Во основа ако завршиш на маркетинг не значи дека не можеш да се вработиш како сметководител, а за интерес од фирми поврзано директно со факултет и не може баш да се оцени. Секако можеш низ огласи да видиш што се бара, но ретко ќе наидеш да пишува: "Барам дипломиран на департман тој и тој".
Инаку задниве години
Е - бизнис е доста форсиран, а и имам неколку огласи нниз факултет видено од фирми што бараат стриктно студенти на е - бизнис. ама за пракса не за работа. Сепак мене ми е некако најнеконкретен смер, затоа што се учи скоро од се по нешто.
Маркетинг мислам дека 20 предмети може да асе сместат во 3 предмети, се тоа па тоа. Ама од друга страна во денешно време многу компании ставаат силен акцент на рекламирање така да има работа.
Реално
сметководство има во секоја фирма, така да од тој аспект и тоа е добро, но за мене лично досадна струка.
Финансиски менаџмент има интересни предмети и корисни, а и најспремен си теоретски за банките, а
менаџмент многу тупаџиски смер и лично не го преферирам.
Економија е најопшт смер и најмалку си насочен на нешто конкретно што ќе го работиш.
Јас сум надворешна трговија и се учи многу за Европска Унија, надворешна трговија и слично и мене ми е тоа интересно, но не секого го интересира тоа.
Значи генерално, ова важи за сите што прашуваат за смеровите, секој смер си има предности и недостатоци, ама кога ќе дипломирате не значи дека баш до тоа ќе се држите. Така да разгледајте си ги предметите на веб, видете што мислите дека ќе ви биде интересно и ќе сакате фда го учите и земете го тоа