Економски факултет (reloaded)

Z

ziko bt

Гостин
Ќе може да пишете колку се плаќа на економски фалкутет државна квота а колку се плаќа приватна квота ?:)
Како шо е сегде,200 за државна,400 за со кофинансирање.
--- надополнето: Jul 10, 2011 8:17 PM ---
Фала многу :)
Завршив општа гимназија па не ми се многу јасни работиве и затоа се распрашувам...
Многу ќе ми помогнат мислења од економисти... Во стилот кој од смеровите е најдобра опција, попреспективен и полесно наоѓање работа... Правев муабет со една студентка (сега ќе е 3та година) и ми рече кога би се запишувала повторно дефинитивно би избрала сметководство и ревизија демек најбрзо можеш да најдеш работа.
А да те прашам со 87.05 би можела ли во државна квота или тешко?
Со толку бода иако е проширена квотата за финансиски менаџмент нема ни со кофинансирање да влезиш,а за на сметководство би била на граница меѓу државна и со кофинансирање квота мада поке ми влечи накај кофинансирање ако не се зголемени квотите(според то шо запамтив лани со какви поени влегваја),а за на другите смерој отсем е-бизнис нема да имаш проблем да влезиш државна,можиш да се запишиш на нив па ако си исчистиш со време испитите август можиш да си се префрлиш на финансиски или сметководство..
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Колку што гледам на страната, за упис бараат и државјанство што според мене е глупост (чим имам пасош и лична карта значи дека сум државјанин на РМ). Лани ви барале државјанство и дали брзо се вади?
 
Член од
4 јули 2011
Мислења
7
Поени од реакции
1
Како шо е сегде,200 за државна,400 за со кофинансирање.
--- надополнето: Jul 10, 2011 8:17 PM ---

Со толку бода иако е проширена квотата за финансиски менаџмент нема ни со кофинансирање да влезиш,а за на сметководство би била на граница меѓу државна и со кофинансирање квота мада поке ми влечи накај кофинансирање ако не се зголемени квотите(според то шо запамтив лани со какви поени влегваја),а за на другите смерој отсем е-бизнис нема да имаш проблем да влезиш државна,можиш да се запишиш на нив па ако си исчистиш со време испитите август можиш да си се префрлиш на финансиски или сметководство..
Аха значи може така и кога ќе се префрлам пак ќе си останам државна квота нели? (како што сум информирана во 1ва година сите смерови учат исти предмети) А да те прашам според тебе што е подобро финансиски или сметководство?
 
Да да само земи си со време да исчистиш годината па пред да почниш втора година си даваш жалба која најчесто ја прифаќат и си останваш во квотата со која си била примена на факултет.Иначе јас не сум ни на сметководство ни на финансиски,јас лично би одбрал финансиски иако сметководството делува на најпросперитетно,ама па ако сакаш работа со бројки не е лош избор така да запиши си се прва година ке си видиш шо ти лежи па после ке му ја думаш за префрлање т.е ако не си конечно определена.
 
AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Ги има ли некој препишано задачките што се паднаа сега во јуни на испитот математика?
 
Член од
18 мај 2011
Мислења
73
Поени од реакции
6
ВЕ МОЛАМ АКО ГИ ИМА НЕКОЈ ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ (ВЕЖБИ) ПО МАКРОЕКОНОМИЈА ДА МЕ ИЗВЕСТИ ПА КЕ ВИ ДАДАМ Е-МАИЛ ДА МИ ГИ ПРАТИТЕ, ЗАТОА ШТО СУМ ВОНРЕДНО, А ЌЕ ПОЛАГАМ ВО СЕПТЕМВРИ!?!
 
girl_girl

пловам на асфалт
Член од
13 јуни 2010
Мислења
913
Поени од реакции
132
Колку што гледам на страната, за упис бараат и државјанство што според мене е глупост (чим имам пасош и лична карта значи дека сум државјанин на РМ). Лани ви барале државјанство и дали брзо се вади?
Ахам ни бараа државјанство, инаку се вади брзо, за некој пола саат, т.е. зависи од каде си.
 
Член од
2 мај 2010
Мислења
188
Поени од реакции
2
Колеги да не се сеќава некој кои задачи паднаа оваа сесија( или јануарската) по сметководство на трошоци( управувачко сметководство)??? Па ако знаете пишете ми плс, ке ви оставам маил. Може ако имате и некои задачи што се паднале во некоја сесија од лани, полани...
 
Член од
10 јули 2011
Мислења
6
Поени од реакции
0
Во основа ако завршиш на маркетинг не значи дека не можеш да се вработиш како сметководител, а за интерес од фирми поврзано директно со факултет и не може баш да се оцени. Секако можеш низ огласи да видиш што се бара, но ретко ќе наидеш да пишува: "Барам дипломиран на департман тој и тој".

Инаку задниве години Е - бизнис е доста форсиран, а и имам неколку огласи нниз факултет видено од фирми што бараат стриктно студенти на е - бизнис. ама за пракса не за работа. Сепак мене ми е некако најнеконкретен смер, затоа што се учи скоро од се по нешто.

Маркетинг мислам дека 20 предмети може да асе сместат во 3 предмети, се тоа па тоа. Ама од друга страна во денешно време многу компании ставаат силен акцент на рекламирање така да има работа.

Реално сметководство има во секоја фирма, така да од тој аспект и тоа е добро, но за мене лично досадна струка.

Финансиски менаџмент има интересни предмети и корисни, а и најспремен си теоретски за банките, а менаџмент многу тупаџиски смер и лично не го преферирам.

Економија е најопшт смер и најмалку си насочен на нешто конкретно што ќе го работиш.

Јас сум надворешна трговија и се учи многу за Европска Унија, надворешна трговија и слично и мене ми е тоа интересно, но не секого го интересира тоа.

Значи генерално, ова важи за сите што прашуваат за смеровите, секој смер си има предности и недостатоци, ама кога ќе дипломирате не значи дека баш до тоа ќе се држите. Така да разгледајте си ги предметите на веб, видете што мислите дека ќе ви биде интересно и ќе сакате фда го учите и земете го тоа :)
секоја чест многу убаво напишано :)
 
Член од
16 август 2010
Мислења
147
Поени од реакции
3
Знаете ли некои прашања по Дигитална Економија што се паѓаат или тие што се паднаа во Мајската сесија?
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.868
Поени од реакции
24.362
Која е web страната за Економски факултет?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom