Јас сум 4та на Економски и сум немала ама баш никакви проблеми ни со мито, ни корупции, ни плаќање испити... ни никакви глупости.
Има некои фрик професори и асистенти фала богу ама каде нема? Па и кај брат ми на Полициска има, кај женската на брат ми на Правен има, кај другар на брат ми на Фон има...секаде има секакви луѓе и секакви проблеми и финти...
На студенски има гужви и глупости за упис, за пријавување испити и сл. и некои од жените таму што работат се идиотки али јебига и онака само неколку пати годишно влегував таму...си истрпив. Знам дека има факултети каде што се понеорганизирани и похаотични (од искуствата на другари/другарки на други факултети).
Искрено има и многу асистенти и професори што навистина ги почитувам. Со многу од нив интересни муабети за се и сешто можеш да си направиш.
Еднаш заглавив на основи на маркетинг...го паднав неколку пати и бев услов заради него...ама седнав, загреав столица како никогаш порано...го учев..и си положив. Значи ако се учи се поминува без проблеми. Имам другарка која е 4та и ќе го заврши Економски без никакви проблеми и со успех 10.00 - огрооомно RESPECT за нејзе (си имаше време и за журкања со друштво, и излегувања со дечкото, и за факултет)!!!!
Ете за неколку месеци ќе си дипломирам со просечен успех околу 8.7, 8.8 тука негде, и си знам дека и покрај некои глупости (од кои за повеќето сама сум си виновна - како на пр. нервирање заради учење во последен момент, пријава на испити ви последен момент и чекање во гужвите и сл.) сепак ќе си го памтам Економски повеќе по убави работи.
П.С. И психички и физички сум здрава! Ни нерви ми попуштија ни ништо!
Поздрав!