Економски факултет (reloaded)

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Колеги...на страната се објавени само долунаведениве потребни документи за запишување година, но никаде нема наведено за партиципација. Мислам дека треба сега тоа да се плати.

- Пријавен лист за упис на семестар, статистички лист и уплата од 50,00 ден за админ. такса (во книжарата на факултетот)
- Уплата од 1850,00 ден. за книжен фонд, штети, интернет центар, тетратки, шифрарници идр.
- Уплата од 750,00 ден за ИКСА на УКИМ
- Уплата од 200,00 ден (факултативно) за Студентски парламент, Економски факултет, Скопје
Мислиш?:D
Секако дека треба да се доплати. Собери го износот на кредити што ти е за зимски семестар и поможи со 3,33 (ако си државна квота, за приватна не знам колку е) и ќе добиеш колку евра треба да платиш за семестаров.

едит: UnitedWeStand бил побрз па поубаво ти објаснил :)
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.740
Поени од реакции
9.496
^^
Чекајте сега малце,ме збунавте :)...Јас сум на државна и ги имам земено сите испити од минатата година, па сега нели 200 евра се плаќа за државна или има нешто ново со ова со кредитиве?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
^^
Чекајте сега малце,ме збунавте :)...Јас сум на државна и ги имам земено сите испити од минатата година, па сега нели 200 евра се плаќа за државна или има нешто ново со ова со кредитиве?
Ова новово трае веќе година дена:D
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
:facepalm:Тешко мене хахаха...И значи сега за секој кредит треба да доплаќам по 3.33 евра. Фала :)
Не, не, изгледа лошо си ме сфатил. На пример, имаш 4 предмети и тие предмети ти носат по 8 кредити. Множиш 8 по 3.33 евра и го добиваш износот што треба да го уплатиш. Тоа ти е партиципација, не треба да доплаќаш ништо. :D
 
Член од
13 август 2012
Мислења
21
Поени од реакции
0
1. Не треба да имаш кој знае каков добар англиски, ама не треба пак и воопшто да си тапа. Можеш лесно да го положиш, ама за повисока оценка треба малку повеќе да се потрудиш. Имаш 60 поени од теорија на колоквиуми, и 40 поени од вежби. Вежбите ги работите кога имате часови за вежби, и тоа во групи, и на крај сите од групата добивате поени за заедничката вежба (значи, ако си во лоша група, лошо ќе поминеш). Мој совет е, ако сакаш само да положиш, океј е предметот, ако сакаш висока оценка (9 или 10) смени го, далеку полесни има.

2. Ние одбираме од сите предмети што се на факултетот што се слушаат во тој семестар, од било кој департман од било која година.

3. http://www.facebook.com/groups/101202873281918/


Сега јас нешто да прашам. Сметководство на јавен сектор - да или не како изборен и зошто? :pipi:
Фала многу.Ке го задржам предметов, јАс битно ДА положам, па сеа неморам со 10.:sneaky: Иначе не ја отвара странава вика дека содржината не е достапна .....
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
едно прашање, дали е возможно да преминеш од приватна во државна квота ако имаш просек или нз што... ии кој е тука на менаџмент запишан?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Фала многу.Ке го задржам предметов, јАс битно ДА положам, па сеа неморам со 10.:sneaky: Иначе не ја отвара странава вика дека содржината не е достапна .....
Сега само што видов, групата е заклучена. Прати ми ФБ контакт по приватна порака, ќе те додадам во групата.
 
Член од
25 септември 2010
Мислења
116
Поени од реакции
41
Колеги да ве прашам нешто околу дипломската, за тие што знаат:D , ако може да ми дадат повеке информации во врска со неа....кога се зема, по кој се предмет може, колку треба да биде обема во содржина , соборуваат ли проф. на дипломска и сл. работи...
http://www.eccf.ukim.edu.mk/studiranje/studentski-prashanja/prijava-na-diplomski-trud
 

girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
1.


Сега јас нешто да прашам. Сметководство на јавен сектор - да или не како изборен и зошто? :pipi:
Не се глави со такви неиспитани предмети со сомнително име:D , освен ако не сакаш да учиш премногу сметководсто и да се дружиш со дрим тимот од таму...имаш толку многу лесни изборни предмети.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
84
Поени од реакции
12
Продавам Основи на менаџмент учебник, зачуван многу добро, со подвлечени сите набројуванки и јас што сум ги учела и што се паднаа на колоквиуми и гратис Контен план, кој ќе ви треба по Финансиско сметководство, оргинал и нов од минатава година, зошто го носите на испит... Кој е заинтересиран нека ми пише ЛП....
 
Член од
30 август 2012
Мислења
8
Поени од реакции
3
^^
Чекајте сега малце,ме збунавте :)...Јас сум на државна и ги имам земено сите испити од минатата година, па сега нели 200 евра се плаќа за државна или има нешто ново со ова со кредитиве?
Колега кога ќе запишеш зимски семестар за оваа година ,ќе ги собереш кредитите од предметите кои ги запишуваш и ќе ги помножиш со 3.33 евра доколку си во државна квота.Тоа од прилика би требало да дојде околу 100 евра и малку повеќе можеби.Нема потреба да се збунуваш
Поздрав
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
едно прашање, дали е возможно да преминеш од приватна во државна квота ако имаш просек или нз што... ии кој е тука на менаџмент запишан?
Мислам дека не, само ако имаш добар просек, можеш да конкурираш за стипендија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom