Економски факултет (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.458
Поени од реакции
423
Извините вака што ви упаѓам во муабетот, не ми е на место постот но да ве прашам нешто.
Оваа година завршувам средно економско, и дефинитивно одам на Економски факултет во Скопје, само што незнам точно кој смер (студии). Дали маркетинг или менаџмент, е-бизнис, сметководство и ревизија или други таму незнам што има. Ако може вие како студенти да ми предложите што да изберам ? :smir::smir:
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Извините вака што ви упаѓам во муабетот, не ми е на место постот но да ве прашам нешто.
Оваа година завршувам средно економско, и дефинитивно одам на Економски факултет во Скопје, само што незнам точно кој смер (студии). Дали маркетинг или менаџмент, е-бизнис, сметководство и ревизија или други таму незнам што има. Ако може вие како студенти да ми предложите што да изберам ? :smir::smir:
според мене работите стојат вака:
е-бизнис - нешто напредно, супер ако ти одат компјутери, најценети на факс се студентите на ебизнис, ама има мал проблем, не се знај до кај е работата со акредитацијата...
финансики менаџмент - топ економија, ако те интересира економија стварно, математики, задачи, проблеми, според мене најдобар смер.
сметководство- не сакам да навредам никој, ама од она што го видов досега, и како дури и проф. се однесуваат спрема тие на смет. можам да кажам ова ... зошто да се замараш кога со курс можиш да бидиш сметководител? зошто да треба да одговараш на прашања на професорите од типот на "Kажи ЕДНА ДОБРА причина зошто се запиша на сметководство???!?!"
за другите смерови немам некое мислење, немам ни анализирано многу..

Економија чиста смерот што е, има доста тешки-солидни предмети економетрија, микроеконоимја итн итн. и е доста добар смер, само што некако нема интерес, а има и некои безвезе предмети социологија итн, ама има доста од сржта, математики поќе итн итн.. има доста слични предмети со финанскики.. некои имаат негативно мислење за смерот, ама за мене е доста ок во однос на програмата...
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
tomasso преку сметководител се станува ревизор
Е тогаш веќе ти паднала секирата во мед...
Јас сум на е-бизнис,не можам да судам како е бидејќи сум прва година и имавме само еден предмет поврзан со проблематиката,но изгледа интересно и возбудливо...
Општа економија што слушам постари колеги добро те потковува со теориско знаење за понатаму полесно да се снаоѓаш во разни проблеми..
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
WTF???
Си полагам фино лепо денес Статистика, го викам асистентот нешто да го прашам и ми вика: А појма немам јас сум од електро.

Јас за момент како во Twilight zone. Па нели на Економски сум запишан?
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
WTF???
Си полагам фино лепо денес Статистика, го викам асистентот нешто да го прашам и ми вика: А појма немам јас сум од електро.

Јас за момент како во Twilight zone. Па нели на Економски сум запишан?

Препоставувам дека те чувал асистентот по ИнформатикаМартин, зошто тој е единствен што е од ЕТФ,а и логично е штом е асистент по информатика да биде од ЕТФ и да не знае статистика.

Негова обврска е само да те „чува„ да не препишуваш и сл. ако ти треба помош ќе си го прашаш Асистентот по предметот кој го полагаш кој за време на испитот сигурно ќе помине мин. еднаш.


според мене работите стојат вака:
е-бизнис - нешто напредно, супер ако ти одат компјутери, најценети на факс се студентите на ебизнис, ама има мал проблем, не се знај до кај е работата со акредитацијата...
Да во суштина е најатрактивен смер, но не значи дека е најдобар.

Зошто?
Во суштина Македонски фирми мислам дека сеуште не се спремни за кадар што ќе работи само Електронски бизнис. т.д. треба да помине време и време за да си дојде нивното време, а во меѓу време сите електронски бизнисмени :) ќе си работат во суштина како другите економисти (во банки, во обични фирми)

Еве да речеме, Кајгана е пример за успешна фирма? Има човек што работи е-бизнис? Мислам, не

Друго смерот сеуште е експериментален, работите не се легнати како што треба. Поголемиот дел од наставата е на англиски и има професори македонци што немаат врска па им викаат:
„Пјупил, Пјупил плис донт би куајт„ :)

И уште ова, Мијалче (асистентот) ни има кажувам дека студентите дипломци на е-бизнис се жалат дека во фирмите нема сектори и работни места во кој би работеле, агенциите за вработување во своите бази немаат таква категорија на професија, па он морал да се јавува во агенциите да средат тоа и сл.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
не ми ја дирајте класната Кикеркова,бодам за неа.она како што ке ве научи,никој нема.
памтам 3ет колоквиум надворешна дава прашање`коментирај го платниот биланс на Р.М.` 90% од смерот финансиски менаџмент не го одговорија оти `го немало во книгата`,ние од надворешна трговија веќе ја знаевме класната и си научивме и тоа :)
лол
пазете се од златка поповска,ако ве праша нешто на предавања...само `да да и да`
да не полагате како мене 3 години политика на технолошки развој.
и немој да се тешите`да положам менаџмент и маркетинг и готово исто како да сум дипломирал`
колку што имало до тоаш,уште толку имате и до диплома.
ама па сеа све е боенка.нема веќе празна тетратка и 3 прашања(евентуално 6)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
А има некој од вас што е на Менаџмент да ми даде мислење за оваа насока?
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
јас сум на менаџмент и што да ти кажам . шуклев , тоа име се ти кажува но ајде да не те плашам , како и да погледнеш нема лесен факултет, кај и да се запишеш се сведува на тоа дали учиш или не ( ако учиш редовно тогаш немаш гајле ) , иначе овој департман ја нема популарноста не е - бизнис на пример , меѓутоа некако ги поврзува сите останти департмани и те подготвува за скоро сите функции кој можат да се вршат во една фирма : маркетинг , финансии , истражувања , управување .....
 

Anuskan

~Keep Smiling~
Член од
13 јануари 2008
Мислења
191
Поени од реакции
10
И уште ова, Мијалче (асистентот) ни има кажувам дека студентите дипломци на е-бизнис се жалат дека во фирмите нема сектори и работни места во кој би работеле, агенциите за вработување во своите бази немаат таква категорија на професија, па он морал да се јавува во агенциите да средат тоа и сл.
Ау колку си у правооо. Еве 4та сум на е-бизнис супер си поминав овие години, не е толку тешко, нема толку теорија како другите, има проекти од кои многу се научува и сл.

Ама сега на нас (само на нас е-бизнис студентите!!! а не другите) ни бараат да имаме 3 месеца пракса за да дипломираме- демек од праксата дипломска да правиме (ех Мијалче кај ти текна тоа, бар 1 месец да беше а не 3). Скоро 2 месеца барав пракса!! И на крај најдов во оддел за Односи со јавност на една фирма- брзо се снајдов затоа што имам учено за тоа и теоретски и практично (правевме маркетинг, бизнис планови и сл).

Компанииве наши се уште назад, постаромодни, нема Е-бизнис оддели или сл., само некои имаат е-бизнис стратегии и бизнис и маркетинг планови. Доброто е што учиме многу маркетинг и менаџмент предмети на е-бизнис начин- новиот, модерен начин на водење бизнис (за разлика маркетинг и менаџмент департманите што имаат само во просек по 1 глава за е-бизнис) и можеме дури и полесно да се снајдеме во маркетинг и менаџмент во компаниите од некои кои учат во маркетинг или менаџмент департман.

Едит- плус да додадам полесно зашо не морав да одам на предавања многу многу, преку интернет ни праќаат лекции, соопштенија, и сл. (се регистираме на една страна). Еве 4та година се имам појавено само кога полагам колоквиуми, и кога зимам оценка. Хехе. А за дипломската сега што почнав да ја правам, ако ми треба информација или сл. воопшто не одам да чмаам на факс пред канцеларија, да чекам дали ќе дојде или не професорката, едноставно си се допишувам преку маил со професорката. (доста е брза во просек за пола саат, саат ми враќа маил хехе).

Поздрааааввв!
 

Anuskan

~Keep Smiling~
Член од
13 јануари 2008
Мислења
191
Поени од реакции
10
WTF???
Си полагам фино лепо денес Статистика, го викам асистентот нешто да го прашам и ми вика: А појма немам јас сум од електро.

Јас за момент како во Twilight zone. Па нели на Економски сум запишан?
Ахаха Мартин си го потрефил навистина. Електро си е човекот. Си предава Организација и Дизајн на веб човекот, а има завршено за компјутерска техника, информатика и автоматика, така што нема појма статистика. Убаво ти рекол- Појма немам. Хехехе.
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
мала дигресија некој да не знае како се презива мијалче ?
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.153
Поени од реакции
872
мала дигресија некој да не знае како се презива мијалче ?
Санта се презива, најсериозно!
Така му стои на e-mail кога праќа, и исто и на сајтот на Економски факултет.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
А порано се презивал Ѓорѓиев.
И од Ѓорѓиев Мијалче сега е Санта Мијалче.

Да ми каже само некој зошто?
:pos2:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.153
Поени од реакции
872
А порано се презивал Ѓорѓиев.
И од Ѓорѓиев Мијалче сега е Санта Мијалче.

Да ми каже само некој зошто?
:pos2:
Eте, ете, ми беше нешто чудно мене кога го прочитав тоа Санта.
Гарант ќе се прочуе на факултет, ќе дознаеме :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom