Економски факултет (reloaded)

Член од
7 јули 2011
Мислења
133
Поени од реакции
31
Па предметите можеш да си ги видиш на веб сајтот на факултетот, генерално се поврзани со Европска Унија, Надворешна трговија, Светска трговска организација и слично.

ЗА разлика од другите смерови, голем дел од предметите се целосно на пишување, а не со заокружување што мене лично ми одговара, но тие што имаат проблем да се изразат пошироко не го сакаат овој принцип.

Професорите горе доле се ок, но има неколку леви кои може да прават помали проблеми, ама на секој смер ќе ти се погоди некој таков, не може сите по вкус да ни се.

Гледано теоретски со овој смер би можел/а да работиш во царина, шпедиција и слично, ама секако не мора да значи.
ok ok fala za informaciite :)
 
Член од
4 јули 2011
Мислења
7
Поени од реакции
1
Каде би можела да работам со финансиски менаџмент и смеководство и ревизија?
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.726
Поени од реакции
1.483
Каде би можела да работам со финансиски менаџмент и смеководство и ревизија?
Со финансиски менаџмент банки , компании , берза , телеком секаде буквално , Сметковотство и ревизија подобра опција е да бидеш ревизор бидејќи се поплатени им вршиш контроли на се што се работи во компаните , банки , министерства и заработуваш на нивни грешки
 
Z

ziko bt

Гостин
Според то куралцето шо го делеја за матурантите на факултет ете со кој смер за шо би биле способни да работите:
1.Е-Бизнис:претприемач,интернет маркетар,веб дизајнер,проектен менаџер,како и во секоја компанија која применува современа технологија.
2.Финансиски менаџер:финансиски експерт во државните,јавните и финансиските институции,финансиски менаџер на некоја фирма и како експерт за финансискиот пазар.
3.Економија:во министерства,јавен сектор,компании,банки и штедилници,истражувачки центри,научни институции и меѓународни организации.
4.Сметководство и ревизија:сметководител,шеф на сметководство,екстерен или интерен ревизор,консултант во областа на сметководството,во областа на финансиите и даноците,аналитичар на финансии и ризил.финансиски директор,портфолио менаџер,инвестиционен советник итн.
5.Маркетинг:маркетинг менаџер во компаниите,менаџер во маркетинг агенциите,менаџер за продажба,менаџер за односи со јавноста,аналитичари на пазаро,медија планери,научен подмладок во научно-образовни институции.
6.Менаџмент:главен извршен директор,генерален директор,стратеггиски менаџер,менаџер за човечки ресурси,финансиски менаџер,маркетинг менаџер,претприемач и планер.
7.Надворешна трговија:комерцијалист,агенти за шпедиција,осигуривање и меѓународен транспорт,работа во царинска управа и банкарски комерцијалист.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
93
Поени од реакции
5
Ќе биде некој љубезен да ми ги напише сите одговори на кејсовите по МЧР ? фала однапред
 
Член од
15 март 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Колеги, ве молам бидете љубезни и споделете некое прашање од испит Економска статистика и да ми појасните малце, какви и се испитите на Билбиловска? Јас сум слушнала дека секогаш дава нови прашања, а на испит пушта 4-5 души највеќе. Прв пат ќе го полагам на испит и немам појма ни како да учам, затоа што и е на пишување и треба цела книга да ја учам:(
 
Член од
4 јули 2011
Мислења
7
Поени од реакции
1
Кој материјал е потежок оној на финансиски менаџмент или смеководство и ревизија?
Да спомнам дека не сум љубител на математиката :)
 
I

Iblis

Гостин
Кој материјал е потежок оној на финансиски менаџмент или смеководство и ревизија?
Да спомнам дека не сум љубител на математиката :)
Сметководство би ти било полесно, математиката ти е сведена практично на основни операции, на финансиски менаџмент има нешто потешка математика.
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
133
Поени од реакции
31
Ќе може да пишете колку се плаќа на економски фалкутет државна квота а колку се плаќа приватна квота ?:)
 

girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
Кој материјал е потежок оној на финансиски менаџмент или смеководство и ревизија?
Да спомнам дека не сум љубител на математиката :)
Тука некаде се по тежината, зависи што сакаш повеќе да учиш, сметководство и ревизија ти е малку монотон смер(самото име кажува, многу од предметите се сметководства, ревизии итн), финансиски менаџмент имаш нешто поинтересни предмети, се разбира ако те интересира тоа. Како и да е многу исти предмети имаш, отвори си на страната за економски и најубаво ќе си видиш кои предмети сакаш повеќе да ги учиш. А за математика нема ни таму ни таму, единствената математика е во 1ва год, која ја имаат сите смерови. Се друго понатаму (другите предмети кои "содржат" некаква математика)е сведено на најпрости математички операции што се учат до 4то одд. Значи повеќе логика ти треба а математиката ти е најлесниот дел.
А ако сепак не сакаш ништо што е поврзано со математика, имаш и такви смерови на пример: маркетинг, економија...во глобала сите останати освен првиве два.
 
Член од
18 јуни 2011
Мислења
28
Поени од реакции
1
Едно прашање... минатите години со што бодови влагале студентиве во државна квота на смерот финансиски менаџмент? Да знам дали да го планирам Економски како опција :icon_mrgr:
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
со 86,нешто поени имам ли шанси да влезам во државна квота на смерот Надворешна трговија ?
 
Член од
7 ноември 2010
Мислења
123
Поени од реакции
28
За надворешна трговија би требало да имаш доволно,а ако не си сигурна дали ќе те примат оди вториот ден од уписот и прашај дали има многу запишано на тој смер.
 
Член од
4 јули 2011
Мислења
7
Поени од реакции
1
Тука некаде се по тежината, зависи што сакаш повеќе да учиш, сметководство и ревизија ти е малку монотон смер(самото име кажува, многу од предметите се сметководства, ревизии итн), финансиски менаџмент имаш нешто поинтересни предмети, се разбира ако те интересира тоа. Како и да е многу исти предмети имаш, отвори си на страната за економски и најубаво ќе си видиш кои предмети сакаш повеќе да ги учиш. А за математика нема ни таму ни таму, единствената математика е во 1ва год, која ја имаат сите смерови. Се друго понатаму (другите предмети кои "содржат" некаква математика)е сведено на најпрости математички операции што се учат до 4то одд. Значи повеќе логика ти треба а математиката ти е најлесниот дел.
А ако сепак не сакаш ништо што е поврзано со математика, имаш и такви смерови на пример: маркетинг, економија...во глобала сите останати освен првиве два.
Фала многу :)
Завршив општа гимназија па не ми се многу јасни работиве и затоа се распрашувам...
Многу ќе ми помогнат мислења од економисти... Во стилот кој од смеровите е најдобра опција, попреспективен и полесно наоѓање работа... Правев муабет со една студентка (сега ќе е 3та година) и ми рече кога би се запишувала повторно дефинитивно би избрала сметководство и ревизија демек најбрзо можеш да најдеш работа.
А да те прашам со 87.05 би можела ли во државна квота или тешко?
 

girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
Фала многу :)
Завршив општа гимназија па не ми се многу јасни работиве и затоа се распрашувам...
Многу ќе ми помогнат мислења од економисти... Во стилот кој од смеровите е најдобра опција, попреспективен и полесно наоѓање работа... Правев муабет со една студентка (сега ќе е 3та година) и ми рече кога би се запишувала повторно дефинитивно би избрала сметководство и ревизија демек најбрзо можеш да најдеш работа.
А да те прашам со 87.05 би можела ли во државна квота или тешко?
Факт е дека денеска и најмала фирма има потреба од сметководител, доста актуелна професија, да се вратам во прва пак би се мислела или за сметководство или за финансиски менаџмент, бидејќи лично тие два најмногу ми одговараат. Јас сум на финансиски менаџмент и таму се запишав ради поените, имав 99,6 некаде, а да немав за таму дефинитивно сметководство и ревизија ќе ми беше втора опција. Инаку за поените мислам дека на финансиски менаџмент малку тешко, лани колку се сеќавам последниот во државна квота имаше околу 94-95 поени, и сметководство беа тука некаде, можеби со 90 отприлика. Сепак зависи од генерација, никој не може да ти тврди со сигурност, треба да се има предвид дека годинава на овие два смера ќе примат најмногу студенти, значи има шанси ама сепак ништо не се знае. Можеш да поднесеш на едниот а другиот да го ставиш како втора опција, би требало да влезеш на еден од нив.
--- надополнето: Jul 10, 2011 5:37 PM ---
Едно прашање... минатите години со што бодови влагале студентиве во државна квота на смерот финансиски менаџмент? Да знам дали да го планирам Економски како опција :icon_mrgr:
94-95 поени имаше отприлика последниот што влезе во државна квота.
--- надополнето: Jul 10, 2011 5:39 PM ---

со 86,нешто поени имам ли шанси да влезам во државна квота на смерот Надворешна трговија ?
Имаш реални шанси, т.е. ако е слично како лани сигурно ќе влезеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom