Економска политика на Македонија

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.093
Поени од реакции
11.498
Кој ги ебе. Имаат поише пари нека плаќаат поголеми даноци, така треба. А не оноа гомноно прошло што го цедеше како лимун сиромашниот човек. И даноци и све му беше напраено у земјава на богаташите само да им биде супер.
Лорде, лорде, цедењето си останува, сеуште по ФБ и телевизии има плачење од извршители и УЈП рекетари. Ова само му доаѓа плус на тоа. Новиот буџет е најголем до сега во историјата на државата, а тој се полни баш на таков начин.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Кој ги ебе. Имаат поише пари нека плаќаат поголеми даноци, така треба. А не оноа гомноно прошло што го цедеше како лимун сиромашниот човек. И даноци и све му беше напраено у земјава на богаташите само да им биде супер.
Комуњар :giggle:[DOUBLEPOST=1512471347][/DOUBLEPOST]
@StefusRefus КИнезиве ќе отвораат фабрика во Арканзас со 330 роботи и 400 вработени луѓе за да ги одржуваат роботите. Фабриката има капацитет да произведува по една кошула на секои 26 секунди и со трошкови 33 центи или околу 20 денари наши. Сметај една кошула која се прави за 20 секунди и трошкови за нејзе околу 20 денари. Една фабрика годинава, ама в година ќе направат десет. И нашава текстилна индустрија ќе конкурира на тоа?

https://www.therobotreport.com/chinese-factory-sets-arkansas-make-t-shirts-using-u-s-robots/

[DOUBLEPOST=1512466721][/DOUBLEPOST]Ајде отпимизам малку :icon_lol:.

ДОБРИ ВЕСТИ ОД КАБИНЕТОТ НА ТЕВДОВСКИ: Касата се пуни, пари ќе има! Ќе си ги вработиме сите по дома
486
Дек 04, 2017ЗанимливостиLike

http://www.dokazmkd.club/dobri-vesti-od-kabinetot-na-tevdovski-kasata-se-puni-pari-ke-ima-ke-si-gi-vrabotime-site-po-doma/
Ако не турат и кај нас роботи, инжинери и копјутерџии...нема да бидат конкурентни тоа е прогрес. Времето на тета Милица и Сингерица заврши. Може тета Милица да се преориентира на дизајнерска облека и по нарачка. И сијалицата била лоша за индустријата за восок ама никој нормален не жали за восокџиите.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
За пополнување на буџетот владата да бара друг начин, хартија боја и печатење :icon_lol:.

Многу работи не знам, ама едно знам за никого нема да биде добро.

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.352
Поени од реакции
21.758
Кој ги ебе. Имаат поише пари нека плаќаат поголеми даноци, така треба. А не оноа гомноно прошло што го цедеше како лимун сиромашниот човек. И даноци и све му беше напраено у земјава на богаташите само да им биде супер.
Многу глупаво размислување, типично за партиски сендвич кој веќе работи или е со аспирации за работа на државна цицка.

Тие од приватен сектор кои имаат повеќе пари, тие ја носат државата на рамена. Тие секако плаќаат повисоки даноци, без разлика дали данокот е рамен или прогресивен. 10% на 300 евра и 10% на 3000 евра, не е исто, но е праведно, бидејќи никој не е дискриминиран. За разлика од прогресивниот данок кој ги дискриминира и казнува поуспешните, поспособните и оние кои решиле да заработуваат надвор од партиските кругови.

Општество еднакво за сите. Така рече Заев. Но ако воведе повисоки казни во вид на даноци, каде поуспешните ќе бидат казнувани затоа што се поспособни и повеќе заработуваат, тогаш тоа нема да виде еднакво и праведно општество, бидејќи еден од дел од народот ќе биде попривилегиран од другиот. Полуписмени штабски овци ќе бидат попривилегирани од млади информатичари, програмери, стоматолози.

Треба да се гради општество каде сите подеднакво ќе имаат шанса да станат побогати, а не да се казнуваат поуспешните за да може државни функционери да се луксузираат со летови од 5000 евра и патни трошоци од 3000 евра месечно.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.436
Поени од реакции
84.795
Не се казнуваат поуспешните. Побогатите плаќаат размерно повисоки даноци. И тоа е прилично ОК, у однос на грујовата живот-за-богатите политика.
Патем, поуспешните во транзициона Македонија, добро знаеме кои се, во огромен процент.

Сеа, знам дека се напука Фамилијата со капитал и фирми и скроз ми е јасно зашто типови ко Стефус и КонАртист се против законот.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Не се казнуваат поуспешните. Побогатите плаќаат размерно повисоки даноци. И тоа е прилично ОК, у однос на грујовата живот-за-богатите политика.
Патем, поуспешните во транзициона Македонија, добро знаеме кои се, во огромен процент.

Сеа, знам дека се напука Фамилијата со капитал и фирми и скроз ми е јасно зашто типови ко Стефус и КонАртист се против законот.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Катастрофа.

Анѓушев: Намалувањето на странските инвестиции е поради политиката и поделбата на дивиденди
Само 45,6 милиони евра во вид на странски инвестиции влегле во Македонија за 9 месеци годинава – пресмета Народната Банка.

Ниското ниво на странски инвестиции, Владата сака да го подобри со нови изменети мерки за финансиска и друга помош на странските, но и на домашните инвеститори. Денеска Владата потпиша договор за 50-годишен закуп на градежно земјиште со новиот инвеститор од Турција, автомобилската компанија Мурат Тиџарет по цена од 0.1 евро за метар квадратен. Сепак, Владата не излезе со детали за поволностите кои ќе ги добие новиот инвеститор, Анѓушев вели дека помошта ќе зависи од тоа колку компанијата ќе ги исполни условите кои се бараат од неа.

http://alfa.mk/News.aspx?id=126740#.WibO0zdrzIU[DOUBLEPOST=1512495094][/DOUBLEPOST]Читај оглас распродажба дури за жалење, вакви огласи има да гледаме во иднина многу повеќе:

Цена: 70.000 МКД

Категорија: Канцелариски и Школски прибор

Вид на оглас: Се продава

Книжарница Дениција од Битола престана да работи, па од како се продадоа машините и поголемиот дел на роба која се користеше во процесот на работа, преостана за распродажба она што остана.

Кај оваа роба, немаме намера да профитираме, туку едноставно да ја исчистиме, поради ослободување на просторот за изнајмување на деловниот објект. Најголемиот дел од робата е купен од ТОЗ МК.

Понудената роба има набавна вредност од 90.000 - 95.000 денари.

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=2710563
 
Последно уредено:

На Чичко Акумулатор му сметале дивидендите...А зошто некој би внел пари во МК ако не планира да има добивка и да го земе вишокот како дивиденда? Ај нека не зема он добивка како бизнисмен...може да ги даде на Зајо Зајков во Буџет директно. Па Чика Зец нека им исплати директно во сендвичи у партија на Животарците.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.352
Поени од реакции
21.758
Не се казнуваат поуспешните. Побогатите плаќаат размерно повисоки даноци. И тоа е прилично ОК, у однос на грујовата живот-за-богатите политика.
Патем, поуспешните во транзициона Македонија, добро знаеме кои се, во огромен процент.

Сеа, знам дека се напука Фамилијата со капитал и фирми и скроз ми е јасно зашто типови ко Стефус и КонАртист се против законот.
Политиката на рамен данок не е живот-за-богатите политика, туку живот-за-сите, бидејќи сите се третирани подеднакво. Нема тука едни попривилегирани од други.

И тоа е прилично ОК, во однос на заевата казна-за-поуспешните политика, каде побогатите, односно оние кои заработуваат над 1000 евра, ќе бидат казнети со повисоки даноци за да има за вас партиските сендвичи кои сте закачени на државна цицка како вошки.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Одлична идеа за оданочување над 1000 евра,

сите кој од државата зимаат над 1000 евра плата или било каков приход (трошоци за патување и други срања) да се оданочуваат со 95%, значи само тие кој зимаат пари од државна цицка

зошто е добро оваа, ДИК да си стави и 50 плати, пак ќе биде помалку од онаа што сега си го земале,
на пратениците нема да им требаат многу патните трошоци итн.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.972
Поени од реакции
15.261
За да се воведат прогресивни даноци мора најпрво да имаме доверба во институциите. Иако верувам дека прогресивниот данок е правичното решение (нема да го дискутираме ова, никој нема да смени став и сто пати е елаборирано) во моментов ќе биде грешка ако се воведе. Нека намалат со злоупотребата на буџетски средства (донев, дик и сл.) И нека ја скратат администрацијата, па после кога ќе знам дека парите се трошат на здравство, образование, инфраструктура, поддршка на мали претпријатија со задоволство ќе плаќам прогресивен. Вака ем поимотните се кратат ем сиромашните не добиваат подобри услови за живот.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.314
Поени од реакции
15.480
повисоки даноци за побогатите носи даночна евазија-тоа се спречува со контроли-контролите носат казни-а за казните оваа влада бараше да се намалат-тоа носи богатите да можат да си ги платат казните и воопшто ништо да не осетат и продолжуваат да се богатат уште повеќе.
излез:
1.враќање на рамниот данок што значи лижење каде се плукало
2.дигање на казните и уште поголеми контроли-дупло лижење каде се плукало
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
За да се воведат прогресивни даноци мора најпрво да имаме доверба во институциите. Иако верувам дека прогресивниот данок е правичното решение (нема да го дискутираме ова, никој нема да смени став и сто пати е елаборирано) во моментов ќе биде грешка ако се воведе. Нека намалат со злоупотребата на буџетски средства (донев, дик и сл.) И нека ја скратат администрацијата, па после кога ќе знам дека парите се трошат на здравство, образование, инфраструктура, поддршка на мали претпријатија со задоволство ќе плаќам прогресивен. Вака ем поимотните се кратат ем сиромашните не добиваат подобри услови за живот.

АААААААААа доверба во системот :icon_lol:. Јас само во Гопсод верувам, не верувам ни во финансиски, ни во здравстевен ни во правен систем. Е сега зошто, прво финансиски колку кражби, стечаи, пирамидални штедилници, урбана мафија еден стан продажба на десет души се имаат случено кај нас? Второ здравствен систем, покрај тоа што вакцините се отров кај нас и отровот е петтокласен :icon_lol:, па оди лекови од ИСИС, болничарот место систем ставил солна киселина итн. Трето правен систем оооооооо, за кепабите лежи робија тешка, овие од Смилковско езеро убијците тие се или не се? Ако не се ќе сноси некој одговорност, или ако се дали пак ќе сноси некој одговорност, судија обвинител некој да?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Bank run :icon_lol:.

Паника во „Шпаркасе Банка“, граѓаните ги празнат сефовите изгледа оваа банка е готова
1296
Дек 06, 2017ТОП, Црна ХроникаLike

По објавата на МВР дека петмина граѓани пријавиле дека им недостасуваат пари и предмети кои ги чувале во сефови на „Шпаркасе банка“, клиентите на оваа банка се во паника и проверуваат дали и нивните сефови се испразнети. Граѓани кои чекаат ред за проверка на својот сеф за НОВА ТВ велат дека се чека повеќе од два часа , со оглед дека се создала гужва во банката која се наоѓа во центарот на Скопје.

Вознемирен граѓанин кој исто така е во редот вели дека клиентите се нервозни и вознемирени и сакаат да ги испразнат сефовите. Она од што стравуваат дополнително е дека откако ќе ги земат парите нема засилено обезбедување и не се сигурни како ќе ги однесат на безбедно. Никој од банката засега не им дава објаснување што се случува.

http://www.dokaz.website/panika-vo-shparkase-banka-graganite-gi-praznat-sefovite-izgleda-ovaa-banka-e-gotova/[DOUBLEPOST=1512574701][/DOUBLEPOST]Растат кредитите а со тоа растат и депозитите и следствено на тоа расте и сиромаштијата. На некого можи ќе му изгледа нелогично како тоа има повеќе пари а со тоа и повеќе сиромаштија. Па сите пари влегуваат во оптек преку кредити, и парите за каматите не постојат, па да се вратат стари долгови мора да се направат нови.

Живот на кредит – Македонецот во просек должи 1.094 евра
пред 8 дена пред 0 Прегледи

Просечниот Македонец на банките им должи 1.094 евра, за една година се задолжил за дополнителни 80 евра.

Според последните податоци на Народната Банка (НБРМ) вкупните кредити дадени на домаќинствата во октомври 2017-та достигнале 2 милијарди и 207 милиони евра, а во октомври 2016-та биле 2 милијарди и 100 милиони евра што е зголемување за нешто над 100 милиони евра за една година.

Најголем дел од кредитите се денарски (нивната вредност надминува 2 милијарди евра), а многу помал дел се со валутна клаузула. Околу половина од кредитите се потрошувачки (една милијарда), следат станбените (нешто над половина милијарда), па минусите на кредитните картички.

Автомобилските кредити едвај надминуваат пет милиони и имаат тренд на натамошно намалување.

„Кај автомобилските кредити, како најмалку застапени инструменти, е регистрирана нагорна месечна промена од 1,0%, додека на годишно ниво е забележано намалување од 5,6%“ се наведува во заклучокот на Комитетот за монетарна политика на НБРМ.

Анализирано на годишна основа, кредитниот раст од 4,8%, во најголем дел се потпира на растот на кредитите кај секторот „домаќинства“ (89,4%).

„Во октомври вкупните кредити остварија минимално месечно зголемување од 0.1% како резултат на растот на кредитирањето на секторот ‘домаќинства’… Кај вкупните кредити на домаќинствата е остварен месечен и годишен раст од 0,5% и 9,3%, соодветно. Притоа, зголемената кредитна активност кон домаќинствата на месечно и годишно ниво главно е сконцентрирана кај денарските кредитни продукти“наведува Комитетот за монетарна политика на НБРМ.

И депозитите бележат раст на годишна основ од 1.1%. Ова е многу помалку во споредба со претходните години кога растот достигнуваше и 7 до 8%. Вкупните депозити во октомври биле 5 милијарди и 274 милиони евра.

„На годишно ниво, растот на корпоративните депозити изнесува 7,2%, и се должи на растот на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и на краткорочните депозити во странска валута… Вкупните депозити на домаќинствата во октомври бележат раст на месечна и на годишна основа од 0,4% и 5.3%, соодветно. Притоа, месечниот раст во целост произлегува од нагорната промена кај девизните депозити, додека годишниот раст е распределен помеѓу депозитите во денари и во странска валута, со поголемо учество во растот на денарските депозити (58,1%)“ наведува Комитетот за монетарна политика на НБРМ.

Извор: Денар

http://kanal77.mk/живот-на-кредит-македонецот-во-прос/
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom