веројатно претходно има прашано некој за ова но не најдов (или не видов) одговор, па ќе ги замолам "стариве" да кажат:smir:
вака: ако ми ја прифатат молбата и бидам на Менаџмент ќе треба да бирам два помеѓу:
- Теорија на одлучување (ми звучи интересно, сакам да го изберам ако може повеќе информации)
- Јазик (англиски, чув дека е лесно, веројатно ќе го изберам)
- Информациони технологии (чув дека е истиот професор од основи на ебизнис, наводно не било тешко, ама не ми се има пак работа со неговите тестови)
- Управување со промени (?!)
- Јавни финансии (некој рече дека е тешко?!)
- Сметководство на трошоци (не би го избрал)
Е сега, ве молам препорачајте нешто од горенаведените, предност: да нема учење на памет, туку со разбирање
)