Економски факултет (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Pocnuvam da se kaam sto sum na ekonomski zapisana!!!! Do sega primetiv deka e NAJNEORGANIZIRAN FAKULTET!!!
Malcinstvata ne se na posebna lista nego se definitivno staveni vo tie 34!!! Znaci nekoj fino lepo so 70 boda ti go zima mestoto vo drzavna.....
Малцинствата одат на посебен список само ако регуларно не влегле во некоја од квотите. Така гласи конкурсот.
Неможе никој со 70 бода да ти го земе местото во државна.
На пример, ако си Турчин и имаш 99 бода, не мора да те истакнат на посебен список и си влегуваш регуларно во државна квота. А ако си Турчин со 70 бода и според конкурс треба да влезеш во некоја од квотите, само тогаш се истакнува посебен список.

Квоти проширува само влада. Лани ги прошири пред објавувањето на конечните резултати. Ако до сега ништо не кажале, проширување ќе нема.

Инаку на списоците пишуваше нешто дека треба да се пополни некоја изјава најкасно до 9.9 во 16 часот ако сакате да бидете примени.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Инаку на списоците пишуваше нешто дека треба да се пополни некоја изјава најкасно до 9.9 во 16 часот ако сакате да бидете примени.
Каква е оваа изјава па сега? Некој да има повеќе информации?
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Каква е оваа изјава па сега? Некој да има повеќе информации?
Да не се работи за онаа изјава за согласност за студирање со кофинансирање што ја има по другите факултети?
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Каква е оваа изјава па сега? Некој да има повеќе информации?
На вебот пишува:
-----------------------------------------
Прием на студенти

Се известуваат студентите кои се примени во прва студиска година на Економскиот факултет во учебната 2008/2009 година дека:

  • На 09.09.2008 година до 16 часот треба да пополнат изјава со која се согласуваат да се запишат на факултетот.
  • На 10.09.2008 година треба да пополнат договор за упис.
Изјавата и договорот мора да бидат пополнети лично од кандидатот кој е примен.


--------------------------------

Ако не сте од Скопје, бујрум двапати ќе си дојдете еднаш само за потпис. Вторпат за потпис и плаќање.
Зошто вака... незнам. Лани се си беше во ист ден.
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Да не се работи за онаа изјава за согласност за студирање со кофинансирање што ја има по другите факултети?

И сега,јас сум на листата на чекање,како да одам да пополнам листа кога незнам дали сум примен или не,а голема е веројатноста да не сум.Најдобро ќе биде да одам да си ги земам документите.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ај постарите да помогнат за уште нешто. Видов нешто за уплатници дека треба една од 100 ден, една од 750 ден и една од 4400 ден или повеќе за тие што се на Е - бизнис. Арно ама на други факсови слушнав дека немало ништо за 4400 ден. Можно ли е само тука да се доплаќа толку? Не го прочитав убаво така да може и да сум грешка.
 

*MajA*

I love myself...sometimes I don`t
Член од
22 април 2008
Мислења
215
Поени од реакции
8
Јас кога се запишав пишуваше дека треба уплатница само од 750ден, 100ден, и ако имаше уште една за услуги, а кога отидовме таму да уплаќаме ни рекоа 4500 ден :tapp: , сите бевме во шок пошто не носевме, па нормално се враќавме да зимаме пошто и онака краток беше рокот. Кога станува збор за економски ништо не се знае. Носете си вие повеќе во џеб па ќе си проверите:helou:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Ако треба и 10 000 ќе уплатиме.:pipi:

Не ми е јасно тогаш зошто тоа во конкурсот не го пишува.Што им е на тие бе?

едит: Ај ако знае некој нека ми каже од прилика во колку часот ги објавиле тие листи каде сме поделени на квоти, зашто сестра ми беше на економски во 13 часот и ми рече дека само имало листи на пријавени кандидати распоредени по смерови.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ако треба и 10 000 ќе уплатиме.:pipi:

Не ми е јасно тогаш зошто тоа во конкурсот не го пишува.Што им е на тие бе?

едит: Ај ако знае некој нека ми каже од прилика во колку часот ги објавиле тие листи каде сме поделени на квоти, зашто сестра ми беше на економски во 13 часот и ми рече дека само имало листи на пријавени кандидати распоредени по смерови.
Знам дека не пишува во конкурсот, ама и не го прочитав убаво така да не ме фаќајте за збор, може да сум грешка.
Инаку јас бев во 12 и беа објавени веќе, ама беа на страна, а и старите листи од средата стоеја. Очигледно сестра ти не видела убаво дека има и други листи.:smir:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Знам дека не пишува во конкурсот, ама и не го прочитав убаво така да не ме фаќајте за збор, може да сум грешка.
Инаку јас бев во 12 и беа објавени веќе, ама беа на страна, а и старите листи од средата стоеја. Очигледно сестра ти не видела убаво дека има и други листи.:smir:
Ќе ја убијам.:nesvest:
Лелее...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Ај постарите да помогнат за уште нешто. Видов нешто за уплатници дека треба една од 100 ден, една од 750 ден и една од 4400 ден или повеќе за тие што се на Е - бизнис. Арно ама на други факсови слушнав дека немало ништо за 4400 ден. Можно ли е само тука да се доплаќа толку? Не го прочитав убаво така да може и да сум грешка.
Тие 4400 денари не ги плаќаат само тие од Е-Бизнис, колку што знам ги плаќаат сите, а тоа се пари за кои имаше судски спорови и кои нема потреба да се плаќаат, колку што се сеќавам оделе во нечии џебови... Инаку се плаќаат само на нашиот ФАКУЛТЕТ.

И сега во претходните постови прочитав дека нашиот факултет не бил организиран. Јас мислам дека е еден од најорганизираните, кога ќе се истакне листа кога се полага нема никакво каснење, а оние што се на правен знаат да чекаат и по пет-шест саати за да им започне испитот. Единствени слабости на Економскиот факултет е никаквото Ажурирање на web сајтот како и неговиот ужасен дизајн, ужасната работа на тие што се на студентски прашања (по некогаш има редици од 200 студенти, а тие си одат на пауза, потоа каснат еден саат, кога ќе дојдат зборуваат на телефон и згора на се те гледаат на криво како да си ти крив...) и дебилноста на некои професори кои не сакам да ги именувам.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Тие 4400 денари не ги плаќаат само тие од Е-Бизнис, колку што знам ги плаќаат сите, а тоа се пари за кои имаше судски спорови и кои нема потреба да се плаќаат, колку што се сеќавам оделе во нечии џебови... Инаку се плаќаат само на нашиот ФАКУЛТЕТ.
Реков дека тие од Е - бизнис плаќаат повеќе од 4400 ден, не си ме сфатил добро:smir: Сака деканот да вози нова кола и да си купи нов стан, мора од некаде пари да собере. Сигурно само од платата неам да собере.:toe:
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Реков дека тие од Е - бизнис плаќаат повеќе од 4400 ден, не си ме сфатил добро:smir: Сака деканот да вози нова кола и да си купи нов стан, мора од некаде пари да собере. Сигурно само од платата неам да собере.:toe:
Немој така за нашиот мил декан, он нова кола и стан ќе си купи од тоа шо зима пари за испити :pos: еве од тие пари сабајле кога полагав видов дека е реновиран амфитеатарот 3 шоубаво фотељи ни ставилe, и плус два големи лцд телевизори, само незнам зашто ќе ни служат :pos: , исто денес разбрав дека се реновира и студентски, се надевам се сетиле да стават вентилација , а не таму да паѓаат луѓето у несвест.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Колку што знам јас го реновираа најголемиот крш на факултетот Амфитеатар 1, за тројката не сум сигурен. Инаку закон сме, имаме дури и Wi-Fi само што мислам дека сега е со password-и. :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom