WTF???
Си полагам фино лепо денес Статистика, го викам асистентот нешто да го прашам и ми вика: А појма немам јас сум од електро.
Јас за момент како во Twilight zone. Па нели на Економски сум запишан?
Препоставувам дека те чувал асистентот по ИнформатикаМартин, зошто тој е единствен што е од ЕТФ,а и логично е штом е асистент по информатика да биде од ЕТФ и да не знае статистика.
Негова обврска е само да те „чува„ да не препишуваш и сл. ако ти треба помош ќе си го прашаш Асистентот по предметот кој го полагаш кој за време на испитот сигурно ќе помине мин. еднаш.
според мене работите стојат вака:
е-бизнис - нешто напредно, супер ако ти одат компјутери, најценети на факс се студентите на ебизнис, ама има мал проблем, не се знај до кај е работата со акредитацијата...
Да во суштина е најатрактивен смер, но не значи дека е најдобар.
Зошто?
Во суштина Македонски фирми мислам дека сеуште не се спремни за кадар што ќе работи само Електронски бизнис. т.д. треба да помине време и време за да си дојде нивното време, а во меѓу време сите електронски бизнисмени
ќе си работат во суштина како другите економисти (во банки, во обични фирми)
Еве да речеме, Кајгана е пример за успешна фирма? Има човек што работи е-бизнис? Мислам, не
Друго смерот сеуште е експериментален, работите не се легнати како што треба. Поголемиот дел од наставата е на англиски и има професори македонци што немаат врска па им викаат:
„Пјупил, Пјупил плис донт би куајт„
И уште ова, Мијалче (асистентот) ни има кажувам дека студентите дипломци на е-бизнис се жалат дека во фирмите нема сектори и работни места во кој би работеле, агенциите за вработување во своите бази немаат таква категорија на професија, па он морал да се јавува во агенциите да средат тоа и сл.