муабетот беше друг... Дали платата на продавачот треба да се заснова врз основа на тоа колку промет прави продавницата доколку тој работи со своја полна продуктивност не забушава... Ако твојот производ што го нудиш не е добар, без разлика колку продавачи да смениш ти нема да постигнеш поголем профит...

Или не ме дочитувате или неможеме да се сватиме ...
Прометот на фирмата зависи од сите вработени тука ги вбројувам од продавачки набавувачи па маркетинг до менаџери. Од сите зависи еве во овој случај класична трговија. И нормално е да се труди секој да има најдобри работници за тие пари. Е сега обично платите на продавачите независат директно од прометот тоа е најчестиот договор...но има и бизниси каде платата зависна како процент од продажбата има и такви бизниси. И тоа е тоа какво договор склучил вработениот таква плата. И едниот и другиот договор имаат предности и недостатоци и за работникот и за работодавецот. Но плата мора донекаде да звиси и од прометот зошто ако има слаб промет ќе треба и помала плата зошто помалку ефективно работи временски и обратно. Некаде тоа е решено со процент некаде само проценка на менаџерот. Да не навлегувам во проценка на продуктивноста и вредноста на трудот и неговата пазарна цена.
Има вистина во тоа што го кажуваш ама е полувистина...Не е толку проста работата за да се даде толку прост одговор.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Прометот на фирмата зависи од сите вработени тука ги вбројувам од продавачки набавувачи па маркетинг до менаџери. Од сите зависи еве во овој случај класична трговија. И нормално е да се труди секој да има најдобри работници за тие пари. Е сега обично платите на продавачите независат директно од прометот тоа е најчестиот договор...но има и бизниси каде платата зависна како процент од продажбата има и такви бизниси. И тоа е тоа какво договор склучил вработениот таква плата. И едниот и другиот договор имаат предности и недостатоци и за работникот и за работодавецот. Но плата мора донекаде да звиси и од прометот зошто ако има слаб промет ќе треба и помала плата зошто помалку ефективно работи временски и обратно. Некаде тоа е решено со процент некаде само проценка на менаџерот. Да не навлегувам во проценка на продуктивноста и вредноста на трудот и неговата пазарна цена.
Има вистина во тоа што го кажуваш ама е полувистина...Не е толку проста работата за да се даде толку прост одговор.

Се е убаво објаснето не треба ништо да додадам
 
Член од
5 мај 2009
Мислења
42
Поени од реакции
16
Дека е тешко да се работи, како за сопствениците на фирмите, така и за работниците, тоа е повеќе од јасно. Навистина не е лесно да гледаш како ти пропаѓа фирма во која си вложил многу труд и пари. Не е ни тоа така едноставно. Затоа треба да се гледаат двете страни.
Но, пријатели мои, ситуацијата на работникот кој работи за минималец или нешто над тоа е уште потешка, попонижувачка и под секое човечко достоинство. Приватниот сектор мора да претрпи коренити измени во тој поглед, состојбата на работникот. Да не набројувам сега ситуации и работи кои веќе се спомнале до сега, но еве на пример, ајде да видиме што се случува со неделите?
Зошто се работи во неделите? Како тоа испадна сите да работат во неделите? Зошто мора продавниците да работат во недела? Толку ли е тешко луѓето да си купат намирници во саботата? Сега, знам дека има дејности кои функционираат во недела, но никако не треба да му биде одземен слоботниот ден на работникот, па нека биде тоа и еден од работните денови. Зошто работникот само формално се потпишува за тоа колку работни саати остварува и колку слободни денови користи, а во реалноста испаѓа дека не работи само на 1-ви јануари, Божик и Велигден, Бајрам или што и да е (многу работат и на овие денови) и дека слободни денови, практично не користи или годишно испаѓаат по неколку. Толку ли од "горе" не знаат што се случува? Никој не ги известил? Или знаат, но не се презема ништо? Тоа ме плаши. Но, кога велам да се преземе нешто, не значи тоа, ајде ќе помине инспекција, па ќе паднат еден куп казни, ќе се заплашат малку газдиве (иако пак се оди на товар на работникот, дали ќе остане без работа или ќе му се удри по неговиот џеб), па после некое време пак се одново и одново. Никако да се спроведе ред и тоа да трае, да трае и така да си биде така и точка.
Ај, пак со маркетите. Што има во недела во еден град да работат Тинекс, Рамстор, Кам, некои други поголеми локални маркети и еден куп помали маркети, исто како и секој ден.
Нека работат еден до два маркети. Ете, оние кои ќе си платат некоја сума, ама голема сума. Не сума која секој може да ја плати, туку навистина голема, на пример на тендер или слично, па нека работи. Но со екстра дневници, бидејќи нели, ќе направи милионски суми тој ден, оти тогаш народот ќе навали да пазари :) Прв чекор за заштита на работникот. Барем од немање слободни денови. Многу, многу значи, барем еднаш неделно човек да се одмори, да не биде напнат, да се посвети на фамилијата, на себе, на пријателите, а во понеделник, бујрум, повели на работа. И така тој работи за малку пари, работи напорно, работи за да направи пари за газдата, а тој нему да му плати бедна дневница за тоа.
Луѓе, гласам за тоа, неделата, навистина да биде неработен ден.
Ај, поздрав.
 
Член од
14 април 2013
Мислења
93
Поени од реакции
62
Интервју за работа:
-Шефот: Платата на почеток 200 еур,покасно повеќе.
-Кандидатот: Епа ќе дојдам јас покасно... :D
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
826
--- надополнето: 7 август 2012 во 17:58 ---

Дипломата не вреди ни за ГЗ бришење особено за извршување на работни задачи,зашто со таа диплома добиваш само парче хартија која не значи ништо, дипломата не ги извршува работните задачи ги извршува човекот, не сме од марс паднати па да не знаеме што е теорија а што пракса и дека на факултетиве не се научува ама баш ништо, и кога ке ти дојде некој со две магистратури у фирма и не знае да пополни ни една испратница како што треба,не знае да пресмета ддв,за цесии да не правиме муабет.
теорија владее дечкото у пичку матерна, знае како се справувале со економска криза во америка 1929 ама тоа му е џабе,кога незнае да направи една обична пресметка,нити знае процент да пресмета.Про фактура му е мисловна именка итн итн.Тогаш дипломата може само да ја свитка во ролна и целата да си ја набута у шупак.
Ако не сваќаш што е деградирана диплома тогаш си е твој проблем, едноставно премногу ги има лесно се доаѓа до нив и не се ценат,додека пред 20 години да дојдеш до диплом,а за електричар,бравар,дреар,лимар требало итоа убаво да го испечеш прво практично занаетот па после да добиеш диплома со звање.
Истото важи и со останатите струки,пред 10 години електроничар повеќе учеше одколку денешниве ИТ стручњаци.
Книговодител со средно економско завршено пред 15 години, е многу подобар и поспособен книговодител од оној кој што завршил економски пред 5 години и има две магистратури. премногу лесно се доаѓа до истите дете , не ви вредат ама баш ништо.
Штета само што сите мислат дека со дипломата си обезбедуваат супер работно место,лежи лебу да те јадам и веднаш ке бидат примени за шефови директори менаџери,само што не сваќаат дека кога праќаат цв и кога се чита истото покрај сите изнаредени дипломи курсеви кур се тресе, во искуство има напишано или немам или навел некој сомнителни фирми на позиции со звучни имиња а уствари е трчање по бурек,фотокопирање, редење на роба во магацин, дека јас кога ке го прочитам тоа цв иде право во корпа,или на дилит и највисоката работна позиција што можеби ке ја добие е метлата, или магацин со шанса чат пат да се вртка низ канцеларија околу комерција,или сметководство, да поднаучи нешто од занаетот со тек на време па потоа можеби ке има мала шанса некогаш да седне во канцеларија се разбира ако се покаже добар. Па нека има и 100 дипломи за Дипломиран и за Магистар, фирма не работи само со канцеларија, има и магацини, погони, возни паркови,портирници,складишта да не набројувам, е во тие таквите обично работат денешните магистри,менаџери ДИПЛОМИРАНИ,зашто мора некој и таму да работи,а знаењето и умешноста ви е само за таму.
Еве мене како дипломиран економист ме примија на работа во главниот магацин со напомена дека после 3 месеци ќе ме земат во комерција, се работи за рудник, зошто во магацин а не директно во комерција?
Претпоставувам за да ги научам деловите кои после ќе треба да ги порачувам и слично, тоа ми е логично, во комерција ќе земам 10 иљади ден. повеќе а дали ќе ми биде потешка работата тоа не знам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom