ако ти е запишан во индекс како сметководство на трошоци тогаш претпоставувам си сметководство и ревизија смер втора година.
финтата со различните имиња е следната:
ако си видел на почетокот содржината на книгата, се состои од околу 700ина страници, сите овие 700 страници ти се Managerial accounting или
Сметководство на менаџментот.
на сметководство и ревизија го учат под името
сметководство на трошоци бидејќи од тие 700 страни добивате околу 350, главно вклучени пресметки и делови од теорија за трошоци, додека на финансиски менаџмент освен овие 350 страни добиваат + 2-3 теми и некои лекции не им се исфрлени (политики на определување цени, постапки на финансиските менаџери, CEO, CFO и слично), па затоа кај нив се учи под името
Управувачко сметководство 1/ има и двојка..
исто така колоквиумите и испитите се разликуваат, во различни простории полагаат финансиски менаџмент смер и сметководство и ревизија. немаш никаква грешка во индекс, се е ок.
оти то еее...