дечки знае ли некој да ми објасни што има везе за изборните предмети дали ќе земеш изборен предмет од 6 или оф 9 кредити, може ли повеќе од 60 кредити да имаш и ако може дали е тоа голема предност
Бидејќи ми се чини дека си бруцош, ќе се обидам да објаснам како стои работата со кредитите. (за тебе и за сите бруцоши кои не ја сфаќаат финтата со кредитите)
Не, не си во кој знае колкава предност ако имаш некој кредит плус. Имено, треба секоја година да земаш по 60 кредити, што би значело 240 кредити во текот на студиите. Ако прва година запишеш 59 кредити, тоа би значело дека во некоја од наредните години би требало да имаш 61 или повеќе кредити. Никој не ти прави проблем ако завршиш со некој кредит повеќе, ама ако имаш помалку од 240 кредити, не можеш да дипломираш. Патем, во текот на семестарот можеш да запишеш максимум 35 кредити, освен ако не си студент со просек од 8.5 и повеќе - тогаш можеш да запишеш и до 40 кредити.
Обично, задолжителните предмети носат по 8 кредити, а изборните по 6. Во превод, 3 задолжителни предмети + еден изборен = 30 кредити семестрално = 60 кредити годишно (6 задолжителни * 8 кредити + 2 изборни * 6 кредити = 60 кредити)
Така стои работата со кредитите. Се надевам дека сега ти е појасно.