Гледам дека има некои благи измени во предметите (измени барем има за сметководство втора година, за други не знам).
Ме интересира какви предмети се информациски технологии и математички методи (лесен/тежок, мал/обемен материјал и сл.) и дали е полесно да се фаќат на колоквиуми, дали се тешки на испит (затоа што се во ист семестар со менаџмент, сакам еден на оставам на испит)... Или пак некој изборен да ми остане на испит? Колеги?
незнам оваа година како е со деловниот јазик, т.е. во кој семестар е сместен и дали ти "лежат" јазици, но јас би ти препорачал да си го оставиш англиски од изборните (ако ти е во план да го земеш) за испит.. јас го земав на колоквиуми но прелесен бил и на испит.. полуписмени го положија со високи оценки. инаку оваа година која помина, инф. технологии и мат. методи беа во летен семестар и ги земав на колоквиуми.. збор два за предметите/
информациони технологии предава Сашо Јосимовски, со асистентите од е-бизнис тимот, Мијалче и Марина. првите 2 колоквиуми се теорија, третиот е практичен на компјутер. колоквиумите му беа соодветно 30/40/30 бодови, границата му е на 50%, иако за првиот пушташе и со 10 од 30, под услов да се надокнади на втор колоквиум, со што од првите 2 ќе се има минимум 35/70 услов за полагање практично. годинава, на практично пушташе и оние кои имаат 31-34/70, исто така условно да надокнадат на практичниот. првите два колоквиуми се по околу 130-150 страни, не се многу обемни бидејќи најголем дел од работите се познати од информатика од средно и од општо познавање на компјутери, мрежи и сл., меѓутоа прашањата му беа доста незгодни, посебно првиот колоквиум... незгодни во стилот на паднаа прашања кои ретко некого да ги очекуваше, некои глупи статистички податоци од неговите презентации и општо земено небитни делови за предметот, додека од поделбите, лекциите, дефинициите и некоја формула т.е. само една памтам со логаритмрањето, паднаа малце прашања. има прашања и на заокружување и на пишување, јас најповеќе се извадив на отворените прашања, бидејќи носеа повеќе бодови, а имаш слобода и да ја иступиш донекаде одоколу пред да дојдеш до решението/заклучокот на твојот муабет. вежби обавезно присуство, не пуштаат списоци и не е задолжително, но Мијалче уште кога ќе почнете со решавање на задачите ќе ви соопшти некои статистички податоци за тоа од оние редовните на присуство колку положиле а колку паѓаат.. во целост сум согласен со него, не испуштив вежби, задачите не се воопшто тешки иако на почетокот додека да се влезе во шемата се прилично чудни и прелесно поминав на практичниот дел.
Математички методи ... предава Вера Наумовска.. жената толку нема контрола на часовите, башибозуците се нула во споредба со студенти на предавање по мат. методи. Пушта списоци и дава доста бодови за присуство, годинава пушти 12-13 списоци и секој носеше по 1,4 бодови, без разлика колку пати си бил присутен, ги впишува бодовите во конечната оценка. колоквиумите апла предавање атмосфера со благи екстремности..жената нема асистенти/демонстратори да држат вежби, Кире Наумов (математика) одвреме навреме доаѓаше додека полагаме да види до кај сме, се полага во двете копмјутерски лаборатории, прво се полага теорија (прелесни прашања од книгата) пола саат, па потоа задачи. Задачите се скроз исти од позади по секоја тема задачите за вежбање, неретко на колоквиумите студентите доаѓаа со УСБ и готови решени задачи од дома, па летаа објекти, цедиња, листови и усб флешови на сред полагање, контрола НУЛА. Многу луѓе го положија преку колоквиуми, верувам дека и оние кои останале на испит немале некои тешкотии при полагањето... не дека се лесни задачите, без вежбање ко теле у шарена врата ќе ги гледаш на полагањето, но поради тоа што исти задачи вртат со генерации наназад веќе е пробиен кодот.
и да не ја тупам уште... со оглед на околностите, лесни предмети и лесно се поминува, немаш потреба според мене да оставаш нешто за испит, вози ги на колоквиуми.