Здраво дечки,
јас сум нова членка, и искрено профилов го направив ради темава само.Ако може да ми каже некој збор два околу следниве предмети и професори, начин на полагање, како полесно се положува, на што да обрнам внимание:
Атанаско Атанасовски-Финансиско сметковдство
Леонид Наков-Основи на менаџмент
Љупчо Ефтимов-МЧР
Марија Трпкова-Демографија
поточно за МЧР и Основи ме интересира како се полага, на што да обрнам внимание, мноогу набројуванки и глупости има, и дали да купам скрипти и прашања?Дали ќе ми вршат работа.
ќе ми биде мило доколку ми помогне некој,а во меѓувреме ќе пролистам поназад да видам да не сте пишале нешто.
МЧР и финансиско не сум слушал, демографија слушам оваа година.
Слушав лани кај Леонид менаџмент топ е, лабаво не се замара ич, лесни тестови дава и се истите прашања вртат.Прашањата од либро не ти користат стари се. Дава едни табели шо треба шо не треба ама јас спремав од скриптата од либро, комбинирано со книгата за работите шо фалат и поминав топ, 8ца имам.Испитот е 100 пати полесен од колоквиумот. Само шо положив уште во јуни,оценка ми пиша ден пред да одам да запишам семестар. Тестот е на заокружување со повеќе точни, има и на пишување обично се паѓаат прашања шо може многу да се пишува за нив и се поопшти, не го дава најтешкото.
Лани слушав анализа на временски серии кај проф.Марија, супер е професорката, можам да кажам најдобра професорка шо ми предавала. Лани го слушаа мои колеги и нема некој шо се жали, викаа дека прашањата не се ни размешани туку едно по друго како шо се во книгата, да прочиташ било доволно.
Не се замарај ич да трескаш пари за плус материјали, јас им верувам на тие колеги и верувам дека стварно е лагано. Цел е на заокружување, не знам само дали со еден точен одговор или повеќе точни.