Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Колешка,да те поправам.
Само зато шо мислам дека економика даде безвезни прашања на колоквиум,не значи дека ние, дечурланата од прва година сме збеснати или си мислиме како во средно ќе поминеме.
Она шо сакав да го кажам е дека колоквиумот врска си немаше од тоа дали сме научиле или не набројуванки,дали сме ги сфатиле или не.
Незнам дали прочита погоре шо пишав, за економските фактори на локација, во учебникот пишува "приближување", а на колоквиум ми дава "близина",а претходните ти ги дава исто како во учебникот.
Е, од таков тип беше колоквиумот.
Никаде не беше ова за сфаќање на набројуванките, туку цел колоквиум беше игра на зборови. Ти дава пример повеќекратен избор, две ќе ти даде скроз исти ко во учебник напишани, едното ќе ти го даде со таа смисла, но со други зборови.
И сега точно е или не ?
За учење\неучење не зборувам, то е релативно, јас сметам лично дека предметон прилично убо дека ми беше спреман, ама ова очигледно не зависеше од тоа како и колку сум научила, туку повеќе да прочитам мисли на професорон.
Крај краева, можда да, не можиме да се буниме, но можам да кажам шо ми смета во системов шо им е разработен на економски нели?
Колега/Колешке, секаде има такви прашања. Тие прашања се намерно поставени така за да те збунат, незнам што ви е тука чудно. Да не ве плашам ама организациско и менаџмент се небо и земја со економика. Јас организациско полагав и добро го спремив и на колоквиумот ми се падна буквално се што не ми е маркирано за учење, значи некои работи извадени од најзабутаните делови на книгата. Се до точка треба да учите, па дури и тие набројуванки на набројуванки на набројуванки како што спомна некој погоре дека му се паднало.
 
Ај ако може некој од колегите да ми каже кои се условите за да не се повторува година ? Дали е потребно да се положени најмалку половина од предметите во последната година или пак дозволуваат да запишемебез оглед на тоа колку предмети сме положиле?
 
VeS, те разбирам што кажуваш, ама дали близина и приближување е исто? Кирил дава збунувачки прашања, ама да си го прашала веројатно ќе ти помогнел.
Не ми предава Кирил, полагав во читална горе, не ни се качи некој професор за да прашаш:)
Колега/Колешке, секаде има такви прашања. Тие прашања се намерно поставени така за да те збунат, незнам што ви е тука чудно. Да не ве плашам ама организациско и менаџмент се небо и земја со економика. Јас организациско полагав и добро го спремив и на колоквиумот ми се падна буквално се што не ми е маркирано за учење, значи некои работи извадени од најзабутаните делови на книгата. Се до точка треба да учите, па дури и тие набројуванки на набројуванки на набројуванки како што спомна некој погоре дека му се паднало.
Организациско сега го полагав и даааалеку полесен беше од економика. Одговорите иако од 1 до 5 можни, сепак тие шо не беа точни многу лесно се познаваа, не беше ништо збунувачко или така беше или не е така,а не со "да, можи да е така, но не мора да значи"
 
Не ми предава Кирил, полагав во читална горе, не ни се качи некој професор за да прашаш:)
Организациско сега го полагав и даааалеку полесен беше од економика. Одговорите иако од 1 до 5 можни, сепак тие шо не беа точни многу лесно се познаваа, не беше ништо збунувачко или така беше или не е така,а не со "да, можи да е така, но не мора да значи"
Хм, за кого како, знам дека претходната година многумина се жалеа од организациско, дури и оние што научиле. Јас здраво го научив, го поминав на колоквиуми ама очекував поголема оценка од 7ца. А економика исто имаше многу паднати, али они што имаа учено како што треба не се жалеа...Можно е и оваа година да ставил потешки прашања како што спомна некој горе, ништо чудно :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Ај ако може некој од колегите да ми каже кои се условите за да не се повторува година ? Дали е потребно да се положени најмалку половина од предметите во последната година или пак дозволуваат да запишемебез оглед на тоа колку предмети сме положиле?
Нема веќе повторување на година.
Сега ако запишуваш трет семестар , ќе ги презапишеш сите предмети од прв семестар што не си ги положил , и ќе дозапишеш предмети од од трет семестар.
Вкупниот број на кредити не смее да ти надмине 35.
Ако ги положиш сите од прв семестар тогаш ќе ги запишеш сите од трет семестар , без да презапишуваш предмети од прв и без разлика колку си положил во втор семестар.
Предметите во втор семестар треба да ги положиш до четврти семестар , и тогаш ќе запишуваш предмети по иста логика како во трет семестар.
 
Може некој да ми даде инфо за Јавни Финансии, Монетарна економија, МЧР и Управување со резултати каков тип на прашања паѓаат т.е дали е тешко?? И дали има некаде прашања (пр. Либро) од каде може да се падне нешто???

Јавни фанансии не е толку тешко знам на заокружување беа колоквиумите со 1 или 2 одговора за 2 колоквиум задачи имаше и мислам дека имаше отворено прашање али не сум баш сигурен знам ја од презентациите го спремав и го поминав:)
 
Нема веќе повторување на година.
Сега ако запишуваш трет семестар , ќе ги презапишеш сите предмети од прв семестар што не си ги положил , и ќе дозапишеш предмети од од трет семестар.
Вкупниот број на кредити не смее да ти надмине 35.
Ако ги положиш сите од прв семестар тогаш ќе ги запишеш сите од трет семестар , без да презапишуваш предмети од прв и без разлика колку си положил во втор семестар.
Предметите во втор семестар треба да ги положиш до четврти семестар , и тогаш ќе запишуваш предмети по иста логика како во трет семестар.
Fala ti mnogu kolega : )
 
Некој од постариве колеги да даде инфо до каде ке биде 2риот колоквиум по економско планирање???
 
Дали може некој да сподели искуство за полагање на Единствен пазар на ЕУ?
 
Некој од постарите колеги да каже збор - два за испит по Статистика за бизнис и економија ?
 
Некој од постарите колеги да каже збор - два за испит по Статистика за бизнис и економија ?

Околу 5 „крупни“ задачи, и околу 20 прашања ( тие од Либро и од нив околу 5 се ситни задачки).
 
Околу 5 „крупни“ задачи, и околу 20 прашања ( тие од Либро и од нив околу 5 се ситни задачки).
--- надополнето: 27 март 2013 во 17:33 ---


Околу 5 „крупни“ задачи, и околу 20 прашања ( тие од Либро и од нив околу 5 се ситни задачки).
Значи исто како колоквиум ?
 
Некој по некоја случајност да се сеќава на прашањата теорија ОСИГУРУВАЊЕ што се паднале минатата година на прв колоквиум? Благодарам однапред...
 
Би ве замолила на тие денес што полагавте Осигурување дали ќе може да ми ги напишите задачите што ви се паднаја на колоквиумот?? Фала однапред ;)
--- надополнето: 29 март 2013 во 14:34 ---
Би ве замолила на тие денес што полагавте Осигурување дали ќе може да ми ги напишите задачите што ви се паднаја на колоквиумот?? Фала однапред ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom